Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo20.04.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата одржа Прес конференција на која ги информираше медиумите за своите тековни активности, и тоа:
  •  За евентуална состојба на судир на интереси на вицепремиерот Васко Наумовски по неговото вработување на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје;
  • По укажувања за несовесно и незаконито вршење на службената должност од страна на службени лица вработени во администрацијата на Градот Скопје - Секторот за сообраќај;
  • За обврската на службените лица за поднесување на Изјава за интереси.
***
Државната комисија за спречување на корупцијата извршувајќи ги своите законски надлежности, по сопствена иницијатива, а во врска со јавно изнесените наводи во медиумите за евентуална состојба на судир на интереси на вицепремиерот Васко Наумовски по неговото вработување на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, во насока на утврдување на правилна и целосна фактичка состојба во конкретниот случај, од Правниот факултет и лично од Г-динот Васко Наумовски, побара и навремено, во законските рокови, ги доби бараните податоци, информации и документација, по што ја утврди следната фактичка состојба:
 
  •  По добиена согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства за вработување, Наставно-научниот совет на Факултетот, на 21.12.2009 година донел одлука за распишување конкурс за избор на наставник во сите наставно-научни звања на научната област применети политички науки на политички студии на наведениот Факултет.
  • Врз основа на тоа бил распишан конкурсот во два дневни весници. На јавно распишаниот конкурс се јавил само еден кандидат и тоа Г-дин Васко Наумовски кој дотогаш бил доцент на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии на Њу Јорк Универзитетот во Скопје.
  • За спроведување на постапката, Наставно научниот совет на Правниот факултет, на 29 јануари 2010 година, едногласно донел одлука за формирање на Рецензентска комисија.
  • Рецензентската комисија доставила реферат за избор на наставник во сите наставно-научни звања на научната област применети политички науки на политички студии на наведениот Факултет со кој заклучуваат и предлагаат Наставно научниот совет на Правниот факултет да го избере Д-р Васко Наумовски во наставно научното звање ДОЦЕНТ НА НАУЧНАТА ОБЛАСТ ПРИМЕНЕТИ ПОЛИТИЧКИ НАУКИ.
  • Наставно-научниот совет на Правниот факултет, на седницата одржана на      24 март, 2010 година, со мнозинство гласови од неговите членови, односно од вкупно 46 наставници присутни биле 37 од кои 25 наставници гласале “ЗА”, само еден “ПРОТИВ” и седум наставници биле “ВОЗДРЖАНИ”, донел одлука за избор на д-р Васко Наумовски во наставно-научно звање доцент на научната област применети политички науки.
  • Одлуката на Наставно научниот совет е конечна
  • Ваквата одлука е основ за засновање на работен однос но самата како таква не подразбира дека работниот однос е заснован.
  • Работниот однос не бил заснован бидејки на 30 март, 2010 година, деканот на правниот факултет донел Решение со кое на избраниот кандидат, Васко Наумовски му мирува ангажманот како доцент на правниот факултет во перидот додека избраното лице ја извршува функцијата Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и тоа поради неспијливост за вршење на други јавни фиункции или професии согласно член 89 од Уставот на Република Македонија.
По вака утврдената фактичка состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата констатира дека во конкретниот случај, кај Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, Васко Наумовски не постои судир на интереси.
 
Ваквата констатација Државната комисија за спречување на корупцијата ја заснова врз неколку битни моменти:
  1. Г-динот Васко Наумовски и покрај тоа што е избран, не засновал работен однос во Правниот факултет Јустинијан Први” во Скопје со што е избегната евентуалната ситуација на неспојливост на функции и судир на интереси.
  2. Со тоа што е избран, Г-дин Наумовски не е работно ангажиран и од Факултетот не остварува никакови дополнителни примања.
  3. На јавно распишаниот конкурс се јавил само Г-дин Наумовски со што не стои сомнението дека тој по пат на евентуални влијанија придонел да биде избран од страна на Наставно научниот совет на Факултетот. Доколку имаше други пријавени кандидати тоа битно ќе ја менуваше фактичката состојба од сегашната.
***
 
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет оформен по претставки во кои се  укажува на несовесно и незаконито вршење на службената должност од страна на службени лица вработени во администрацијата на Градот Скопје, поточно во Секторот за сообраќај, по проучување на наводите од претставката, приложените материјални докази, донесе заклучок согласно со член 49 став1  алинеа 6 од Законот за спречување на корупцијата  до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на службени лица од администрацијата на Град Скопје бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување” од член 353  и “Несовесно постапување во службата” од член 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија.
Службените лица ја искористиле својата службена положба на начин што лицето Ѓорѓи Тодоров како вработен во администрација на Град Скопје, на работно место советник за планирање и развој на сообраќајот и задолжен да ги  извршува работните задачи за одобрување на сообраќајни решенија за утврдување на режимот на сообраќајот, одобрувал сообраќајни проекти за утврдување на режим на сообраќај, кои претходно самиот преку сопствената фирма Спектрум-Инжинеринг ДООЕЛ Скопје ги изготвувал. 
Од другата страна, лицето Јован Христовски ги поддржувал дејствијата превземени од службеното лице Ѓорѓи Тодоров на начин што во својство на раководител на сектор за сообраќај во Градот Скопје и непосредно претпоставен на лицето Ѓорѓи Тодоров  ги потпишувал дописите со кои Градот Скопје  во смисла на член 392 од Законот за безбедност на сообраќајот, до Министерството за внатрешни работи ги доставувал основните проекти изработени од фирмата на вработениот Ѓорѓи Тодоров  за добивање согласност за истите. 
Со наведените дејствија овие службени лица извршиле злоупотреба и несовесно постапувале при извршување на своите службени овластувања и должности,  со што за себе прибавиле противправна корист.
 
Согласно Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе побара од лицето Ѓорѓи Тодоров да превземе чекори во насока на излегување, односно отстранување на состојбата на судир на интереси во која тој се наоѓа со претходно изнесениот начин на работење со што приватниот/личниот интерес го ставал над јавниот интерес.
 
Исто така, со цел информирање и побрзо надминување на ваквата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го извести и Градоначалникот на Град Скопје за погоренаведените мерки на Државната комисија против службените лица вработени во неговата администрација.
 
***
 
Со измените и дополнувањата на Законот за спречување судир на интереси од 18.09.2009 гоина, како што знаете, за прв пат се воспостави обрска за службените лица во Република Македонија да пополнат и достават Изјава за интереси во која службените лица, односно избраните и наименуваните функционери, државните службеници и вработените ги внесуваат податоците за своите ангажмани и интереси и ангажманите и интересите на своите блиски лица.
Со објавувањето на Правилникот за формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси во Службен весник од 07.12.2009 година, започна  да тече законски утврдениот рок, постојните избрани и наименувани лица, државните службеници и вработените да пополнат и поднесат Изјава за интереси.
Со оглед на тоа што на 07 март 2010 година истече рокот за доставување на Изјавите за интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата е во фаза на градење на дата базата во смисла на утврдување на бројот на лица кои имаат обврска за доставување на изјави за интереси до Државната комисија, потоа за бројот на лица кои ја исполниле обврската за доставување на изјавите како и за бројот на оние лица кои не доставиле, односно не ја исполниле законската обврска за доставување на изјави за интереси.
Во врска со службените лица кои што не ја исполниле оваа обврска, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе иницира покренување прекршочни постапки. Како што ви е познато, глобата за тоа е од 1000 до 3000 евра.
Сакам исто така да ве известам дека функцијата на корисна алатка во постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата по предметите од областа на судир на интереси во практика веќе профункционира.
Работејки по предмети од областа на судир на интереси, значително ни се скратува времето на постапување бидејки значајни информации кои ни се потребни при нашето постапување веќе ги наоѓаме во Изјавите за интереси. Тоа најчесто значи елиминирање на вообичаената потреба за дополнителни обраќања до државни органи и до службените лица за прибирање на потребните податоци и информации за одредени случаи.
 
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo