|
Обука за Изјава за интереси |
|
|
|
24.12.2009 Државната комисија за спречување на корупцијата ја одржа првата од серијата обуки за практична примена на институтот Изјава за интереси, наменета за службените лица задолжени за прибирање и евидентирање на изјавите на вработените во државните органи. Согласно со Законот за измена и дополнување на Законот за спречување судир на интереси по прв пат се воспостави обрска за службените лица во Република Македонија за пополнување и доставување Изјава за интереси.
Во Службен весник на РМ бр.146 од 07. 12. 2009 година е објавен Правилникот за формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси со што службените лица во Република Македонија се во обврска да пополнат и поднесат Изјава за интереси.
Со цел реализирање на оваа обврска, ДКСК во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 24. 12. 2009 година одржа обука за одговорните лица од министерствата и органите во нивен состав, како и од институциите потписници на Протоколот за соработка за спречување на корупцијата и судирот на интереси. На обуката присуствуваа повеќе од 80 претставници.
Погледни презентација
|