Skip to content
Вести
Соопштение од прес конференција

pres.14.11.0814.11.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе четири Иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на:

 

  • службени лица во Министерството за одбрана по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година;
  • службени лица од Министерството за транспорт и врски и службени лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар по предмет за градежно земјиште, лоцирано наспроти комплексот банки во Скопје;
  • службени и одговорни лица во  Бирото за стопански недоволно развиени подрачја, сега Биро за регионален развој, по Конечниот  извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година;
  • одговорни лица (директори и членови на органите на управување) на Јавното Претпријатие “Комуналец“ Битола по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година; 
Прочитај повеќе...
 
Соопштение
logo-kontakt_5015.10.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно својата надлежност утврдена во член 49 став 3 од Законот за спречување на корупцијата утврди свои предлози на работната верзија на Предлогот за донесување на Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со Предлог на закон и на 25.09.2008 година, ги достави до Министерството за правда со цел да придонесе за подобрување на изборната регулатива од антикорупциски аспект.Предлозите беа доставени и до мисијата на ОБСЕ за да се употребат во подготвувањето на Владиниот предлог  на измените и дополнувањата на Изборниот законик кои Собранието на Република Македонија ќе ги разгледа и усвои во најкус рок.
Прочитај повеќе...
 
Годишна конференција

Трета годишна конференција и генерален состанок на Меѓународната асоцијација на антикорупциските органи (IAACA) во Киев, Украина

za_web_kiev Во периодот од 03-06 октомври 2008 година Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на својата меѓународна соработка со сродни тела, учествуваше на Третата годишна конференција и генерален состанок на Меѓународната асоцијација на антикорупциските органи (IAACA) во Киев,Украина.
Главната тема на Конференцијата, на која земаа учество 543 претставници од 105 земји членки на Обединетите Нации и 46 претставници од 13 меѓународни организации беше „Криминализцијата и спроведувањето на законот“.
На третиот ден од Конференцијата се одржаа четири работни сесии. Секоја сесија содржеше по три работилници на различни теми.
На првата работна сесија, во третата работилница на тема „Односи на соработка меѓу истрагата, гонењето, судските власти и другите антикорупциски тела“ говореше Претседателот на ДКСК,   Г-ѓа Мирјана Димовска на тема „Соработка меѓу институциите надлежни за спроведување на законот, од откривање на случаите на корупција до донесување на судска одлука“.
Целта на Конференцијата беше да се елаборираат начини и методи за поефикасна борба против корупцијата и да се промовира имплементацијата на Конвенцијата на ОН против корупцијата.
Посебен акцент беше ставен на најдобрите практики во полето на криминализацијата на корупцијата и спроведувањето на законот.
Овој настан беше одлична можност за претставниците од многу државни антикорупциски органи, заедно со практичарите од други релевантни институции да ги разменат своите искуства во полето на криминализацијата и спроведување на законот, превенцијата и учеството на невладиниот сектор во борбата против корупцијата.
На Конференцијата беше усвоена Декларација како завршен документ.

 
Соопштенија од прес

dksk_logo



ИЗБОРНА РЕГУЛАТИВА - препораки

17.09.2008 Препораки утврдени од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со потребите за измени во изборната регулатива, донесени на 06.08.2008 година.

  1. Во Изборниот законик да се разграничат видовите на извори на финансирање и да се регулира прашањето дали политичка партијата може да биде спонзорирана или само да користи донации и во која форма ( материјални и други) , дали политичката партијата може да користи позајмици и дали за изборна кампања може да се користат средства од редовната сметка  (со утврдување на начинот на внесување на овие средства и на употребата на истите ) со оглед на обврската за посебна – строго наменска жиро сметка од член 71 од Изборниот законик. Исто така треба да се утврди единствен образец за финансиските извештаи на партиите. 
  2. Во Изборниот законик да се регулира како и каде ќе се прикажат средствата кои реално може да пристигнат на сеуште активната сметка за изборна кампања, по истекот на рокот од еден месец  во кој политичките партии ги поднесуваат финансиските извештаи до Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија.
  3. Да се утврди обврска за ревизорска обработка на финансиските извештаи и тие наоди да бидат доставени до органот што носи Одлука за распределба на средствата од Буџетот зависно од изборните резултати, пред законскиот рок за  донесување на оваа одлука.
  4. Да се утврди обврска за давање информации од страна на медиумите за дадените попусти на учесниците во политичкото рекламирање.
  5. Постапувањето на Јавниот обвинител по известувањето на ДКСК за создаден сомнеж за поткуп на избирачите да добие режим на итност.
  6. Да се заострат казнените мерки за кршењето на изборната регулатива во сверата на финансирањето на изборните кампањи.
 
Соопштение од прес
dksk_logo17.09.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски овластувања, утврдени во Законот за спречување на корупцијата (,, Службен весник на Република Македонија,, бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08 ), постапувајќи по предмет, оформен во врска со претставка во која се укажува на незаконитости по постапките за јавни набавки, по разгледување на целокупната документација со која располага, на седница одржана на ден 16.09.2008 година, донесе заклучок согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Основното јавно обвинителство Скопје ( копија до Јавното обивнителство на РМ) да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Кисела Вода Џорџе Арсов и на службени лица задолжени за постапување по јавни набавки во Општината, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, со тоа што ја искористиле своjата положба и овластување и спровеле постапки за јавни набавки, каде како набавувач се јавува општина Кисела Вода, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, со што нанеле штета на Буџетските средства на Општината.
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 64

Присутни Гости

ТВ Спот

Анкетен Лист

banerce

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Анкета

Комисијата за спречување на корупција работи....
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ДКСК

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Најави се:






Си ја заборавивте лозинката?

Превземи вести