Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Агенција за странски инвестиции
Агенција за странски инвестиции Испечати Е-пошта
10.06.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствено наоѓање постапуваше по предмет оформен врз основа на Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на финансиските извештаи на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, за 2008 година.
По утврдена фактичка состојба, а особено од фактот дека во случајот не станува збор за некаква злоупотреба на функцијата и на средствата од буџетот на Агенцијата од страна на нејзиниот директор, Државната комисија заклучи да го заврши постапувањето по овој предмет со тоа што не најде елементи за нејзино надлежно постапување.

Во работата по овој извештај Државната комисија за спречување на корупцијата особено внимание посвети на наводите од извештајот кои при  читањето создаваат основи за сомневање за одредени прекршувања на законот. Тоа се наводите во врска со:
- ангажирањето, односно работењето на економските промотори во делот на следењето на работата на промоторите и прикажувањето на остварените резултати во привлекување и реализација на странски инвестициони проекти во Македонија.
- постапките за јавни набавки на авиобилети и др., со посебен акцент на постапката за набавка на дизајн и изработка на промотивен телевизиски спот за инвестирање во Македонија, за што биле наменети 5,472.000,оо денари.
За утврдување на реалната фактичка состојба, Државната комисија и во овој случај прибра дополнителни информации и документација. Прибраните информации и документација не ги разрешија некои од сомнежите и дилеми во Државната комисија поради што свика заеднички состанок со овластените ревизори од Државниот завод за ревизија кои работеле на изготвувањето на наведениот извештај. На состанокот заеднички беа детално разгледани сите точки и наводи од извештајот.
Комисијата потоа го утврди следното:
- при извршувањето на ревизијата, во вкупното работење на Агенцијата биле констатирани одредени прекршувања на законот кои што и ги внеле во извештајот но, не утврдиле дека при тоа се сторени некакви злоупотреби на функцијата и на средствата на буџетот на Агенцијата од страна на нејзиниот директор. Напротив, средствата биле користени максимално наменски, рационално и економично.
- пропустите и неутврдените правила на работа, вклучувајки го и делот на следењето на работата на промоторите, се резултат на системски слабости во државата, а особено со оглед на тоа дека станува збор за агенција која во 2008 година штотуку била формирана. Ваквото тврдење се поткрепува со фактот дека препораките што биле дадени во конечниот извештај веќе во целост се применети од страна на Агенцијата и утврдените слабости во работењето се надминати.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo