Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Работилници arrow ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА - ЗАКЛУЧОЦИ
ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА - ЗАКЛУЧОЦИ Испечати Е-пошта

 од состанокот на претставници на анти-корупциските тела од регионот одржан на 05 јули 2008 година, Охрид – Република Македонија

konferencija_ohrid_2008_acas.11. 07. 2008 Државната комисија за спречување на корупцијата од Република Македонија остварува соработка со сродни антикорупциски тела во повеќе земји и во рамките на таа своја активност одржа состанок со преставници од сродните институции од Албанија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија и Косово. На состанокот посебно стана збор за антикорупциските искуства и практики, градењето стратегии за водење активна антикорупциска политика во секоја од земјите, за примената на мегународните стандарди и конвенции како и за можностите за развивање на мегусебната соработка.

 

Претставниците од земјите учеснички на состанокот се произнесоа по секоја од споменатите теми и притоа беа донесени следните заеднички ставови:

1.Со оглед на фактот што корупцијата е глобален светски проблем присутен и во нашите земји и поради потребата борбата против корупцијата да зајакне и да стане поефикасна и на превентивен и на репресивен плен, а имајќи притоа предвид дека таа цел е услов за развој и остварување на стратешките интереси и цели на нашите зеји, учесниците на состанокот се согласни дека во остварувањето на тие цели за секоја земја е подеднакво ваша соработката на антикорупциските тела мегусебно. Соработката ја гледаме како стручна, експертска и професионална постојана мегусебна комуникација и информирање за тековните искуства и практики, за примената на мегународните позитивни норми и стандарди, за изработката на домашната регулатива, за проблемите и разните организациони, статусни и стручни дилеми што ги носи работата на ова поле. Несомнено е дека во надминувањето и совладувањето на проблемите позитивно влијание може да има меѓусебната помош и подршка. Тоа е суштината за остварување ефективна соработка што ја сугерира Државната комисија за спречување на корупцијата на РМ  која ќе придонесе за јакнење на капацитетите за работа на антикорупциските тела во секоја од земјите. Оваа соработка не подразбира наметнување на парцијални институционални форми што мозе да влијаат дестимулирачки за сите или за некого поединецно, особено со оглед на искуствата во регионов во последните децении, а посебно со оглед на реалните околности за ефикасната менторска улога на етаблираните форми и институции на глобален план кои дејствуваат и во нашите земји. 

2. На состанокот посебно стана збор за одделни случаи во одделни земји во Европа на интервенции и укинување на воспоставените специјализирани антикорупциски тела што може да се претвори во тренд и во други земји. Регистриран е фактот дека се работи за неколку вакви случаи откако е остварено членство на земјата во Европската унија. Но не само таму. Учесниците констатираат дека се работи за дејствување спротивно на меѓународните конвенции и антикорупциски иницијативи во кои е предвидено формирање и создавање услови за непречена работа на антикорупциските тела во секоја од земјите потписнички и аспиранти за учество во заедничките глобални структури. Убедени сме и со силни аргументи поткрепени дека специјализираните антикорупциски тела кои со својство самостоен и независен статус и работа остваруваат незаменлива услоба во секоја од земјите одделно и воопшто во кругот на земјите со сличен развоен пат и затоа сметаме дека се работи за штетен потег што нема да биде без влијание врз метастазирање на корупцијата во земјите и што ќе се одрази како ретрограден фактор врз нивниот развој. Токму затоа согласни сме и подготвени да влијаеме и да го насочиме вниманието на надлежните домашни и меѓународни инстанци за штетноста на овој тренд и притоа овој меѓусебно усогласен став и подршка да го користиме како фактор повеќе за неговото запирање. 

 

3. Што се однесува до методите за натамошна соработка состанокот покажа дека идните средби, на кои би учествувале антикорупциски тела и од други земји, треба да бидат тематски фокусирани на конкретни актуелни прашања за кои постои заедничко интересирање и кои се повеќе на број и бараат нивно брзо третирање. Подготовката на ваквите проекти ќе се одвива низ договорената меѓусебна комуникација.Заклучоците во име на сите учесници на состанокот ги подготви и дистрибуира организаторот на средбата на антикорупциските тела, Државната комисија за спречување на корупцијата од Република Македонија.

Во Охрид, 05 Јули 2008                                                                                            

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo