Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo21.10.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по предмет оформен по претставка, во која се укажува на повреда на одредбите од Законот за денационализација и одредите од Законот за општата управна постапка во постапката за издавање на одобрение за градба на административно-деловен објект „Јадран“ на ул.„Максим Горги“ б.б. Скопје на инвеститорот „Македонски телекомуникации“ АД Скопје, по разгледување на документацијата со која располага, како и на околностите на целиот случај, на ден 12.04.2009 година донесе заклучок, согласно со член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата, до Јавното обвинителство на Република Македонија и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од Министерството за транспорт и врски-Подрачна единица Центар Скопје, бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик.
Службените лица ја искористиле својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите од Законот за денационализација, на инвеститорот „Македонски телекомуникации“ АД Скопје, како и спротивно на рокот за обезбедување на одобрение за градба, (утврден во решението за доделување на градежно земјиште на користење со непосредна спогодба), му издале одобрение за градба на градежно неизградено земјиште предмет на денационализација, а за изградба на административно-деловен објект „Јадран“ на ул.„Максим Горги“ б.б. Скопје.
Истите не ја извршиле својата службена должност, на начин што, во предметот заведен по барање на инвеститорот „Македонски телекомуникации“ АД Скопје за издавање на одобрение за градба, по донесување на Заклучок, со кој е усвоено барањето за повторување на постапката и е одложено извршувањето на одобрението за градба се до донесување на одлука во повторената постапка, не спровеле повторна постапка за издавање на одобрение за градба, не донеле конкретен управен акт, ниту пак превзеле дејствија во насока на санкционирање на продолжување на бесправното градењето на административно-деловниот објект.
Со тоа му овозможиле на инвеститорот, спротивно на законските прописи да го изгради административно-деловниот објект, како и да го користи истиот без одобрение за употреба, а со тоа и да се стекне со противправна корист.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo