Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Соопштение од прес конференција
Соопштение од прес конференција Испечати Е-пошта

logo-kontakt_5015.05.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со членот 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе пет Иницијативи за поведување постапка за кривично гонење на:

 

  • одговорни - службени лица во Јавната научна установа „Институт за јужни земјоделски култури“  Струмица, поради незаконитости во материјалното и финансиското работење во 2004, 2005 и 2006 година;
  • функционерот, кој раководи со општинската администрација на локалната самоуправа Тетово (градоначалникот) и службени лица од Агенцијата за државни службеници бидејќи без спроведена постапка за вработување донесени се повеќе решенија за унапредување-вработување;
  • одговорни лица (поранешни)директори на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, директори на Подрачни единици, членови на Управниот одбор, членови на одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие и други одговорни лица во периодот од 2000 до 2006 година;
  • одговорните лица в.д. директор со неограничени овластувања, членови на Управниот одбор и на други одговорни лица на Јавната Здравствена Организација  Градска аптека Скопје – Скопје во периодот од 2001 до 2006 година;
  • раководни службени лица од друштвото Интекс АД Скопје поради сторени незаконитости во текот на спроведувањето на постапката за трансформација на претпријатието;   

Јавната научна установа „Институт за јужни земјоделски култури“  Струмица

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен во врска со незаконитости во материјалното и финансиското работење на Јавната научна установа „Институт за јужни земјоделски култури“  Струмица, по разгледување на целокупната документација, со која располага, вклучувајќи го и Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи-сметка за средства од буџетот на Република Македонија за 2005 година и сметка за приходи од самофинансирачки активности за 2005 година и Конечниот извештај од Министерството за финансии-Сектор за јавна внатрешна финансиска контрола за извршена ревизија на регуларноста на материјално-финансиското работење, на ден 12.05.2009 година, согласно со член 49 став 1 алинеја 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни - службени лица во ЈНУ „Институт за јужни земјоделски култури“ Струмица, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Одговорните-службените лица од споменатата научна установа, ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што овозможиле незаконско, нетранспарентно и ненаменско трошење на средствата, кои претставуваат државни расходи за 2004, 2005 и 2006 година, односно во текот на споменатите години спровеле постапки за јавни набавки спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, со што нанеле штета на средствата на Јавната научна установа.    

Локалната самоуправа Тетово

Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен во врска со укажувања за повреда на одредбите од Законот за државните службеници во повеќе случаи на унапредувања-засновање на работен однос на работно место во повисоко звање, без спроведена постапка, во општинската администрација на локалната самоуправа Тетово, по разгледување на целокупната документација со која располага, на ден 12.04.2009 година, донесе заклучок согласно со член 49 став 1 алинеја 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на функционерот кој раководи со општинската администрација на локалната самоуправа Тетово (градоначалникот на општината) и на службени лица од Агенцијата за државни службеници, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Функционерот, кој раководи со општинската администрација на локалната самоуправа Тетово (градоначалникот) ја искористил службената положба и овластување и без спроведена постапка за вработување, утврдена со одредбите од Законот за државните службеници, донел повеќе решенија за унапредување-вработување на повеќе лица како државни службеници на работни места во повисоки звања.

Службените лица од Агенцијата за државните службеници не ја извршиле својата службена должност, која произлегува од член 7 став 2 алинеа 8 од Законот за државните службеници на начин што пропуштиле да ја следат и да се грижат за единствена примена на законите и прописите што се однесуваат на државните службеници и да укажат на недоследностите во нивната примена..

Со ваквите дејствија е овозможено прибавување на противправна корист на државните службеници кои од работни места со пониски звања се унапредени-вработени на работни места со повисоки звања. 

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и

деловен простор на Република Македонија

Постапувајки во предмет оформен во врска со конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2005 година на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија – Скопје и во врска со материјали – договори и друга документација, доставени од страна Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на ден 08.02.2009 год., донесе заклучок до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорни лица (поранешни)директори на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, директори на Подрачни единици, членови на Управниот одбор, членови на одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие и други одговорни лица.

Постои основано сомневање дека, во периодот од 2000 до 2006 година, при вршењето на должноста директор, член(ови) на Управниот одбор и член(ови) на одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија, со неизвршување на својата службена должност, на тој начин што не ги превземале потребните мерки и активности за заштита на интересите и на средствата на јавното претпријатие и со тоа му нанеле штета на Јавното претпријатие за стопанисување  со станбен и деловен простор на Република Македонија, а притоа за себе или за друг прибавиле имотна корист. 
 

Јавната Здравствена Организација  Градска аптека Скопје

Државната комисија за спречување на корупцијата, на седницата одржана на ден 08.02.2009 год., донесе заклучок до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Јавниот обвинител на Република Македонија да достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорните лица в.д. директор со неограничени овластувања, членови на Управниот одбор и на други одговорни лица на Јавната Здравствена Организација  Градска аптека Скопје – Скопје бидејки постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија, затоа што при вршењето на должноста и остварувањето на овластувањата на директор и член(ови) на Управниот одбор на Јавната Здравствена Организација Градска аптека Скопје  - Скопје со цел остварување незаконска имотна корист и тоа:

- во периодот 2001-2006 година , раководеле и управувале со средствата на ЈЗО, на тој начин што не ги превземале потребните мерки и активности за заштита на интересите и на средствата на ЈЗО и извршиле отпис на побарувања на ЈЗО во вкупна висина од 73.930.000,00 денари  со што на ЈЗО и нанеле значителна штета и предизвикале искажување на загуба во работењето,

- во  периодот 2003-2005 година без обезбедени средства од Фондот за здравствено осигурување, превземале обврска за плаќање во износ од 51.382.000,00 денари – обврски кон второрангирани добавувачи по тендер од ФЗО; одобриле и незаконски исплатиле позајмица во износ од 447.000,00 денари; во постапките за јавни набавки не склучиле договор за групна набавка со ФЗО и незаконски спровеле постапки за јавни набавки во износ од 5.209.000,00 денари  и

-  сторени повеќе повреди на законите во процесот на приватизација.

Севкупно гледано, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека одговорните лица на ЈЗО Градска аптека Скопје – Скопје постапиле спротивно на член 3 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, според кој секој е должен во вршењето на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба да постапува совесно, стручно, одговорно, ефикасно и непристрасно, како и дека го повредиле начелото на законитост од ченот 2 став 1 и 2  од Законот за спречување на корупцијата што е основа за сомневање дека сториле кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија, па оттаму и му предлага на јавното обвинителство  да поведе постапка за нивно кривично гонење. 

Интекс АД Скопје 

Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со своите надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата постапуваше по претставка доставена акционери во акционерското друштво Интекс АД Скопје  во која се укажува за сторени злоупотреби на службената положба и овластување од страна на раководни службени лица од друштвото Интекс АД Скопје сторени во текот на спроведувањето на постапката за трансформација на претпријатието  започната на 06.02.1995 година. По разгледување на претставката и материјалните докази, на ден 09.05.2009 година    согласно член 49 став 1 алинеа 6 в.в. со член 3 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата (Службен весник на РМ, бр.28/02, 46/04, 126/06 и 10/08)  до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење на раководни лица од претпријатието Интекс АД Скопје со државен капитал бидејќи постои основа за  сомневање дека сториле кривично дело – “Злоупотреба на службена положба и овластување” од член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што искористувајќи ја својата службена положба и овластување во постапката за трансформација на претпријатието постапиле спротивно на одредбите од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, односно трансформацијата на претпријатието била спроведена незаконито, со што истите оствариле лична корист и нанеле штета на државниот капитал.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo