Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo21.01.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен по претставка, во врска со оглас за пополнување на работно место „наставник во одделенска настава“ на определено работно време, објавен на 16.01.2007 година и исправка од 19.01.2007 година во дневниот весник „Нова Македонија“,по разгледување на документацијата со која располага, на ден 08.02.2009 година донесе заклучок, согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство Кавадарци да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на З.Ј. поранешен директор на Основното училиште „Димката Ангелов-Габерот“ Кавадарци и на И.Б. државен инспектор за труд при Министерството за труд и социјална политика-ПЕ Кавадарци, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в од Кривичниот законик. З.Ј. како директор на споменатото училиште, спротивно на законските прописи за судир на интереси, по споменатиот оглас го примила својот син С.Ј. за наставник во одделенска настава.
Државниот инспектор за труд очигледно несовесно постапувал во вршењето на инспекцискиот надзор во посоченото училиште во врска со споменатиот оглас, неконстатирајќи очигледни повреди на одредбите од Законот за работни односи и одредбите од Законот за општата управна постапка во однос на траењето на рокот за поднесување пријава по огласот, поради кои и не е разгледувана пријавата на кандидат за учество на истиот.
Со тоа е овозможено стекнување противправна корист на блиско лице на директорот на посоченото училиште и нанесување штета на кандидатот на кого противправно не е разгледувано пријавувањето по огласот.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo