Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo15.02.2010 Врз основа на член 49 став 1 алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата (,,Сл.Весник на Р.Македонија,, бр. 28/02, 46/04, 126/06, 10/08 и 161/08), постапувајки по предмет оформен врз основа на доставено известување засновано на Конечниот извештај, на Државниот завод за ревизија, за извршена ревизија на финансиските извештаи на органот на  општина Чегране за 2004 година, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок до Јавното обвинителство да достави Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на  одговорното лице - градоначалник и на други  одговорни службени лица на поранешната општина Чегране бидејки постои основано сомневање дека во текот на 2004 година се сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од истиот член и Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Во општина Чегране во 2004 година :
  • биле извршени набавки во вредност од 1.587.000,00 денари, спротивно на Законот за јавни набаки,  без да биде спроведена соодветна постапка за јавни набавки, без склучен договор, врз основа на сметкопотврди или со поделба на набавката на неколку добавувачи 
  • биле направени недокументирани расходи во износ од 1.905.000,00  денари за реконструкција на патишта – тампонирање и асфалтирање на улици, крпење на ударни дупки и зимско орджување на патишта и при тоа дел од исплатите се вршеле во готово, преку благајната
  • биле вршени незаконски, недокументирани и непотврдени исплати на плати,  надоместоци и функционерски додатоци, надоместоци по основ на договори за дело, исплати на спортски клубови, на културно уметнички друштва и на физички лица во вкупен износ од 622.000,00 денари
Поради се горе наведено, кај Државната комисија за спречување на корупцијата постои сомневање за коруптивни располагања и за злоупотреби на  средствата на општината, па оттаму и му се предлага на јавното обвинителство  да поведе постапка за кривично гонење на одговорните лица.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo