Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Избори arrow Локални и претседателски избори 2009 година
Локални и претседателски избори 2009 година
Соопштение Испечати Е-пошта

dksk_logo15.09.2009  Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи во рамките на своите законски надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата, согласно со член 14 став 2 од истиот закон, во 4 случаи достави писмено известување до надлежниот јавен обвинител за постоење на основи за сомневање дека, во периодот од донесување на Одлука за распишување на избори, па се до завршување на изборот за претседател на Република Македонија, како и од денот на донесување на Одлука за распишување на избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и на градот Скопје, се извршени дејствија од член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата – поткуп при избори и гласање.

Прочитај повеќе...
 
Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo02.04.2009 Државна комисија за спречување на корупцијата на последните седници ги оствари следните активности од нејзина надлежност за кои треба да биде информирана јавноста: 
Државната комисија ја заврши работата врз Извештајот за своето работење во 2008 година кој согласно со членот 49 од Законот за спречување на корупцијата и членот 21 од Законот за спречување судир на интереси го достави до Собранието на Република Македонија и ќе го промовира во текот на наредната недела. Од распишувањето на претседателските и локалните избори ДКСК постапи по 364 предмети што се однесуваат на нејзините надлежности врзани за изборите,  од кои 138 се дадени мислење на претходно доставени барања од разни органи и институции. 34 предмети Државната комисија има отворено во врска со индиции за прекршување на режимот што важи во изборниот период. 192 се укажувања од страна на Државната комисија за потребно однесување во врска со располагањето со јавните средства и добра, јавните набавки, вработувањата, инвестиционите и други градежни зафати и други видови на располагања за време на изборниот процес кои согласно со законот не завршува само со деновите на гласање туку со чинот на верификувањето на мандатот на новоизбраните претседател на државата, градоначалници и членови на советот. Во врска со започнатите и најавените градби на инфраструктурни објекти од страна на Владата на РМ по кои Државната комисија отвори предмет и побара информации согласно со својата методологија на работа што важи за сите субјекти во овој период, и деновиве доби целосен одговор на сите поставени прашања што се однесуваат на донесувањето на Годишна програма за тековната година за инвестициони и други градежни зафати, на обезбедувањето наменски буџетски средства, како што произлегува од Законот за спречување на корупцијата, како и на рокот за започнување и завршување на инвестициите и на постапката за склучување договори со изведувачи на ваквите зафати.Врз основа на  увидот во документацијата ДКСК констатира дека е постапено во согласност со член 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и со законските норми што се однесуваат на постапката за спроведување на ваква програма. Што се однесува до тендерот распишан од Министерството за транспорт и врски за набавка на 302 двокатни автобуси за кој во рамките на своето постапување ДКСК упати укажување за запирање на натамошните активности со цел проверка на потребната документација, до Државната комисија е доставена соодветна информација така што постапувањето ќе биде затворено во наредните денови. Кон четирите во јавноста веќе соопштени случаи со индиции за поткуп на избирачи, деновиве е приклучено и известувањето што ДКСК го упати до Јавното обвинителство на РМ како и до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција што се однесува на основано сомневање за сторено дело преку префрлање пари на граѓани во општина Ресен и на здружение на граѓани од село Подмочани од буџетот на општина Ресен. Со оглед на тоа што до сега до ДКСК не се доставени бараните известувања за проверка на законитоста во изведувањето на градежни зафати во општина во која за избор на градоначалник ќе се гласа и во вториот круг, Државната комисија, постапувајќи согласно со својата методологија, заклучи да поведе постапка за одговорност.   
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет во врска со градежните зафати врз објектот “Езерце” во градскиот парк во Скопје и побара информација и надлежно постапување од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и на општина Центар. 
 
Соопштение Испечати Е-пошта

logo-kontakt_5013.03.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата од 10.01.2009 година, денот кога е донесена одлуката за распишување на претседателските и локалните избори, работи по вкупно 339 предмети, од кои по огласи за вработувања или избор (173 огласи за 979 вработувања), продажба и издавање под закуп на недвижен имот (6) и разни јавни набавки (2), Државната комисија во 183 случаи се обратила со укажување со барање да се спроведе режимот што произлегува од Законот за спречување на корупцијата.Од повратните информации може да се заклучи дека во 70% од случаите, укажувањата се спроведени а по другите постапувањето е  во тек.
Во овој период вкупно 133 органи и институции побарале мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата како да постапат во врска со вработувања, јавни набавки, склучување договори, исплата на  буџетски средства, и од повратните информации може да се заклучи дека истите се целосно почитувани.
Преостанатите 23 предмети се постапувања на Државната комисија по претставки и известувања од физички и правни лица за кршење на режимот од Законот за спречување на корупцијата, по кои постапувањето е во тек.
Во десетина случаи има елементи за надлежно прекршочно постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Досега се регистрирани 2 случаи со индиции за поткуп на избирачи за што е известено Јавното обвинителство на Република Македонија.
Во еден случај поради непочитување на член 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата е подготвено барање за поведување на прекршочна постапка.

 
Конференција за медиумите - Избори 2009 Испечати Е-пошта
DKSK10.02.2009 Како потврда на својата водечка иницијална улога во јакнењето на институционална соработка - за што Државната комисија за спречување на корупцијата иницира Протокол според кој тесно соработуваат петнаесет институции, меѓу другото надлежни и за постапување на полето  на  спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата организира во соработка со Советот за радиодифузија и Државната изборна комисија заедничка конференција за новинари, што се одржа на 09.02.2009 година во 12 часот во Клубот на пратеници. Заедничка тема на трите институции со оглед на нивната истурена позиција и улога во изборите, беа претседателските и локалните избори 2009 година. Претседателите на трите институции изнесоа актуелни податоци за постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија и Советот за радиодифузија, при што беа потенцирани врските што функционираат секојдневно меѓу нив за да се елиминираат празнините и процедуралните недоречености, односно да се востпостави тесна соработка во изборниот процес. Заедничкиот настап пред јавноста ја манифестира подготвеноста и зрелоста на трите институции за квалитетно и ефективно работење на Европската агенда на Република Македонија, која е фокусирана на визната либерализација.
 
СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ФУЕРЕ Испечати Е-пошта
Sredba So Fuere05.02.2009 Амбасадорот на ЕУ и специјален претставник на ЕК во Македонија г-динот Ерван Фуере во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата, при што силно ја подржа работата на Државната комисија, како и потребата за почитување и прифаќање на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата од институциите во Република Македонија на кои Државната комисија им се обраќа.
Прочитај повеќе...
 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo