Соопштение |
![]() |
![]() |
17.06.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата на 18 јуни 2010 година (петок), во хотел „Арка” Скопје со почеток во 09.30 часот ќе ја одржи Третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
На Конференцијата ќе учествуваат претставници од законодавната и извршната власт, правосудството, локалната власт и претставници од медиумите и невладиниот сектор. Првиот дел од Конференцијата ќе биде посветен на остварувањето на Државната програма, со приказ на степенот на реализацијата на активностите од програмата, нереализираните активности и причините за нивна нереализација. На вториот дел од Конференцијата ќе се презентираат насоките и процесот за изготвување на новата Државна програма и акциониот план. |
Следно > |
---|