Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Следење на имотна состојба
Следење на имотна состојба
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

20.01.2015 Петре Шилегов по изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија, на ден 09.06.2014 година има поднесено анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата. Податоците добиени од пратеникот се објавени на ВЕБ страницата на Државната комисија такви какви што се дадени, дека пратеникот Шилегов како сопствен имот има стан и куќа, а дека неговата сопруга остварува закупнина без да биде наведено дека сопругата поседува каков и да е недвижен имот.

Истиот пратеник, на ден 20.01.2015 година до Државната комисија достави писмено известување во кое бара Државната комисија „да изврши исправка на податоците“ дека пријавената закупнина е негов личен имот, а не на неговата сопруга и дека пријавените банкарски депозити и наведениот долг се на негово име а не на име на сопругата. Како прилог пратеникот доставува документи од кои се гледа дека и станот и договорот за закуп се на негово име уште во времето кога е поднесен анкетниот лист. Нејасно е зошто пратеникот во поднесениот анкетен лист дал контрадикторни податоци.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

05.04.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на 05.04.2013 година прими претставка од Сојузот за инднината со која се бара нејзино постапување во врска со имотот на кандидатот за градоначалник на општина Битола Владимир Талески.

Постапувајќи согласно со своите законски надлежности Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница отвори предмет по претставката.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

03.04.2013 Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива на ден 21.03.2013 година отвори предмет што се однесува на информациите во јавноста за имотот на Андреј Жерновски во контекст на анкетните листови што ги има доставено како пратеник до Државната комисија за спречување на корупцијата и фактичката состојба за имотот на ова лице, а во врска со што на ден 02.04.2013 година до ДКСК е поднесена претставка од ВМРО-ДПМНЕ.

За таа цел ДКСК направи увид во сите анкетни листови што ги има давано господинот Андреј Жерновски во својство на пратеник и тоа при избор на функцијата пратеник 21.07.2008 и при престанок на функцијата пратеник 25.07.2011 година. Исто така ДКСК направи увид во анкетните листови за избор на функцијата пратеник даден на 04.09.2006 година и за престанок на функцијата пратеник на 09.05.2008 година, како и на анкетните листови дадени во два наврати на почетокот на 2003 година.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5013.05.2010 По поднесените иницијативи од Државната комисија за спречување на корупцијата за испитување на имот и имотната состојба, Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведена посталка согласно со членот 36 од Законот за спречување на корупцијата донесе решение со кое градоначалникот на општина Вранештица, Ванчо Србакоски се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи во износ од 216.497,00 денари. Во решението на Управата за јавни приходи стои дека во постапката за испитување на имот и имотна состојба лицето не докажа дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се пријавени и оданочени, односно не се докажа нивното потекло заради што се смета дека е нелегално стекнат имот и истиот подлежи на оданочување со стапка од 70%. По ова решение има право на жалба, а данокот е должен да го уплати во рок од 15 дена од неговата правосилност.
Во осум случаи Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведената постапка донесе Заклучок за запирање на постапката, бидејќи е утврдено дека лицата:
  •  Ќенан Хасипи, пратеник во Собрание на РМ;
  • Јасмина Јованов Трајковска, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
  • Зорица Шапуриќ Хорват, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
  • Шоип Фидани, поранешен претседател на Апелационен суд Гостивар;
  • Фидаил Салифовски, поранешен градоначалник на општина Пласница;
  • Владимир Наумовски, поранешен директор на Управата за спречување на перење пари;
  • Лидија Кушевска, поранешен судија на Основен суд Скопје II; и
  • Ристо Златев, царински службеник во Царинарница Гевгелија
се немаат стекнато и не поседуваат имотот кој е поголем од оданочените приходи, односно имотот кој го поседуваат потекнува од приходи кои биле предмет на оданочување и претставува легално стекнат имот.
На поранешниот градоначалник на општина Лозово, Јордан Павлов му е уважена жалбата и е намалена сумата од 206.422,00 на 185.423,00 денари со која се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи.
 
Испечати Е-пошта
dksk_logo12.01.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата на 12.01.2010 година, постапувајќи по сопствено наоѓање заклучи да поднесе барање до Управата за јавни приходи за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на претседателот и членовите на управниот одбор на Националната агенција за образовни програми и мобилност, согласно со членот 36 од Законот за спречување на корупцијата.
Истовремено ДКСК отвори предмет со цел да ја утврди фактичката состојба во Националната агенција.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 13

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo