Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Избори arrow Парламентарни избори 2008 година
Парламентарни избори 2008 година
Соопштенија од прес Испечати Е-пошта

dksk_logo



ИЗБОРНА РЕГУЛАТИВА - препораки

17.09.2008 Препораки утврдени од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со потребите за измени во изборната регулатива, донесени на 06.08.2008 година.

  1. Во Изборниот законик да се разграничат видовите на извори на финансирање и да се регулира прашањето дали политичка партијата може да биде спонзорирана или само да користи донации и во која форма ( материјални и други) , дали политичката партијата може да користи позајмици и дали за изборна кампања може да се користат средства од редовната сметка  (со утврдување на начинот на внесување на овие средства и на употребата на истите ) со оглед на обврската за посебна – строго наменска жиро сметка од член 71 од Изборниот законик. Исто така треба да се утврди единствен образец за финансиските извештаи на партиите. 
  2. Во Изборниот законик да се регулира како и каде ќе се прикажат средствата кои реално може да пристигнат на сеуште активната сметка за изборна кампања, по истекот на рокот од еден месец  во кој политичките партии ги поднесуваат финансиските извештаи до Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија.
  3. Да се утврди обврска за ревизорска обработка на финансиските извештаи и тие наоди да бидат доставени до органот што носи Одлука за распределба на средствата од Буџетот зависно од изборните резултати, пред законскиот рок за  донесување на оваа одлука.
  4. Да се утврди обврска за давање информации од страна на медиумите за дадените попусти на учесниците во политичкото рекламирање.
  5. Постапувањето на Јавниот обвинител по известувањето на ДКСК за создаден сомнеж за поткуп на избирачите да добие режим на итност.
  6. Да се заострат казнените мерки за кршењето на изборната регулатива во сверата на финансирањето на изборните кампањи.
 
Плата на Пратениците по престанок на мандатот Испечати Е-пошта

dksk_logo08.08.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата постапуваше по анонимна претставка во која се укажува на незаконитост на Решението на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија за остварување на ,,апанажа,, -плата на пратеници во Собранието на РМ и по престанувањето на мандатот за време до една година.
Во претставката остварувањето на ова право од страна на пратениците на кои им престанал мандатот во Собранието на РМ, а кое како такво е регулирано со членот 36 од Законот за пратениците (,,Службен весник на РМ,, бр.84/2005) се оспорува од аспект на член 47 од истиот закон кој бара ова право да може да се оствари со најмалку половина исполнет мандатен период на претеник во Собранието.
Во овој случај, Државната комисија донесе заклучок дека согласно со одредбите на Законот за спречување на корупцијата (,,Службен весник на РМ,, бр.28/02,46/04,126/06 и 10/08) нема елементи за нејзино надлежно постапување, затоа што членот 47 од Законот за пратениците е укинат со Одлука У.бр. 191/2005 од 12.04.2006 година на Уставниот суд на Република Македонија, објавена во ,, Службен весник на РМ,, бр.52 од 20.04.2006 година, што значи наводите во претставката за незаконитост не држат.

 
Предвремени Парламентарни избори 2008 Испечати Е-пошта
 
logo_dksk_2006.06.2008 Нови Информации за постапувања на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предмети за предвремените парламентарни избори 2008 година. Воедно Државната комисија за спречување на корупцијата потенцира дека независно од чинот на гласањето и резултатите од гласањето на 01.06.2008 година изборниот процес и натаму е во тек и токму затоа треба да се почитува истиот законски режим соопштен од страна на Државната комисија за однесување на субјектите во поглед на располагањето со јавните фондови, јавните добра и јавните овластувања во време на изборниот процес кој што завршува со чинот на конституирање на Влада.
PDF
 
Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo29.05.2008 Државна комисија за спречување на корупцијата во преземање на мерки и активности за спречување на корупцијата во политиката дозна за дејствија, преземени од страна на претставници на Партијата за европска иднина-Месен одбор с. Подгорци, кои се во насока на поткупување на избирачи при избори, поради што Државната комисија, согласно со член 14 став 2 од Законот за спречување на корупцијата ("Службен весник на Република Македонија" бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08), писмено го извести надлежниот јавен обвинител, воедно барајќи надлежниот јавен обвинител во рокот утврден во член 14 став 3 од Законот за спречување на корупцијата да ја извести Државната комисија за преземените мерки и активности во рамките на неговите надлежности.
Прочитај повеќе...
 
Предвремени Парламентарни избори 2008 Испечати Е-пошта

 23.05.2008 Нови Информации за постапувања на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предмети за предвремените парламентарни избори 2008 година.
acroread
Постапувања на ДКСК во врска со предвремените избори 2008 година (41.9KB)

 

16.05.2008 Збирна Информација за постапувања на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предмети за предвремените парламентарни избори 2008 година.
acroread
Постапувања на ДКСК во врска со предвремените избори 2008 година (68.3KB)

 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo