Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта

dksk_logo15.09.2009  Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи во рамките на своите законски надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата, согласно со член 14 став 2 од истиот закон, во 4 случаи достави писмено известување до надлежниот јавен обвинител за постоење на основи за сомневање дека, во периодот од донесување на Одлука за распишување на избори, па се до завршување на изборот за претседател на Република Македонија, како и од денот на донесување на Одлука за распишување на избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и на градот Скопје, се извршени дејствија од член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата – поткуп при избори и гласање.

  1. Поради постоење на основа за сомневање дека во општина Дебар во текот на изборниот процес се извршени дејствија од член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, Државната комисија писмено го извести Основното јавно обвинителство во Дебар.
    Во врска со ваквото известување Основното јавно обвинителство Дебар ја извести ДКСК дека истото е доставено на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Гостивар.
    Основно јавно обвинителство Гостивар ја извести ДКСК дека до Полициска станица Дебар доставило барање за собирање на потребни известувања и податоци и дека по добивање  на писмениот извештај од Полициска станица Дебар писмено ќе ја извести ДКСК за преземените дејствија.
  2. Поради постоење на основа за сомневање дека во текот на изборниот процес во општина Ресен се извршени дејствија од член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, Државната комисија  писмено го извести Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Во врска со ваквото известување Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести ДКСК дека истото е доставено на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Битола.
    Основното јавно обвинителство Битола писмено ја извести ДКСК дека до Секторот за внатрешни работи Битола е поднесено барање за собирање на потребни известувања и дека по добивање на известувањата ќе биде донесена соодветна јавно обвинителска одлука.
  3. Поради постоење основа за сомневање дека во споменатиот период во општина Шуто Оризари се извршени дејствија од член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, Државната комисија писмено го извести Јавното обвинителство на Република Македонија.
    Јавното обвинителство на Република Македонија, во врска со ваквото известување, согласно со одредбите од Законот за спречување на корупцијата писмено ја извести Државната комисија дека истото е доставено на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.
  4. Поради постоење на основа за сомневање дека во споменатиот период во општината Демир Хисар, од страна на повеќе службени лица, се превземени дејствија, кои се во насока на поткупување на избирачи при избори, Државната комисија писмено го извести Јавното обвинителство на Република Македонија и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
    Споменатите јавни обивнителства, во врска со ваквото известување, согласно со одредбите од Законот за спречување на корупцијата писмено ја известија Државната комисија дека по истото постапува Основното јавно обвинителство Битола, кое започнало со превземање мерки и активности во рамките на своите надлежности. 
 
Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo