Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Поднесени Иницијативи Испечати Е-пошта

logo-kontakt_50

18.07.2008
Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на 15.07.2008 година донесе заклучок да поднесе Иницијатива до:
     
 I. Основното јавно обвинителство  за поведување постапка за кривично гонење на лицето А.П.  Градоначалник на Oпштина Охрид; и
II. Судскиот совет за поведување постапка за разрешување на судија М.Р. сега Претседател на Основен суд Штип.

I. А.П. – Градоначалник на Oпштина Охрид

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по поднесена претставка која се однесува на пријава против лицето Александар Петрески – Градоначалник на општина Охрид и по проучување на целокупниот материјал со кој располага, а врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, на ден 15.07.2008 година донесе заклучок да поднесе до Основното јавно обвинителство  Иницијатива  за поведување постапка за кривично гонење на лицето А.П. - Градоначалник на Oпштина Охрид, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување  по член 353  од Кривичниот законик.
Градоначалникот А.П. ги пречекорил границите на своите службени овластување со тоа што не ги почитувал и не постапил по дадените препораки по извршена ревизија за јавните набавки за 2006 и 2007 година од страна на внатрешниот ревизор на општина Охрид и не спровел корективна акција за спроведување на истите, со што придонел за непочитување на одредбите од Законот за јавни набавки. Препораките се однесуваат на  неизвршени задолжителни  законски     обврски на општината и на градоначалникот и тоа :
  • водење на регистар на постапката за јавни набавки
  • изготвување  на план за јавни набавки
  • донесување на интерен акт за регулирање на постапка за јавни набавки
  • ангажирање на соодветно стручно лице – координатор  за спроведување на законските обврскиво процесот на јавните набавки.
II. М.Р. – Претседател на Основен суд Штип

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по поднесен Конечен ревизорски извештај за 2005 година кај Јавното претпријатие за комунални и услужни работи “ИСАР“ Штип  и по проучување на целокупниот материјал со кој располага, а врз основа на член 49 став 1 алинеа 5 од Законот за спречување на корупцијата, на ден 15.07.2008 година донесе заклучок да поднесе до Судскиот совет Иницијатива  за поведување постапка за разрешување на лицето М.Р. – судија на Основен суд Штип, сега Претседател на истиот.
Наведеното лице пристапило кон промена на овластено лице кај Јавното претпријатие за комунални и услужни работи “ИСАР“ Штип во 2005 година и донело Решение за запишување на директор со неограничени овластувања во трговскиот регистар на регистарскиот суд во Штип, што е спротивно на решението донесено од страна на Градоначалникот на општина Штип кој на истиот ден кога е направен уписот го донел Решението со кое лицето З.К. го наименува за ВД Директор на истото претпријатие. Тоа е  спротивно на  член 41 од Законот за јавни претпријатија  и спротивно на член 2 став 1 и 2 и член 3 став 1 од Законот за спречување на корупцијата за совесно, стручно, одговорно, ефикасно и непристрасно постапување во вршење на функцијата.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo