Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Државна програма arrow Конференција - заклучоци и препораки
Конференција - заклучоци и препораки Испечати Е-пошта
konferencija_ohrid_2008.11. 07. 2008 Годишната конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, одржана на  04 јули 2008 година, со успех ја отслика реализацијата на активностите од првата година од краткорочните активности утврдени во Државната програма донесена во мај 2007 годинa.
 
Учесниците на конференцијата оценија дека низ практиката Државната програма се потврдува како стратешки документ и механизам за следење на нејзината имплементација што претставува позитивен чекор во вистинска насока на водење и реализирање активна и ефикасна борба против корупцијата. Тоа несомнено го јакне вкупниот капацитет на Република Македонија на полето на спречувањето на корупцијата што е една од приоритетните стратешки цели за нејзино вклучување во меѓународните глобални системи. Учесниците на Годишната конференција високо ја оценија водечката улога на Државната комисија за спречување на корупцијата која дејствувајќи перманентно како модератор и потикнувач на вкупните антикорупциски процеси во земјата, со успех ја остварува една од своите битни надлежности на донесување и следење на остварувањето на Државна програма за превенција и репресија на корупцијата. Од првата Годишна конференција произлегоа следните заклучоци и препораки.

 

ЗAKЛУЧОЦИ: 

1.Рeaлизацијата на краткорочните активности од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата во текот на првата година  е на задоволително ниво како потврда  изразената политичка воља за спроведување на Државнта програма;

2. Активностите од нормативен карактер во делот на политичкиот систем што имаат влијание врз релизацијата на другите задачи изостанаа;

3. Активностите од нормативен карактер во економско финансискиот систем што имаат влијание врз релизацијата на другите задачи се одвиваат добро;

4. Впечаток е дека при остварување на активностите формалниот пристап е понагласен од суштинскиот;

5. Соработката за реализација на Државната програма меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и институциите надлежни за спроведување на Државната програма се одвива на солидно функционално ниво;  

6. Во дел од доставените информации недостига експлицитност од која што би се согледала суштината на реализацијата на активноста;

7. Недоставувањето на информации за 14 активности оневозможува за истите да се оформи оценка за реализација; 

ПРЕПОРАКИ: 

1. Во втората година од краткорочниот период институциите со посебен интензитет да пристапат кон реализација на преостанатите краткорочни активности. Toa особено се однесува на нормативните активности во делот на политичкиот систем што имаат влијание врз реализацијата на другите задачи во Програмата;

2. Истовремено активностите од среден рок треба да се остваруваат со предвидената динамика; 

3. Во содржината на новата легислатива да се запазат суштинските цели на активностите утврдени во Државната програма;

4. Во подготовката на легислативата треба доследно да се остварува законската надлежност на Државната комисија;

5. Во наредниот период да се постигне оптимална достава на информации од институциите, и истите да содржат елементи релевантни за да се изврши оценка на активностите;

6. Се покажува за потребно во институциите надлежни за спроведување на Државната програма подобро да се организира реализацијата на утврдените активности и поквалитетно да се следи процесот на реализација;

7. Државната комисија во соработка со надлежните институции да пристапи кон редефинирање на одделни активности, а долгорочните процесни активности да ги разглоби на годишни временски рамки со цел нивна успешна реализација.  

Во Охрид, 04 јули 2008 година

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo