|
Меѓународниот ден за борба против корупцијата |
|
|
|
09. 12. 2009 Државната комисија за спречување на корупцијата и UNDP, на пригоден начин го одбележаа 9-ти декември, Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Во првиот дел Михаела Стојковска, раководител на програмата за добро управување на UNDP, Мирјана Димовска, преседател на ДКСК и Изет Меџити, потпреседател на ЗЕЛС се осврнаа на активностите што секоја од овие институции и организации ги преземаат на полето на спречувањето на корупцијата. Потоа беа промовирани прирачници за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за Конвенцијата на ОН против корупцијата и за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во вториот дел од настанот беше одржана тркалезна маса на тема „Борбата против корупцијата – предизвици и можности за истражувачкото новинарство“.
|