Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Судир на интереси arrow Судир на интереси
Судир на интереси Испечати Е-пошта
sudir_na_interesi10.06.2010 Постапувајки по предмети од областа на судирот на интереси, Државната комисија заспречување на корупцијата информира по следните предмети:
Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Република Македонија и претседател на Комисија за давање препораки за промена на цена на лековите.
Маја Митрова Стевановиќ,член на совет на општина Неготино и директор на Музеј на град Неготино
Атила Реџепи, член на совет на општина Тетово и ВД дирекотр на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
 
1. Г-дин Ванчо Каргов, истовремено извршува функција директор на Царинската управа на Република Македонија и претседател на Комисија формирана од Владата на Република Македонија за  давање препораки  за промена на цена на лековите, со што тој се наоѓа во состојба на судир на интереси. Ваквата состојба е спротивна на член 21 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и на одредбите од Законот за спречување судир на интереси кои не дозволуваат кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси.
Од овие причини, во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија  за спречување на корупцијата, во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси, се обрати лично до лицето Ванчо Каргов со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршува со што ќе ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.
 
2. Државната комисија за спречување на корупцијата  постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир  на интереси кај лицата Маја Митрова Стевановиќ и Атила Реџепи  поради извршување на две функции истовремено и тоа: Маја Митрова Стевановиќ функциите - член на совет на општина Неготино и директор на Музеј на град Неготино, а Атила Реџепи функциите член на совет на општина Тетово и ВД дирекотр на ЈЗУ Клиничка болница Тетово.Од овие причини во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија  за спречуваљњ на корупцијата во смисла на член  23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените лица  со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршувањето на едната  од двете функции кои во моментов ги извршуваат.Маја Митрова Стевановиќ и Атила Реџепи не постапија по барањето на Државната комисија, по што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена, која ја објави во средствата за јавно информирање.По објавување на изречената мерка, Маја Митрова Стевановиќ и Атила реџепи ја известија Државната комисија дека се откажале од една од функциите и тоа: Маја Митрова Стевановиќ од функцијата директор на Музеј на град Неготино, а Атила Реџепи од функцијата советник во советот на општина Тетово.Државната комисија констатира дека со превземените дејствија од наведените лица, откажување од едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат е постапено во духот на Законот за спречување судир на интереси и е постигната законската цел.
Интересен е фактот дека по изрекувањето на законските мерки во овие споменати случаи, се бележи значително зголемување на бројот на претставки/пријави за судир на интереси кои се доставуваат до Државната комисија. Тоа покрај другото говори и за превентивниот аспект на дејствувањето на Државната комисија, но и за подигнатото ниво на свест на граѓаните за пријавување на вакви случаи.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo