Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Соопштение од прес конференција
Соопштение од прес конференција Испечати Е-пошта

pres.14.11.0814.11.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе четири Иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на:

 

  • службени лица во Министерството за одбрана по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година;
  • службени лица од Министерството за транспорт и врски и службени лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар по предмет за градежно земјиште, лоцирано наспроти комплексот банки во Скопје;
  • службени и одговорни лица во  Бирото за стопански недоволно развиени подрачја, сега Биро за регионален развој, по Конечниот  извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година;
  • одговорни лица (директори и членови на органите на управување) на Јавното Претпријатие “Комуналец“ Битола по Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година; 
Министерството за одбрана
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски надлежности, утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет, оформен во врска со Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година на Министерството за одбрана-средства од Буџетот на Република Македонија, Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година на Министерството за одбрана-сметка за приходи наплатени од органи и Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година на Министерството за одбрана-приходи остварени од самофинансирачки активности, по разгледување на истите, на седница одржана на 07 ноември 2008 година, донесе заклучок, согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за одбрана, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија. Службените лица од Министерството за одбрана во текот на 2006 година ја искористиле својата службена положба и овластување со што овозможиле незаконско, ненаменско и нетранспаретно трошење средства од Буџетот на Република Македонија, како и спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на Буџетските средства на Република Македонија. Освен тоа службените лица ги пропуштиле, т.е. не ги извршиле своите службени должности на начин што не превзеле дејствија по однос на утврдување, обезбедување и наплата на (по разни основи) ненаплатени побарувања од правни и физички лица, кои се јавуваат како должници на Министерството за одбрана, со што овозможиле таквите побарувања да застарат, а со тоа правните и физичките лица да се стекнат со противправна имотна корист на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија.
 
Министерството за транспорт и врски и Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите законски надлежности, утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмети, оформени по поднесени претставки, во кои се укажува на повреда на одредбите од Законот за денационализација во постапките за денационализација на градежно земјиште, лоцирано наспроти комплексот банки во Скопје, по разгледување на целокупната документација со која располага, на седница одржана на 11 ноември 2008 година, донесе заклучок, согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за транспорт и врски и на службени лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. Службените лица од Министерството за транспорт и врски искористувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2005 и 2006 година, спротивно на одредбите од Законот за денационализација, склучиле договор за отуѓување на градежно земјиште, со јавно наддавање, т.е. склучиле договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, иако биле известени дека истото е предмет на денационализација. Службените лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Центар го искористиле своето службено овластување со тоа што го подредиле извршувањето на дејствијата во постапката за денационализација во интерес на постапката за отуѓување на предметното земјиште, со што овозможиле прибавување на противправна корист.
 
Биро за регионален развој (Биро за стопански недоволно развиени подрачја)
Постапувајки по предмет во врска со Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи на Бирото за стопански недоволно развиени подрачја – сметка за редовно работење за 2005 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на ден 28 октомври 2008 година, донесе заклучок до Јавното обвинителство да достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени и одговорни лица во  Бирото за стопански недоволно развиени подрачја  бидејки постои основано сомневање за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија затоа што не обезбедиле законско и наменско користење на средствата на Бирото за стопански недоволно развиени подрачја во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2005 година и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист.
 
Јавното Претпријатие “Комуналец“ Битола
Постапувајки по предмет во врска со Конечниот извештај  на Државниот завод за ревизија, за извршена ревизија на финансиските извештаи на Јавното претпријатие “Комуналец“ - Битола п.о. Битола за 2005 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на ден 28 октомври 2008 година, донесе заклучок до Јавното обвинителство да достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни лица - директори со неограничени овластувања и на други одговорни лица - членови на органите на управување на Јавното Претпријатие “Комуналец“ Битола бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2003 и во текот на 2005 година сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што при вршењето на функцијата директор и член(ови) на органите на управување на Јавното претпријатие “Комуналец“ - Битола п.о.  Битола не спречиле незаконско работење на јавното претпријатие и во извршување на своите овластувања работеле на незаконски начин и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист.
 
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo