Барања за поведување прекршочна постапка |
![]() |
![]() |
![]() - Даут Реџепи; - Ќенан Хасипи; - Фадил Сулејмани; - Љубчо Георгиевски; - Данаил Дончев; и - Бесим Догани. Државната комисија заклучи дека лицата против кои се поднесени барањата, го прекршиле членот 33 став 2 од Законот за спречување на корупцијата, според кој; "Избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, имаат обврска да пополнат Анкетен лист во рок од 30 дена по престанувањето на функцијата." Покрај ова Државната комисија донесе заклучок дека со неподнесувањето на анкетен лист исполнети се законските услови до Управата за јавни приходи да достави поодделни барања за поведување постапка за испитување на имотната состојба против истите лица, во согласност со членот 36 став 1 од Законот. Државната комисија ја користи оваа прилика да им укаже на идните пратеници дека 30 дена по одржување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, се должни да пополнат и достават до Државнта комисија анкетен лист за имотната состојба. |
< Претходно | Следно > |
---|