Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow 9-ти ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
9-ти ДЕКЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Испечати Е-пошта

pres_05_1205.12.2008 Државната комисија за спречување на корупцијата неколку дена порано го одбележа 9 декември светскиот ден за борба против корупцијата, затоа што во неделата во која се паѓа овој ден членовите на комисијата и вработените во секретаријатот ќе бидат ангажирани на проект со експерт од САД за градењето на институционална стратегија за односи со јавноста, што ќе се одржи надвор од Скопје.На прес конференцијата најпрво беа презентирани најновите податоци за активностите на Државната комисија, а потоа беше направена куса поводна презентација за работата на комисијата заклучно со ноември 2008 година.

ИНИЦИЈАТИВИ ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со своите законски надлежности до Јавното обвинителство на република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе три иницијативи за поведување постапка за кривично гонење и тоа за:

ТЕЦ „Неготино“
Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со своите  надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен во врска со Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2006 година на Акционерското друштво за производство на електрична енергија ТЕЦ “Неготино“ во државна сопственост, донесе заклучок, согласно со член 49 став 1 алинеја 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни и на службени лица од АД за производство на електрична енергија ТЕЦ „Неготино“ во државна сопственост, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија. Одговорните лица од Акционерското друштво во државна сопственост, во текот 2006 година ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што овозможиле незаконско, нетранспарентно и ненаменско трошење на средствата на акционерското друштво во државна сопственост, односно одговорните и службените лица, задолжени за постапување по јавни набавки, во текот на 2005 и 2006 година, спровеле постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на средствата на акционерското друштво во државна сопственост. Имено, во текот на 2006 година, без спроведена постапка за јавна набавка и без склучување на договор, извршена е набавка за извршување на работи што се однесуваат на чистење од корозија и бојадисување на метална површина, како и варосување со поликолор на одредени места во фабриката во вредност од 5.097.000,оо денари. Исто така, во текот на 2005 година, без постапка за јавна набавка, за исти работи на истиот добавувач се исплатени 3.944.000,оо денари. Вкупно 9.041.000,оо денари. Во текот на 2006 година Акционерското друштво во државна сопственост спровело постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од законот за јавните набавки. Вредноста на набавките изнесува сума во висина од 6.938.000,оо денари.

Општина Кривогаштани
Постапувајки по предмет во врска со Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи на органот на Општина Кривогаштани за 2005 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе заклучок до Јавното обвинителство да достави: Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на  одговорни службени лица во Општината Кривогаштани затоа што постои основано сомневање дека во периодот од 2002 до 31.12.2005 година се сторени кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија,  со тоа што при застапувањето и претставувањето на општината, при располагањето со средствата на општината и при спроведувањето на постапките за јавни набавки не обезбедиле правилно и законито користење и заштита на средствата сопственост на општината и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист и на општината и нанеле штета од  значителни размери.

Општината Дебарца
Постапувајки по претставка доставена од страна на физичко лице, а во врска со постапката на давање на користење на недвижен имот од страна на Општината Дебарца, Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе заклучок до Јавното обвинителство да достави: Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на  службени - одговорни лица во Општината Дебарца затоа што постои основано сомневање  дека во 2006 година се сторени кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија, затоа што при вршењето на работите од својата надлежност, спротивно на член 67 Законот за локална самоуправа, донеле одлука и склучиле договор за давање на користење на недвижен имот на Општината и на Република Македонија.

ЧЛЕНСТВО ВО УПРАВНИ ОДБОРИ
Државната комисија постапува по 21 предмет од аспект на членување на службени лица во Управни и Надзорни одбори на Јавни претпријатија,  Фондови, Агенции, Комисии. Државната комисија утврди судир на интереси (кумулација на функции) и постапување спротивно на член 21 од Законот за спречување на корупцијата кај следниве лица:
- КОСАНА НИКОЛИЌ-МАЗНЕВА - пратеник и член на Управен одбор на Македонски железници.
- НАТАША СТОЈМАНОВСКА – член на Управен одбор на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, на Управен одбор  на Агенција за капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и на Управен одбор на ЈП за аеродромски услуги Македонија, како и во Надзорниот одбор на АД за приредување игри на среќа во државна сопственост.
- ПЕТАР ЕСМЕРОВ- државен секретар, во Министерство за одбрана, член на Управен одбор за осигурување на депозити и член на Комисијата за електронски комуникации.
- ИВО КОТЕВСКИ- член на Управен одбор на Агенција за државни патишта и на Комисија за мало и лесно оружје. - МАЈА ПАРНАЏИЕВА – член на Управен одбор на Фондот за осигурување на депозити и застапник на Владата на РМ во Собранието на Интернационалниот картичен систем  Ка Сис АД Скопје.
- СЛАВЧЕ ТРПЕСКИ - член на Управен одбор на Агенција за катастар на недвижности и Надзорен одбор на  Интернационалниот картичен систем Ка Сис АД Скопје.
- РУХИ БАКИУ-член на Регулаторна комисија за енергетика и Совет на МРТВ.
- ВЛАДИМИР ЦВЕТИНОВСКИ – член на Управен одбор на ЈП за железничка инфраструктура, Управен одбор на ЈЗУ Клинички центар и Надзорен одбор на ЈП Македонски железници. Не е државен службеник, но со именувањето за член на управен или надзорен одбор добива статус на службено лице. Поради ваквата состојба  службени лица  истовремено да членуваат во повеќе Управни или Надзорни одбори Државната комисија, како што веќе има постапувано ќе се обрати лично до секое службено  лице кое е член на повеќе од еден Управен или Надзорен одбор со барање да се откаже од  членувањето во повеќе од еден Управен или Надзорен одбор.  Државната комисија го реафирмира својот став соопштен минатата година до Владата при ваквите избори и наименувања да води сметка превентивно да дејствува за да не доаѓа  до прекумерна акумулација на функции.

АНКЕТНИ ЛИСТОВИ
Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против Заменик на директорот на Управата за јавни приходи, Беким Незири бидејќи во законски предвидениот рок нема доставено Анкетен лист со детален попис на имотната состојба.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo