Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Конференции
Конференции
Испечати Е-пошта
konferencijathumb09.12.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), организираа настан за одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата. .
 
Воведни обраќања имаа Постојаниот претставник на УНДП г-ѓа Луиза Винтон, Претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков и Министерот за правда д-р Аднан Јашари. На настанот се обратија Раководителот на одделот за демократско владеење во мисијата на ОБСЕ г-ѓа Јоана Косма и Регионалниот советник за антикорупција на УНДП г-динот Франческо Кеки. Видео обраќање имаше Претседателот на ЗЕЛС г-динот Коце Трајановски.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
konferencijathumb27.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје организираше Конференција на тема „Барања и практики во имплементацијата на одредбите за превентивните мерки и за враќање на имотот на Конвенцијата на ОН против корупцијата“ .
 
Воведни обраќања имаа претседателот на ДКСК д-р Ѓорги Сламков, Министерот за правда д-р Аднан Јашари, Раководителот на одделот за демократско владеење во мисијата на ОБСЕ г-ѓа Јоана Косма и Заменик постојаниот претставник на УНДП г-дин Алесандро Фракасети. На Конференцијата се обратија и Директорот на Агенцијата за борба против корупцијата на Република Србија г-ѓа Татјана Бабиќ и претставник на Агенцијата за превенција од измами на Каталонија.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

26.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје организира Конференција на тема „Барања и практики во имплементацијата на одредбите за превентивните мерки и за враќање на имотот на Конвенцијата на ОН против корупцијата“.

Конференција ќе се одржи на 27 ноември 2014 година (четврток) со почеток во 09:30 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Со цел информирање на пошироката јавност, со задоволство го очекуваме Вашето присуство.

 

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
konferencijathumb25.11.2014 Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на Регионалната конференција „Трендови и предизвици во спроведувањето на антикорупциски стратегии“ организирана од РАКВИАК центарот за безбедносна соработка, Регионалната антикорупциска иницијатива и Министерството за правда на Република Македонија.
 
На Конференцијата воведно обраќање имаа Министерот за правда г-дин Аднан Јашари, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата д-р Ѓорги Сламков, Претседателот на РАИ г-дин Давор Дубравица и Директорот на РАКВИАК амбасадорот Бранимир Мандиќ.

Прочитај повеќе...
 
Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50

10.07.2014 Конференција на тема „Судска етика и превенција и гонење на случаи на корупција” ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Конференцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” и Државната комисија за спречување корупција, во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ).

Со воведно обраќање до присутните конференцијата ќе ја отворат Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” и шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО, д-р Ѓорги Сламков, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата , кој во рамки на Конференцијата ќе има и свое излагање на тема Улогата на ДКСК и антикорупциски механизми во правосудството, Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија, и Марк Ласер, виш правен советник на ИНЛ програмата, Амбасада на САД во Скопје.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 24

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo