Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo02.04.2009 Државна комисија за спречување на корупцијата на последните седници ги оствари следните активности од нејзина надлежност за кои треба да биде информирана јавноста: 
Државната комисија ја заврши работата врз Извештајот за своето работење во 2008 година кој согласно со членот 49 од Законот за спречување на корупцијата и членот 21 од Законот за спречување судир на интереси го достави до Собранието на Република Македонија и ќе го промовира во текот на наредната недела. Од распишувањето на претседателските и локалните избори ДКСК постапи по 364 предмети што се однесуваат на нејзините надлежности врзани за изборите,  од кои 138 се дадени мислење на претходно доставени барања од разни органи и институции. 34 предмети Државната комисија има отворено во врска со индиции за прекршување на режимот што важи во изборниот период. 192 се укажувања од страна на Државната комисија за потребно однесување во врска со располагањето со јавните средства и добра, јавните набавки, вработувањата, инвестиционите и други градежни зафати и други видови на располагања за време на изборниот процес кои согласно со законот не завршува само со деновите на гласање туку со чинот на верификувањето на мандатот на новоизбраните претседател на државата, градоначалници и членови на советот. Во врска со започнатите и најавените градби на инфраструктурни објекти од страна на Владата на РМ по кои Државната комисија отвори предмет и побара информации согласно со својата методологија на работа што важи за сите субјекти во овој период, и деновиве доби целосен одговор на сите поставени прашања што се однесуваат на донесувањето на Годишна програма за тековната година за инвестициони и други градежни зафати, на обезбедувањето наменски буџетски средства, како што произлегува од Законот за спречување на корупцијата, како и на рокот за започнување и завршување на инвестициите и на постапката за склучување договори со изведувачи на ваквите зафати.Врз основа на  увидот во документацијата ДКСК констатира дека е постапено во согласност со член 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и со законските норми што се однесуваат на постапката за спроведување на ваква програма. Што се однесува до тендерот распишан од Министерството за транспорт и врски за набавка на 302 двокатни автобуси за кој во рамките на своето постапување ДКСК упати укажување за запирање на натамошните активности со цел проверка на потребната документација, до Државната комисија е доставена соодветна информација така што постапувањето ќе биде затворено во наредните денови. Кон четирите во јавноста веќе соопштени случаи со индиции за поткуп на избирачи, деновиве е приклучено и известувањето што ДКСК го упати до Јавното обвинителство на РМ како и до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција што се однесува на основано сомневање за сторено дело преку префрлање пари на граѓани во општина Ресен и на здружение на граѓани од село Подмочани од буџетот на општина Ресен. Со оглед на тоа што до сега до ДКСК не се доставени бараните известувања за проверка на законитоста во изведувањето на градежни зафати во општина во која за избор на градоначалник ќе се гласа и во вториот круг, Државната комисија, постапувајќи согласно со својата методологија, заклучи да поведе постапка за одговорност.   
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет во врска со градежните зафати врз објектот “Езерце” во градскиот парк во Скопје и побара информација и надлежно постапување од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и на општина Центар. 
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo