Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

Годишна конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата

dksk konferencija 2009 019_thumb25.06.2009
Државната комисија за спречување на корупцијата на 25 јуни 2009 година ја одржа Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На Конференцијата учествуваа претставници од институциите  вклучени во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државната програма.   Претседателот на Државната комисија  г-ѓа Мирјана Димовска, по отворањето на Конференцијата презентираше општа слика на реализацијата на активностите од Државната програма и посочи дека оваа година е евидентен напредокот во остварувањето на активностите со процент на реализација 39%, за разлика од првата година кога беа завршени 31% од активностите.
На Конференцијата свое обраќање имаа и Потпретседателот на Собранието на dksk konferencija 2009 018_thumbРепублика Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска, г-дин Dwaine Lee, директор на Канцеларијата за демократски развој и образование на УСАИД во Република Македонија како и претставникот на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г-дин Patrick Paquet.
По презентација на реализацијата на активностите по столбови, при што посебен акцент беше ставен на делумно реализираните и нереализираните активности, учесниците имаа можност преку отворена дискусија да укажат на причините поради кои одредени активности не се реализирани или делумно се реализирале.

Од Втората годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, со партиципација на учесниците на  конференцијата, произлегоа следните заклучоци.

  1. Учесниците на конференцијата констатираа дека е евидентен напредокот во остварувањето на активностите од Државната програма што се потврдува со фактот што за разлика од првата година кога беа завршени 31% од активностите, во втората година од краткорочниот период процентот е зголемен на 39%. Кога ќе се земат предвид и делумно завршените активности произлегува дека успешноста во реализацијата е 71%.
  2. Во исто време силно се потврди ефикасноста на следењето на реализацијата на Државната програма така што од минатогодишните 14% сега за само 4% од активностите не се добиени податоци од номинираните институции и лица.
  3. Во 2009 се направени буџетски алокации за реализација на задачите што е потврда за создадените неопходни предуслови за целосна реализација на задачите што двојно ја зголемува критиката кон носителите на неостварените и делумно остварените активности.
  4. Се констатира бавно реализирање или нереализирање на задачите од Столбот 1:Политички систем, собрание и политички партии,  кои имаат силно влијание врз развивање на нови процеси и во други сегменти од системот. ДКСК прифаќа да ги зголеми напорите и да ги поттикне Владата и Собранието на поактивен и поажурен однос.
  5. Учесниците во следењето на Државната програма треба и дополнително да посочат дали и каде е пројавен формален пристап па и покрај прикажаното како реализирана активност не е направена во суштинска смисла планираната интервенција односно активноста каква што е утврдена во програмата.
  6. Со оглед на вонредно ниското ниво на остварување на задачите од Столбот 6:Граѓанско општество,медиуми и синдикати,  ќе мора да се придобијат сите релевантни институции за започнување на потребните промени во сферата на медиумите,граѓанските здруженија и синдикатот каде што постојат силни спреги на висококонцентрирана моќ што е пречка за позитивни промени.
  7. ДКСК се поттикнува да го зголеми притисокот врз сите институции за извршување на задачите од програмата особено за ажурирање на временските рокови утврдени во неа.
  8. ДКСК ќе ја препрочита Државната програма од аспект на разглобување на одделни комплексни активности што содржат повеќе дејствија во себе со цел полесно следење на нивната реализација. Тоа значи истовремено дека ќе се изврши допрецизирање, дополнување и евентуално редефинирање на оддлени активности за што  веднаш ќе ги извести сите учесници во програмата. Констатирано е дека такви евентуални интервенции би се направиле само на неколку пунктови во форма на препораки до институциите задолжени за реализирање на програмските активности.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo