Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Иницијативи за кривично гонење во 2008 година
Иницијативи за кривично гонење во 2008 година Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5009.01.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, во рамките на своите законски надлежности, согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата (“Службен весник на Република Македонија,“ бр. 28/02; 46/04; 126/06; 10/08 и 161/08), во текот на 2008 година до Јавното обвинителство на Република Македонија - Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе вкупно 27 Иницијативи за поведување постапка за кривично гонење.
  1. Иницијатива  за поведување постапка за кривично гонење на службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,Општина Гази Баба, Државниот завод за геодетски работи, ЈП за стопанисување со пасишта, Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што овозможиле незаконито користење и располагање на државно земјиште во вкупна  површина од 449.20.97 ха, дадено под закуп на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи “Факултетско земјоделско стопанство” с.Трубарево –Скопје како и за поведување постапка за кривично гонење на лицето Танас Трајковски во својство на директор на АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи “Факултетско земјоделско стопанство” с.Трубарево – Скопје и правното лице АД за производство и промет на земјоделски и сточарски производи “Факултетско земјоделско стопанство” с.Трубарево – Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по член 218 и 230  од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што дозволиле вадење песок од нивите на Факултетското земјоделско стопанство с.Трубарево и нивно претворање во депонии за депонирање на смет и отпадни градежни материјали, како и за загадувањето на подземните води во тој регион. Иницијативата е поднесена на ден 11.03.2008 година.
  2.  Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на раководни службени лица во Државниот завод за геодетски работи – Одделение за премер и катастар Струга, раководни службени лица во општинската администрација - Одделение за урбанизам на Општината Струга и Градоначалникот на Општина Струга, бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2004, односно 2006 година сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија, овозможувајки му на АД “Илинден” од Струга како градител-инвеститор да прибави корист – да се стекне со 100 м2 градежно земјиште. Иницијативата е поднесена на ден 18.03.2008 година.
  3. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Шуто Оризари Ердуан Исени, службени лица на локалната самоуправа Општина Шуто Оризари и службени лица од Министерството за транспорт и врски кои го вршат надзорот над законитоста на работата на органите на општината, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од Кривичниот законик, затоа што не ја извршиле својата службена должност и овозможиле нелегална изградба на стамбени објекти-семејни куќи во дворот на Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид” Шуто Оризари-Скопје. Иницијативата е поднесена на ден 18.03.2008 година.
  4. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Ердуан Исени, Градоначалник на Општина Шуто Оризари, бидејќи постои основа за сомневање дека сторил кривично дело „ Несовесно работење во службата” од член 353-в од Кривичниот законик, затоа што спротивно на законските прописи за судир на интереси донел решение, под бр.08.739/2 од 23.08.2007 година, со кое за директор на Основното училиште „ Браќа Разми и Хамид „ Шуто Оризари-Скопје го избрал својот татко Шаип Исени. Иницијативата е поднесена на ден 18.03.2008 година.
  5. Иницијатива  за  поведување на постапка за кривично гонење на лицето Владо Коруноски - градоначалник  на Општина Кичево до 19.04.2005 година, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Наведеното лице како градоначалник  на Општина Кичево до 19.04.2005 година склучил договори за позајмица и цесија со правниот субјект “Кикотекс” ДООЕЛ Кичево, што не е во надлежност на општините и е спротивно на одредбите на Законот за локална самоуправа. Со реализацијата на позајмицата во вкупен износ од 1.100 илјади денари од кој износ невратената позајмица изнесува 996 илјади денари, именуваниот прибавил корист за правниот субјект “Кикотекс” ДООЕЛ Кичево и придонел за незаконско и ненаменско трошење на средствата и го оневозможил реализирањето на функциите на општината Кичево. Иницијативата е поднесена на ден 22.05.2008 година.
  6. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорните лица во ЈП “Македонски пошти” бидејќи постои основано сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од Кривичниот законик, затоа што во периодот од 17.06.2003 година, па се до 09.05.2008 година, кога се сторени разбојништвата врз поштенските возила, со неизвршување на својата службена должност нанеле штета на Јавното претпријатие на начин што транспортот на  парични средства наменети за исплата на пензии и примања по друг основ, не го вршеле во согласност со  предвидени процедури и стандарди за ваква дејност. Иницијативата е поднесена на ден 22.05.2008 година.
  7. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити и на службени лица од локалната самоуправа Општина Чаир, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, затоа што првоименуваниот ги пречекорил границите на своето службено овластување, на начин што без одобрение од Министерството за култура, како и спротивно на Законот за заштита на културното наследство започнал со реставрација-пренамена на куќата на Јашар-Бег во Општина Чаир, за која е донесен акт за заштита, а пак второименуваните не ја извршиле својата службена должност овозможувајќи, спротивно на законските прописи, реставрација-пренамена на заштитениот објект - куќа на Јашар Бег во Општина Чаир, Скопје. Иницијативата е поднесена на ден 22.05.2008 година.
  8. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Томе Лисичков – стечаен управник во стечајната постапка над ТП “ПРЕХРАНА” во стечај од Богданци, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 3 и Несовесно работење во службата по член 353-в од Кривичниот законик. Наведеното лице ги пречекорило границите на своето службено овластување со тоа што дозволило извршување на впаричување на имотот на горенаведеното правно лице спротивно на одредбите на Законот за спречување судир на интереси, Законот за стечај и Етичкиот кодекс за стечајни управници, со што овозможил стекнување значителна лична корист во вкупен износ од 2.335.000,00 денари. Иницијативата е поднесена на ден 05.06.2008 година.
  9. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорните лица во Фондот за локални патишта и улици на Општина Струга, бидејки постои основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија затоа што во постапка за  јавна набавка по отворен повик број 3/04 извршена за потребите на Фондот за локални патишта и улици на Општина Струга при изборот на најповолен понудувач биле оценувани и рангирани неприфатливи понуди со невообичаено високи цени - двојно повисоки од пазарните при што била избрана понудата на прворангираниот понудувач со кој бил склучен договор за извршување на јавната набавка со вкупната вредност на набавката по испоставени фактури изнесувала 3.395.963,00 денари. Иницијативата е поднесена на ден 16.06.2008 година.
  10. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Чедомир Ристовски поранешен Градоначалник на Општина Илинден бидејки постои основано сомневање дека  во периодот од 01.01.2004 до 31.12.2004 година сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што при  располагањето со паричните средства на општината и при застапувањето и претставувањето на општината не обезбедил правилно и законито користење и заштита на паричните средства сопственост на општината и при тоа за себе и за други прибавил корист. Се работи за злоупотреба со која по разно основи и на разни начини се злоупотребени средства во бруто износ од 3.132.000,00 денари. Иницијативата е поднесена на ден 20.06.2008 година.
  11. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Ештреф Исени поранешен Градоначалник на Општина Студеничани бидејки постои основано сомневање дека  сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што во месец март 2000 година склучил анекс договори со ТД ,,Тријас,, експорт-импорт доооел - Батинци за изградба на систем за водоснабдување на село Батинци како и во месец јуни 2000 година договор со  “Енерго Маркет“ доо – Скопје за изградба на локален патен правец Елово-Црн Врв во општина Студеничани врз основа на кои за себе или за други прибавил значителна имотна корист (злоупотреба со која по разни основи и на разни начини се злоупотребени средства во бруто износ од околу 10.000.000,00 денари) и на лицето Азем Садики поранешен Градоначалник на Општина Студеничани бидејки постои основано сомневање дека  во периодот од 01.01.2004 до 31.12.2004 година сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што при  располагањето со паричните средства на општината и при спроведувањето на постапките за јавни набавки во име и за сметка на општината не обезбедил законито користење и заштита на паричните средства сопственост на општината и при тоа за себе и за други прибавил корист (злоупотреба со која по разни основи и на разни начини се злоупотребени средства во бруто износ од околу 8.000.000,00 денари. Иницијативата е поднесена на ден 20.06.2008 година.
  12. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Александар Петрески – Градоначалник на Општина Охрид, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Наведеното лице ги пречекорило границите на своето службено овластување со тоа што како раководител на општина Охрид постапил спротивно на  одребите на Законот за јавни набавки што се одразило на економичноста, ефикасноста и рентабилноста при постапките за јавни набавки во Општината и со тоа е предизвикана штета на Буџетот на Општината. Иницијативата е поднесена на ден 22.07.2008 година.
  13. Иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење на раководни службени лица од Министерство за финансии Управа за имотно - правни работи, Одделение во Општина Чаир  и од Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастар Скопје поради постоење на основи за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што ги злоупотребиле своите службени овластувања на начин што спротивно на законските прописи располагале, односно отуѓиле имот кој бил предмет на денационализација. Иницијативата е поднесена на ден 11.06.2008 година.
  14. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на : лицето Јанез Сајовиц, извршен директор, односно член на роботоводниот орган на ЈП  Македонска Радио Телевизија; лицето Миљаим Љатифи, заменик извршен директор, односно заменик член на работоводниот орган на ЈП Македонска Радио Телевизија и на други раководни лица во ЈП Македонска Радио Телевизија , бидејки постои основано сомневање дека  сториле кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија  на тој начин што во раководењето, во управувањето со средствата и во претставувањето и застапувањето на јавното претпријатие, односно во следењето на успешноста на работењето и во управувањето со имотот на јавното претпријатие за себе или за други прибавиле имотна корист и му нанеле штета од значителни размери на Јавното Претпријатие Македонска Радио Телевизија – Скопје, сопственост на Република Македонија. Иницијативата е поднесена на ден 11.08.2008 година.
  15. Иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење на одговорното лице - директор на НУ Албански театар Скопје во периодот 2003, 2004 и 2005 година, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик, со тоа што во својство на директор придонел за ненаменско и незаконско користење на буџетските средства и непочитување на законските одредби од областа на финансиите и сметководството, платниот промет, буџетското и трезорско работење и јавните набавки, со што е предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија. Иницијативата е поднесена на ден 24.10.2008 година.
  16. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Градоначалникот на општина Кисела Вода Џорџе Арсов и на службени лица задолжени за постапување по јавни набавки во Општината, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик, со тоа што ја искористиле својата положба и овластување и спровеле постапки за јавни набавки, каде како набавувач се јавува општина Кисела Вода, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, со што нанеле штета на Буџетските средства на Општината. Иницијативата е поднесена на ден 22.09.2008 година.
  17. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на лицето Хазби Лика, градоначалник на Општина Тетово и на лицата: Хајрула Хасани, претседател на Комисијата за јавни набавки при Општина Тетово; Емин Ислами, член на Комисијата за јавни набавки при Општина Тетово и Низамедин Амети, член  на Комисијата за јавни набавки при Општина Тетово бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2006 година сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што постапката за јавна набавка по отворениот повик бр. 07/2006 ја спровеле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки ( “Службен Весник на РМ“ бр. 19/2004 и бр. 109/2005) и на Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 19-696/1 од 09.02.2006 год. и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист и му нанеле штета на Буџетот на Република Македонија. Иницијативата е поднесена на ден 27.10.2008 година.
  18. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Чучер-Сандево Воислав Киранџиќ и на службени лица задолжени за постапување по јавни набавки во Општината, бидејќи постои основа за сомневање дека во периодот од 01.01.2007 година до 12.09.2007 година сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, со тоа што ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што градоначаникот на општината не обезбедил законско, транспаретно и наменско трошење на средствата од Буџетот на Општината, односно градоначалникот на Општината и службените лица, задолжени за постапување по јавни набавки, спровеле постапки за јавни набавки, каде како набавувач се јавува општина Чучер-Сандево, спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, со што нанеле штета на буџетсксите средства на Општината.  Иницијативата е поднесена на ден 27.10.2008 година.
  19.  Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за одбрана, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија. Службените лица од Министерството за одбрана во текот на 2006 година ја  искористиле својата службена положба и овластување со што овозможиле незаконско, ненаменско и нетранспарентно трошење средства од Буџетот на Република Македонија, како и спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на Буџетските средства на Република Македонија. Освен тоа службените лица ги пропуштиле, т.е. не ги извршиле своите службени должности на начин што не презеле дејствија по однос на утврдување, обезбедување и наплата на (по разни основи) ненаплатени побарувања од правни и физички лица, кои се јавуваат како должници на Министерството за одбрана, со што овозможиле таквите побарувања да застарат, а со тоа правните и физичките лица да се стекнат со противправна имотна корист на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија. Иницијативата е поднесена на ден 07.11.2008 година.
  20. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за транспорт и врски и на службени лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во општина Центар, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. Службените лица од Министерството за транспорт и врски искористувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2005 и 2006 година, спротивно на одредбите од Законот за денационализација, склучиле договор за отуѓување на градежно земјиште, со јавно наддавање, т.е. склучиле договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, иако биле известени дека истото е предмет на денационализација. Службените лица од Комисијата за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Центар го искористиле своето службено овластување со тоа што го подредиле извршувањето на дејствијата во постапката за денационализација во интерес на постапката за отуѓување на предметното земјиште, со што овозможиле прибавување на противправна корист. Иницијативата е поднесена на ден 11.11.2008 година.
  21. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни лица - директори во  Бирото за стопански недоволно развиени подрачја бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2005 година сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој     начин што при вршењето на функцијата Директор на Бирото за стопански недоволно развиени подрачја не обезбедиле законско и наменско користење на средствата на Бирото во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2005 година и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист. Иницијативата е поднесена на ден 28.10.2008 година.
  22. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни лица - директори со неограничени овластувања и на други одговорни лица - членови на органите на управување на     Јавното претпријатие “Комуналец“ Битола бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2003 и во текот на 2005 година сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија на тој начин што при вршењето на функцијата директор и член(ови) на органите на управување на Јавното претпријатие “Комуналец“ - Битола п.о.- Битола не спречиле незаконско работење на јавното претпријатие и во извршување на своите овластувања работеле на незаконски начин и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист. Иницијативата е поднесена на ден 28.10.2008 година.
  23. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни службени лица во Општината Кривогаштани затоа што постои основано сомневање дека во периодот од 2002 до 31.12.2005 година се сторени кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија,  со тоа што при застапувањето     и претставувањето на општината, при располагањето со средствата на општината и     при спроведувањето на постапките за јавни набавки не обезбедиле правилно и законито користење и заштита на средствата сопственост на општината и притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист и на општината и нанеле штета од значителни размери. Иницијативата е поднесена на ден 28.10.2008 година.
  24. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на  службени - одговорни лица во Општината Дебарца затоа што постои основано сомневање  дека во 2006 година се сторени кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија, затоа што при вршењето на работите од својата надлежност, спротивно на Законот за локална самоуправа донеле Одлука и склучиле Договор во 2006 год. за давање на користење на недвижен имот на Општината и на Република Македонија : штали со површина од 1313 м2 и двор со површина од 5529 м2, со надоместок во висина од 6.000,00 денари годишно, за времетраење од 30 години, без притоа да спроведат постапка за јавно наддавање во согласност со закон. Службените – одговорните лица во Општината Дебарца и покрај тоа што знаеле или морале да знаат дека, согласно законот, на давањето во закуп на ствари на општината мора да му претходи постапка на јавно наддавање, искористувајки ја својата службена должност и положба и со пропуштање на дејствие кое морале да го извршат, на корисникот на закупот - правно лице му овозможиле да се стекне со предност и погодност во стекнувањето и реализацијата на закупот и во вршењето на деловните активности, вклучително и можноста да изврши реконструкција, доградба и надградба на недвижноста и да ја користи за основање на     земјоделска задруга и за изградба на ладилник, како и овластувањeто врз основа на договорот во катастарската евиденција на свое име да го запише правото на привремено користење на предметната недвижност. Иницијативата е поднесена на ден 28.10.2008 година.
  25. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни и на службени лица од АД за производство на електрична енергија ТЕЦ „Неготино“ во државна сопственост, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија. Одговорните лица од Акционерското друштво во државна сопственост, во текот 2006 година ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што овозможиле незаконско, нетранспарентно и ненаменско трошење на средствата на акционерското друштво во државна сопственост, односно одговорните и службените лица, задолжени за постапување по јавни набавки, во текот на 2005 и 2006 година, спровеле постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на средствата на акционерското друштво во државна сопственост. Имено, во текот на 2006 година, спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, без спроведена постапка за јавна набавка и без склучување на договор, извршена е набавка за извршување на одредени работи кои се однесуваат на чистење од корозија и бојадисување на метална површина, како и варосување со поликолор на одредени места во фабриката во вредност од 5.097.000,оо денари. Исто така во текот на 2005 година, без постапка за јавна набавка, за исти работи на истиот добавувач се исплатени 3.944.000,оо денари. Во текот на 2006 година Акционерското друштво во државна сопственост спровело постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од законот за јавните набавки. Вредноста на набавките изнесува сума во висина од 6.938.000,оо денари. Иницијативата е поднесена на ден 27.11.2008 година.
  26. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни-службени лица од Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменско подрачје „Јасен“-Скопје, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија. Одговорните-службените лица од Јавното претпријатие, основано од Владата на Република Македонија, во текот 2006 година ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што овозможиле незаконско, нетранспарентно и ненаменско трошење на средствата на претпријатието, односно спровеле постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на средствата на Јавното претпријатие.  Иницијативата е поднесена на ден 25.12.2008 година.
  27. Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт Игор Ѓорѓиевски и на други службени лица од Агенцијата за млади и спорт, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што истите, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на 2002 година ги потрошиле средствата, наменети за изградба на 35 спортски сали низ целата територија на Република Македонија на начин што заклучно до 17.10.2002 година исплатиле сума во висина од 387.889.996,оо денари, од вкупната вредност на работите по однос на јавната набавка за изградба на 35 спортски сали во висина од 403.361.625,оо денари, иако предвидените објекти, според Проектот не биле изградени, со што нанеле значителна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија. Иницијативата е поднесена на ден 30.12.2008 година.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo