| Известување |
|
|
|
Во Службен весник на РМ бр.146 од 07. 12. 2009 година е објавен Правилникот за формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси со што службените лица во Република Македонија се во обврска да пополнат и поднесат Изјава за интереси. Обврската од законот се однесува на постојните избрани и наименувани лица и на државните службеници и вработените кои во рок од 3 месеци од примената на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за интереси, односно од неговото објавување во Службен весник на РМ се должни да пополнат и достават Изјава за интереси. Обврскa за пополнување и доставување Изјава за интереси имаат и службените лица односно избраните и наименуваните лица по 07. 12. 2009 година и државните службеници и вработените кои по 07. 12. 2009 година ќе засноваат работен однос и тоа во рок од 30 дена. Службени лица согласно со Законот сe: а) Претседателот на Република Македонија, пратениците, градоначалниците, амбасадорите и други наименувани лица на Република Македонија во странство, избрани и наименувани лица од и во Собранието и Владата на Република Македонија, избрани и наименувани лица во органите на државната управа и други државни органи, органите на судската власт, јавните претпријатија, јавните установи, и други прави лица на централната и локалната власт, советниците во советите на општините и советниците во советот на Град Скопје. Овие службени лица пополнетата Изјава за интереси треба да ја достават до Државната комисија за спречување на корупцијата. б) Државните службеници и вработените во органите на државната управа и други државни органи, органите на судската власт, јавните претпријатија, јавните установи и други правни лица на централната и локалната власт, како и лица вработени преку агенциите за привремено вработување со овластување утврдени со закон. Овие службени лица пополнетата Изјава за интереси треба да ја достават во органите во кои ги извршуваат нивните должности односно каде што се вработени. Образецот на Изјавата за интереси е објавен на WEB страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата (www.dksk.org.mk ). Службените лица образецот може да го превземат од WEB страницата на Државната комисија. Доколку од објективни причини тоа не се во можност, образец од Изјавата за интереси може да се побара во седиштето на Државната комисија за спречување на корупцијата на ул. Даме Груев бр.1 во Скопје. Изјавата за интереси службеното лице ја пополнува и потпишува лично согласно со напатствијата дадени во соодветниот образец. Истата се доставува лично или со препорачана пратка. |
| < Претходно | Следно > |
|---|