Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
dksk_logo28.05.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на своите со закон утврдени надлежности постапуваше по предмет за утврдување евентуален судир на интереси кај Генералниот секретар на Владата на Република Македонија,  Кирил Божиновски, а во врска со неговите работни ангажмани во периодот на 2006 и 2007 година.
  Врз основа на прибавените информации и документацијата, Државната комисија за спречување на корупцијата  утврди дека во конкретниот случај не постои судир на интереси.
Ваквиот заклучок се заснова врз следните факти:
  • во перидот од месец октомври 2006 година до месец јули 2007 година     (заклучно со 19.07.2007 година), Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски бил вработен во Собранието на Република Македонија и  примал плата од Собранието на Република Македонија;
  • во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски се вработил сметано од 20.07.2007 година;
  • вработувањето било реализирано, без распишување на јавен оглас,  врз основа на спогодба  за  вработување склучена помеѓу Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија  на 11.07.2007 година и заверена под бр. 04-3228/1 од 11.07.2007 година;
  • работните задачи во Владата на Република Македонија  Кирил Божиновски  започнал да ги извршува сметано до 20.07.2007 година;
  • работниот однос бил заснован на работно место  - Раководител на сектор за меѓународни односи и соработка  со меѓународни институции.
Од наведеното произлегува дека во конкретниот случај не постои судир на интереси кај Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски од причини што не постои преклопување на неговите вработувања и паралелно извршување на работни должности во Владата на РМ и Собрабнието на РМ, па аналогно на тоа не постои и истовремено примање на плата од двете институции.
Во контекст на наведеното Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека согласно со член 23 став 2 од Законот за спречување судир на интереси постапката по предметот за утврдување судир на интереси кај Генералниот секретар на Владата на Република Македонија,  Кирил Божиновски се запира.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo