Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Следење на имотна состојба arrow Испитување на имот и имотна состојба
Испитување на имот и имотна состојба Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5013.05.2010 По поднесените иницијативи од Државната комисија за спречување на корупцијата за испитување на имот и имотната состојба, Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведена посталка согласно со членот 36 од Законот за спречување на корупцијата донесе решение со кое градоначалникот на општина Вранештица, Ванчо Србакоски се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи во износ од 216.497,00 денари. Во решението на Управата за јавни приходи стои дека во постапката за испитување на имот и имотна состојба лицето не докажа дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се пријавени и оданочени, односно не се докажа нивното потекло заради што се смета дека е нелегално стекнат имот и истиот подлежи на оданочување со стапка од 70%. По ова решение има право на жалба, а данокот е должен да го уплати во рок од 15 дена од неговата правосилност.
Во осум случаи Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје по спроведената постапка донесе Заклучок за запирање на постапката, бидејќи е утврдено дека лицата:
  •  Ќенан Хасипи, пратеник во Собрание на РМ;
  • Јасмина Јованов Трајковска, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
  • Зорица Шапуриќ Хорват, поранешен судија на Апелационен суд Скопје;
  • Шоип Фидани, поранешен претседател на Апелационен суд Гостивар;
  • Фидаил Салифовски, поранешен градоначалник на општина Пласница;
  • Владимир Наумовски, поранешен директор на Управата за спречување на перење пари;
  • Лидија Кушевска, поранешен судија на Основен суд Скопје II; и
  • Ристо Златев, царински службеник во Царинарница Гевгелија
се немаат стекнато и не поседуваат имотот кој е поголем од оданочените приходи, односно имотот кој го поседуваат потекнува од приходи кои биле предмет на оданочување и претставува легално стекнат имот.
На поранешниот градоначалник на општина Лозово, Јордан Павлов му е уважена жалбата и е намалена сумата од 206.422,00 на 185.423,00 денари со која се задолжува со персонален данок на доход по основа на непријавени неоданочени приходи.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo