Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Протокол за соработка arrow ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА
ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА Испечати Е-пошта
dksk_logo17.05.2010 Тргнувајки од својата со закон утврдена улога на предводник и еден вид потикнувач во борбата против корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во текот на 2007 година, во соработка и координација со неколку институции кои имаат одредени надлежности во справувањето со корупцијата и судирот на интереси, го изготви и предложи за потпишување Протоколот за соработка во борбата против корупцијата и судирот на интересите. Вкупно 11 институции, на 25.12.2007 година, го потпишаа Протоколот за соработка и истиот веќе бележи трета година од неговото спроведување. Во периодот потоа до сега на Протоколот дополнително му се приклучија уште 6 институции, со што во Протоколот се вклучени вкупно 17 институции.

Протоколот е предмет на постојана анализа за унапредување на соработката, координацијата и заедничкото дејствување. Во таа смисла најмалку еднаш годишно се сретнуваат институциите заради негова евалуација, координација и искуствени согледувања.

Токму поради тоа на 06 мај 2010 година Државната комисија за спречување на корупцијата организираше трета средба на институциите потписнички, на кој се изнесоа мислења за досегашната успешна соработка во размена на информации и документи, поефикасно постапување и беше сугерирано да се развиват и други форми на соработка. Стана збор за приклучување на други институции кои би можеле да придонесат во борбата против корупцијата.

На работниот состанок присуствуваа претставници од 15 институции потписнички на Протоколот.

  •  Државната комисија за спречување на корупцијата
  • Управата за јавни приходи
  • Јавното обвинителство на Република Македонија
  • Државно правобранителство на Република Македонија
  • Судски  совет на РМ
  • Министерството за внатрешни работи
  • Државниот завод за ревизија
  • Царинската управа
  • Управа за спречување на перење пари и на финансирање тероризам
  • Државниот завод за геодетски работи
  • Совет на јавни обвинители на РМ
  • Совет за радиодифузија
  • Комисијата за хартии од вредност
  • Бирото за јавни набавки
  • Државната изборна комисија
Воведно обраќање на работниот состанок имаше Претседателот на ДКСК Илми Селами кој на почетокот се осврна на елементите на Протоколот и реализираните активности од изминатиот период помеѓу институциите потписници на Протоколот.
   
Прв во дискусијата се обрати директорот на Царинската управа Ванчо Каргов кој даде кус осврт на активностите кои се прават во унапредување на работењето во Царинската управа. Информираше за елекронското менаџирање со документите како нов систем на менаџирање со документите, електронско архивирање, стратешките планови, менаџирање со ризиците во ЦУ, при што ја нагласи неопходноста од постоењето на пишани процедури. Изрази подготвеност развиениот систем од својата институција во вид на проект  да го презентира и по потреба да го понуди заради имплементација на секоја институција која ке изрази спремност за користење на овој вид на електронско манаџирање и архивирањите  на документите. Претставници од неколку институции пројавија таков интерес и беше договорено истото да се реализира во непосреден договор со ЦУ.

Претставникот од УЈП Деса Анастасова укажа на проблемите со кои се соочува УЈП при спроведување на законските надлежности особено при спроведувањето на Законот за спречување на корупцијата, членот 36 постапката за испитување на имот и имотна состојба. Предложи вклучување на УЈП во работната група која ке работи на измените и дополнувањата на  Законот за спречување на корупцијата.

Директорот на ДЗР г-ѓата Тања Таневска се согласи со предходната дискусија на г-динот Каргов во делот на внатрешните контроли и потребата од внатрешни процедури во секоја институција за работењето, значењето на внатрешната ревизија и финансискиот менаџмент и контрола, како делови од систем на јавна внатрешна финансиска контрола. Го истакна значењето од постоење на Стратегија за менаџирање со ризици во секоја институција и акционен план за следење на реализацијата на таа стратегија. Искажа загриженост во делот на институционалната соработка особено при изготвувањето на законите. Посочи на појавата во одделни закони без консултирање на ДЗР и спротивно на надлежностите утврдени со законот за ДЗР, на Државниот завод да му се утврдуваат нови обврски. Укажа на потребата од барање на мислење од сите вклучени и заинтересирани страни при изготвување на закони, а на кои ќе се однесуваат тие закони.

Директорот на бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска укажа на активностите кои ги презема БЈРМ во насока на унапредување на работењето на секоја институција во делот на јавните набавки, а со тоа и намалување на просторот за корупција потенцирајки ја при тоа корупцијата во јавните набавки како една од најраспостранетите форми на корупција. Тука особено се задржа на обуките за службениците кои ги водат јавните набавки, на обучените обучувачи од различни  институции подготвени да вршат обука за јавните набавки на оние лица и институции  на кои им е потребна. Укажа и на договорената соработка со АДС во наредниот период. Ја презентираше идејата како следна активност да реализираат обуки за јавни набавки на повисоките раководни службеници, па дури и министри како примарни носители на јавните набавки. Ја нагласи потребата од меѓусебна стручна соработка помеѓу институциите во процесот на едукација и обука на човечките ресурси.

Адриана Скерлев Чакар од Советот за радиодифузија укажа на проблемите со судските постапки кои ги водат, но без завршница односно повеќето од нив застаруваат. За истото имаат доставено укажување до Судскиот совет и до претседателите на судовите, но без резултати. Во однос на унапредувањето на работата на Советот за радиодифузија укажа на постојаните обуки кои ги вршат на своите вработени најмалку еднаш годишно. Исто така со странска помош ангажиран е експерт кој ке врши скенирање на работата на Советот заради давање препораки и насоки за унапредување на работењето.

По изнесувањето на своите мислења и сугестии, инстиитуциите потписнички на Протоколот за соработка во борбата против корупцијата и судирот на интереси ги донесоа следните.
 
Заклучоци:
 
  • Протоколот за соработка на полето на превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси придонесе за унапредување на соработката помеѓу институциите кои се негови потписнички, што претставува потврда и остварување на искажаната заложба, волја и интерес од нивна страна.   
  • Интензивирањето на понатамошната меѓусебна соработката и координација останува да биде заложба за која во континуитет ќе се стремат институциите потписнички на овој Протокол како еден од главните предуслови за успешно справување со појавите на корупцијата и судирот на интереси.
  • Зголемувањето на ефикасноста и ажурноста во постапувањето и покажувањето на конкретни резултати и ефекти во справувањето со корупцијата и судирот на интереси претставува главен приоритет на понатамошната соработка помеѓу институциите потписнички на овој Протокол.
  • Потписниците на Протоколот се согласни да ги развијат и другите форми на соработка што ги нуди Протоколот какви што се заедничка тимска работа врз нови заеднички проекти и врз посложени предмети во практичната борба против корупцијата.
  • Во насока на поефикасна борба против корупцијата и судирот на интереси се оцени за корисно кон Протоколот да се приклучат на други институции кои се директно или индиректно вклучени во борбата против корупцијата и судирот на интереси.
  • Во функција на остварување на законската надлежност на ДКСК да дава мислења по закони, се нагласува потребата од меѓусебно информирање околу измените во законските и подзаконските акти.
 
 
 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo