Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow Пратеничко прашање
Пратеничко прашање Испечати Е-пошта

logo-kontakt_5026.11.2009 Пратеникот Менде Диневски, на 77-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 05 ноември 2009 гоодина, постави пратеничко прашање, кое гласи:
“Почитувана претседателке, со вашето делување како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, целосно го загрозивте кредибилитетот на Антикорупциската комисија, која требаше да се справува со криминалот во Република Македонија. Не само што промовирате селективен пристап и двоен аршин во вашата работа, вие и понатаму зборувате и одлучувате за судир на интереси за сите останати, а притоа не сакате да го погледнете вашиот случај. Да потсетам, во исто време вие сте претседател на антикорупциска комисија, председател на невладина организација, медијатор, директор на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија. Можеме да ве видиме во својство на новинар како правите интервју со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а само по две минути потоа да се појавите на истиот сервис како прв антикорупционер.

Вие сте школски пример за конфликт на интереси и навистина незнам зошто не нашле место во Македонската енциклопедија за вас како негативен пример на една жена која има 100 функции. Да ве потсетам, ги амнестиравте министерката Јакуловска за панцирите, не смеете да ги погледате ревизорските извештаи за министерот за правда, на Министерството за надворешни работи, за дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ како што е градоначалникот на општина Битола, за Груевски да не зборуваме, а постојано ја замајувате јавноста со одредени ветувања кои никогаш не ги остварувате. За ревизорскиот извештај на Владата и Министерството за транспорт и врски експресно оценивте дека нема криминал и судир на интереси, иако од страна на ревизорот беа посочени бројни злоупотреби. Без никаква јавност исклучиво за потребите на ВМРО-ДПМНЕ на самиот ден на интерпелацијата на Миле Јанакиески, само за потребите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се дистрибуираше извештај во кој стои дека министерот за транспорт и врски нема никави злоупотреби.
Затоа ве повикуваме и сакаме да ни одговорите за што ве плаќаат македонските граѓани од своите џепови. Дали ова не е злоупотреба на функцијата која ја обавувате за политички цели, дали вашата единствена задача е да го амнестирате и прикриете криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и последно, со што ве задолжи премиерот Никола Груевски да ја претворите борбата со криминалот во лов на вештерки и за едни во Република Македонија да сте мајка, за други маќеа.
Прашањето го поставувам до претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата”.

Државната комисија за спречување на корупцијата, на поставеното пратеничко прашање, го дава следниот одговор:
Државната комисија за спречување на корупцијата работи и своите одлуки ги донесува едногласно со учество на целиот нејзин состав и сите одлуки досега ги има донесено на седници (од февруари 2007 до сега се одржани вкупно 210 седници) по темелно разгледување и аргументирање на секое прашање.Познато е дека претседателот на Државната комисија нема посебни овластувања па оттаму прашањата што се однесуваат на нејзината работа Државната комисија ги прима како прашања кон целата Државна комисија.
На посоченото во врска со ревизорските извештаи треба да се има предвид фактот дека Државниот завод за ревизија своите извештаи ги објавува јавно  и по сопствено наоѓање ги доставува до повеќе институции, посочувајќи на состојби од нивната надлежност, што значи секоја институција извештаите ги гледа и може да ги користи од аспект на свое надлежно постапување. Во таа смисла ДКСК во врска со извештаите, дополнително обезбедувајќи соодветни информации и докази, гради иницијативи меѓу кои оние за кривично гонење му ги упатува на единствено надлежниот државен орган – Јавниот обвинител, кој решава дали ќе поведе истражно – обвинителска постапка или не.
Како потврда за работата на Државната комисија е податокот дека во изминатите 2 и пол години од вкупно поднесените 44 иницијативи со сомнеж за кривични дела од коруптивен карактер, 14 се во врска со ревизорските извештаи.Што се однесува до извештаите споменати во пратеничкото прашање, Државната комисија го заврши постапувањето по трите ревизорски извештаи на Министерството за транспорт и врски и својата одлука ја објави на својата ВЕБ страница, а за другите случаи постапките се во тек и откако ќе бидат завршени одлуките ќе бидат на истиот начин јавно објавени.
Околу споменатата јавна набавка на Министерството за внатрешни работи, Државната комисија донесе одлука и истата ја објави на својата ВЕБ страница.Во врска со прашањето “за што ве плаќаат македонските граѓани од своите џебови”, ДКСК ја користи можноста да го соопшти фактот дека како материјален ефект од нејзиното постапување и тоа само за 6 предмети покренати од ДКСК за кои досега има повратна информација, во државната каса се слеани над 77.000.000 денари по основ на ненаплатени даноци и непријавени и неоданочени приходи.Тоа споредено со целиот годишен буџет на ДКСК значи реализација на износ на 4 до 5 нејзини годишни буџети.
Државната комисија како надлежна институција за спроведување на Законот за спречување судир на интереси повеќе пати досега има дадено аргументиран одговор дека кај претседателот на Државната комисија нема никаков судир на интереси. Оваа оценка произлегува од релевантни и проверливи факти.Серијата, на најблаго речено, неточности и игнорирања на законот во пратеничкото прашање, со цел издејствување на спротивна констатација, е во функција на континуираната јавна дисквалификација и обид за дискредитација на личноста на претседателот со евидентни кривично правни квалификации и елементи.
Сето ова е со цел да се врши притисок врз Државната комисија за спречување на корупцијата како институција што е спротивно на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата ратификувана од Република Македонија.Државната комисија за спречување на корупцијата постапува и ќе постапува во согласност со Законот за спречување на корупцијата од позиција на самостојна и независна институција во вршењето на нејзините законски утврдени надлежности.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo