Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна
Инфо Испечати Е-пошта
Основање на Државната комисија за спречување на корупцијата
    
Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија е основана со Законот за спречување на корупцијата, донесен во април 2002 година (,,Службен весник на РМ”, бр. 28/2002 година).
Државната комисија е конституирана на 12 ноември 2002 година, кога Собранието на Република Македонија ги именуваше нејзините членови.
Согласно членот 1 од Законот за спречување на корупцијата  Државната комисија се статуира со надлеженост да ги применува мерките и активности за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето на работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавни овластувања како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва.

Статус на Државната комисија и членовите
   
Државната комисија е самостојна и независна во вршењето на работите  определени со  закон и има својство на правно лице .
Државната комисија е составена од седум члена.
Членовите на Државната комисија ги именува Собранието на Република Македонија со мандат од четири години со право на уште едно именување.
Членовите на Државната комисија  имаат статус на именувани лица и функцијата  ја вршат професионално, а за својата работа одговараат пред Собранието на Република Македонија.

Надлежност на Државната комисија
   
Надлежности на Државната комисија согласно со одредбите од Законот за спречување на корупцијата (“Службен Весник на РМ’’ бр. 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008 , 161/2008 и 145/2010 ) :
  • донесува државна програма за превенција и репресија на корупцијата и акционен план за нејзино остварување;
  • донесува годишни програми и планови за работа на Државната комисија ;
  • дава мислења за предлози на закони од значење за спречување на корупцијата;
  • покренува иницијатива пред надлежните органи за контрола на финансиско-материјалното работење на политичките партии, синдикатот и здруженијата на граѓани и фондации;
  • покренува иницијатива за поведување постапка пред надлежните органи за разрешување, распоредување, сменување или примена на други мерки на одговорност на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал;  
  • покренува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал ;
  • постапува во случаи на судир на јавниот и личниот интерес, определени со закон;
  • ја евидентира и следи имотната состојба и промените на имотната состојба  на избраните и именуваните функционери и на одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал, на начин утврден со  закон;
  • донесува Деловник за работа;
  • поднесува  годишен извештај  за својата работа и за преземените мерки и активности до Собранието на Република Македонија, а го доставува до претседателот на Републиката , Владата на Република Македонија и  средствата за јавно информирање;
  • соработува со други државни органи во спречување  на корупцијата;
  • соработува со соодветни национални тела на други држави, како и со меѓународни  организации на полето на спречување  на корупцијата;
  • презема активности на планот на едукацијата на органите, надлежни за откривање и гонење на корупцијата и другите видови на криминал и
  • донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во Секретаријатот и
  • врши и други работи определени со  закон.
Надлежности на Државната комисија согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси (“Службен Весник на РМ’’ бр. 70/2007, 114/2009, и 6/2012 ) :
  • ја донесува Државната програма со Акционен план за превенција и намалување на појавата на судир на интереси,
  • дава мислења за предлози на закони од значење за спречување судир на интереси,
  • ги проверува изјавите за интереси,
  • разгледува случаи на судир на јавниот и приватниот интерес утврдени со закон,
  • поднесува извештај за својата работа и за преземените мерки и активности до Собранието на Република Македонија, а извештајот го доставува до Владата на Република Македонија и до медиумите,
  • соработува со други државни органи во спречувањето на појавата на судир на интереси,
  • презема активности за едукација заради откривање на судир на интереси согласно со овој или друг закон,
  • ги изрекува мерките утврдени со Законот за спречување на судир на интереси,
  • ја известува јавноста за случаите на судир на интереси и
  • врши и други работи утврдени со закон.


Други надлежности на Државната комисија :

  • согласно со одредбите од Законот за лобирање
  • согласно со одредбите од Изборниот законик

Начин на работа на Државната комисија
   
Согласно Деловникот за работа, за  прашањата од својата надлежност утврдени со закон,  Државната комисија работи на седници, кои се одржуваат најмалку четири пати во месецот.
Државната комисија може да работи и да одлучува ако присуствува мнозинството од членовите, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.

Претседателот на Државната комисија, кој се избира со мнозинство гласови од вкупниот број на членови :
  • ја застапува и претставува Државната комисијата пред државните органи на Република Македонија, единиците на локалната самоуправа и пред другите домашни и меѓународни тела и установи во земјата и во странство,
  • обезбедува законито работење на Државната комисија,
  • ги свикува и претседава со седниците на Државната комисија,
  • врши други работи определени со Деловникот за работа и
  • врши други работи определени со закон.

Членот на Државната комисија :

  •  учествува во работата и одлучувањето по прашања што се ставени на дневен ред на седница на Државната комисија,
  • постапува по заклучоците на Државната комисија,
  • дава иницијатативи, предлози и мислења од надлежност на Државната комисија и
  • врши други работи определени со закон и со Деловникот за работа.
Во случај на судир на интереси, членот на  Државната комисија е должен за тоа да ја извести Државната комисија и да побара да биде изземен од постапување и одлучување по предметот.

Вршење на стручните и административни работи
   
За вршење на стручните , административните и техничките работи на Државната комисија се формира Секретаријат како стручна служба на Државната комисија .
Со Секретаријатот на Државната комисија раководи генерален секретар.
Генералниот секретар и вработените во Секретаријатот на Државната комисија имаат статус на државни службеници .

Информирање на јавноста

Државната комисија ја известува јавноста за преземените мерки и активности и за нивните резултати,  преку годишни извештаи, прес- конференции и соопштенија за медиумите и преку нејзината веб страница.
Начинот на информирање на јавноста се определува во зависност од карактерот на прашањата за кои одлучува Државната комисија.
 



 
 

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo