Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Работилници
Работилници
Испечати Е-пошта

rabotilnica 22.05.2012 00110.06.2016 Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на СР Германија, на 09 и 10 јуни 2016 година организираше две работилници за пратениците во Собранието на Република Македонија на тема: „ГРЕКО четврт круг на евалуација – препораки во однос на членовите на Собранието“.
Воведно обраќање на работилниците имаше Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски, а свое обраќање имаше Драго Кос, врвен меѓународен експерт за антикорупција, претседавач со Работната група против поткуп во рамките на OECD и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција во Словенија и на ГРЕКО.
Работилниците се дел од компонентата 3 на ИПА Твининг проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“. Во рамките на Проектот се развиени 8 компоненти со активности посебно значајни за земјата и со учество на сите надлежни институции.

На работилниците преку дискусија на присутните членови на Собранието беа изнесени ставови и размислувања на следните теми: препораки од четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“, судир на интереси, етички кодекс и други етички прашања за пратениците и лобирање врз носителите на законодавната власт.

Повеќе слики од настанот можете да погледнете во Галерија со слики

 
Испечати Е-пошта
konferencijathumb

05.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата и УНДП во соработка со ЗЕЛС денес организираа Национална работилница за интегритет, транспарентност и отчетност на локално ниво. На работилницата воведно обраќање имаа Постојаниот претставник на УНДП г-ѓа Луиза Винтон, Претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков и Извршниот директор на ЗЕЛС г-ѓа Душица Перишиќ.

 

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

25.04.2013 Во рамките на проектот „ Промовирање на принципите на добро владеење во спроведување на анти - корупциската политика“ што го реализира Државната комисија за спречување на корупцијата со поддршка на ОБСЕ, на 22 и 23 април 2013 година беше одржана работилница за примена на Методологијата за спроведување на квалитативна анализа на индикаторите од три сектори од Акциониот план на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011 - 2015. Методологијата е изготвена од Transparency International, прилагодена од ТИМ во соработка со ДКСК и ОБСЕ. Целта на квалитативната анализа е преку индикаторите да се согледа каква е правната и институционалната рамка во овие сектори и да се оцени постапувањето во практиката. Ова ќе овозможи на годишно ниво да се следи реализацијата на активностите и индикаторите, да се врши споредба на напредокот за надминување на детектираните проблеми, односно ризичните фактори во овие три сектори од Државната програма (приватен сектор, политички сектор и локална самоуправа). На работилницата покрај ДКСК и ОБСЕ учествуваа и експертите кои ќе работат на квалитативната анализа во наредниот период.

 
Испечати Е-пошта

Спроведување на самооценка за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата

Скопје, 30 Maj 2012, хотел Арка – Еднодневна работилница, организирана од страна на Министерството за Правда и Државната комисија за спречување на корупцијата, со техничка и финансиска поддршка од УНДП, го означи почетокот на процесот на самооценка на земјата за
спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција (UNCAC), кој се очекува да заврши до крајот на годината.


Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта

rabotilnica 22.05.2012 00123.05.2012 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Бизнис Конфедерацијата на Македонија (БКМ) на 22 мај 2012 година (вторник) во хотел Карпош, Скопје, одржа форум работилница на тема “Бизнис Етика - Спречување на корупција преку воспоставување на етички бизнис практики“.
Целта на работилницата беше разгледување и дискусија на нацрт верзијата на Бизнис Етичкиот кодекс, како алатка со која се докажува спроведувањето на позитивна и етичка политика, но и можност за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Работилницата беше финансиски подржана од Британската амбасада во Скопје преку проектот “Поддршка во имплементација на политиките на антикорупциските мерки“.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 12

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo