Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
Вработување на синот на Чедомир Краљевски, Претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на своите со закон утврдени надлежности постапуваше по предмет за евентуален судир на интереси на Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски поради вработувањето на неговиот син Драган Краљевски во Македонски телеком АД Скопје.
Врз основа на прибавените информации и документацијата, Државната комисија за спречување на корупцијата  утврди дека во конкретниот случај не постои судир на интереси.
Ваквиот заклучок се заснова врз следните факти:
  • при временото вработување на лицето Драган Краљевски, инаку син на  Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата -Чедомир Краљевски постапката била спроведена согласно со законските  одредби и интерните процедури на Македонски телеком АД Скопје и Агенцијата за привремени вработување Хема- Консалтинг Скопје. Имено, синот на Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски во Македонски телеком АД Скопје е вработен преку Агенцијата за привремени вработувања “Хема- Консалтинг” Скопје,                 
  • вработувањето е направено за потребите на Македонски телеком АД Скопје  поради испразнето работно место во компанијата;
  • се работи за работното место Специјалист за складирање и заштита на податоци во Секторот за управување со Дата Центар и системи за оперативна поддршка во рамките  на Директоратот за ИТ активности;                
  • вработувањето  е реализирано на определено време, за период од три месеци;               
  • во постапката за избор на работник за соодветното работно место учествувале тројца кандидати;                   
  • постапката за  пополнување на испразнетото работно место  е спроведена во  согласност со интерните процедури на компанијата, по пат на внатрешен оглас, и преку пребарување на базата на кандидати кои се пријавиле по електронски пат на  официјалната ВЕБ страна на  Македонски телеком АД Скопје;               
  • извршена е проверка на формалните услови за вработување и спроведено  техничко интервју (тестирање)  на пријавените кандидати, после што е утврдено дека лицето Драган Краљевски  најсоодветно ги задоволува  барањата за конкретното работно место;               
  • по спроведеното тестирање и извршениот избор пристапено е кон засновање на  привремено вработување со лицето Драган Краљевски;             
    • привременото вработување е реализирано во Агенцијата за привремени вработувања Хема-консалтинг Скопје, за потребите на Македонски телеком АД Скопје, сметано од 16.03.2010 година, за период од три месеци на работно место  Специјалист за складирање и заштита на податоци во Секторот за управување со Дата Центар и системи за оперативна поддршка во рамките Директоратот за ИТ активности.
Оттаму произлегува дека во конкретниот случај не постои судир на интереси од причини што Претседателот на комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски  не влијаел, ниту имал можност преку извршување на своите јавни овластувања и должности да влијае при реализацијата на вработувањето.                              
Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека согласно со член 23 став 2 од Законот за спречување судир на интереси постапката по предметот за утврдување судир на интереси се запира.

*  *  *  *                     
Државната комисија за спречување на корупцијата исто така констатира дека  Чедомир Краљевски во конкретниот случај  не ја почитувал одредбата  од член 29 став 2 од Законот за спречување на корупцијата во која е утврдено дека “ Избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа  или друго правно лице што располага со државен капитал е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување, вработување или унапредување на член на неговото семејство во државен орган, орган на локалната самоуправа, јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, во рок од десет дена  по извршениот избор, именување, унапредување или вработување”, поради што Државната комисија заклучи против именуваниот да поведе прекршочна постапка  согласно со член 63 од истиот закон.
 
С к о п ј е
10.05.2010
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo