Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Протокол за соработка
Протокол за соработка
Испечати Е-пошта
konferencijathumb04.02.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата организираше TAIEX работилница на најдобрите практики за следење и евалуација на антикорупциските стратегии и акциони планови.

На работилницата свое обраќање имаше членот на ДКСК м-р Жаклина Дамческа на тема Стратешки цели врз основа на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување судирот на интереси 2016-2019.

Експертите од земјите членки на ЕУ разменија искуства за мерки за спречување на корупцијата, најдобри практики за следење на антикорупциските стратегии и програми, соработка меѓу институциите заради стратегии за борба против корупцијата, воспоставување на платформа за координација, комуникација и меѓусебна поддршка и соработка меѓу институциите во насока на остварување на стратегии за борба против корупцијата.

Целта на работилницата е да се обезбеди знаење, искуства и најдобри практики од земјите-членки на ЕУ за да се подобрат механизмите за следење и евалуација за спречување на корупцијата.

Повеќе слики ...

 
Испечати Е-пошта
konferencijathumb20.01.2016 Денес во Белград е поптишан меморандум за соработка помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенцијата за спречување на корупцијата на Република Србија. Меморандумот го потипшаа, претседателот на Државната комисија Горан Миленков и директорката на Агенцијата, Татјана Бабиќ.

Целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка е размена на искуства, информации и техничка помош, како и поддршка за унапредување на работата во склоп на надлежностите на двете институции.

Делегацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата е во дводневна работна посета во Агенцијата за борба против корупција. Целта на оваа работна посета е запознавање со надлежностите и секојдневните работни активности на Агенцијата, со посебен акцент на софтверското решение за водење на електронски Регистар на функционери.

Повеќе слики ...

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
konferencijathumb31.03.2014 година – Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка за проектот “Промовирање на соработка преку доброто владеење во спроведувањето на антикорупциската политика“ .

Меморандумот во просториите на ДКСК го потпишаа Претседателот на Комисијата д-р Ѓорги Сламков и Амбасадорот на ОБСЕ г-дин Ралф Брет.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

17.03.2014 година На 05 февруари 2014 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци потпиша Согласност за пристапување кон Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси.

Протоколот за соработка, беше потпишан на 25.12.2007 година од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за јавни приходи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Државното правобранителство на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за ревизија, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и Агенцијата за катастар на недвижности.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
picture  21.10.2013 Во рамките на работната средба што Државната комисија за спречување на корупцијата ја имаше со Службата за борба против измами на Каталонија на 18 октомври 2013 година во Барселона, беше потпишан Протокол за соработка помеѓу двете институции. Средбата беше реализирана како дел од проектот “Промовирање на принципите на добро владеење во спроведување на антикорупциската политика“ на ОБСЕ мисијата во Скопје и ДКСК. Покрај потпишувањето на Протоколот двете институции разменија искуства за своето надлежно постапување.

Прочитај повеќе...
 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo