| Изјави за интереси |
|
|
|
Со измените и дополнувањата на Законот за спречување судир на интереси од септември 2009 година (Службен весник на РМ бр.114/2009), се воведе нова обврска за службените лица да пополнат и достават Изјава за интереси. Изјава за интереси во смисла на Законот за спречување судир на интереси е изјава на службеното лице која содржи податоци за неговите лични и приватни интереси во вршењето на неговите овластувања и должности. Тоа се податоци за личните ангажмани од секаков вид и обем на службеното лице како и ангажманите на неговите блиски лица. Ваквата изјава и служи на Државната комисија при постапувањето по предмети од областа на судир на интереси како алатка за брзо добивање на информации со што веќе значително се скратува времето на постапување од страна на Државната комисија по предметите од областа судир на интереси. Согласно законот, Државната комисија за спречување на корупцијата имаше обврска во рок од 3 месеци да ја пропише формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси, која обврска ние ја завршивме на седница одржана на 1 декември 2009 година, пред итекот на законски предвидениот рок од 3 месеци. Така, образецот на Изјавата за интереси влезе во сила по објавувањето во Службен весник на РМ бр.146 од 07.12.2009 година. Од тој датум, значи од 07.12.2009 година, всушност почна да тече рокот од 3 месеци на постојните службени лица кои веќе вршат службени овластувања и должности да пополнат и достават Изјава за интереси. Лицата кои допрва ќе стекнуваат својство на службено лице, рокот за пополнување и доставување на Изјавата за интереси им е 30 дена од стапувањето во функцијата, односно вработувањето. Инаку Законот за спречување судир на интереси разликува две, условно кажано, категории на службено лице во зависност од тоа каде ги доставуваат изјавите за интереси и тоа: Прва категорија: Втора категорија:
Со оглед на тоа дека веќе е истечен рокот за доставување на Изјавите за интереси а имајќи предвид дека станува збор за нова законска обврска, Државната комисија и покрај тоа, на неколку наврати, јавно ги повика сите службени лица кои не ја исполниле оваа законска обврска тоа да го сторат најитно зошто според законот Државната комисија ќе пристапи кон поднесување прекршочни пријави против сите што не ја испочитувале оваа законска обврска. Паралелно со тоа, Државната комисија пристапи кон создавање на неопходната база на податоци за тоа кои лица ја исполниле својата обврска за доставување Изјава за интереси а кои не, за да би можело против таквите да се покренат прекршочни постапки. Тука наидовме на тешкотии бидејќи ни требаше извесно време за да ги прибереме сите податоци кои согласно со закон се потребни за покренување прекршочна постапка.Тоа се лични податоци како матичен број, точна адреса на живеење и слично. Сеуште сме во фаза на прибирање на податоците за сите лица кои не доставиле Изјави за интереси. Засега сме ги прибрале потребните податоци, само за одредена категорија на функционери од законодавната, извршната, судкста и локалната власт. За лицата од овие власти кои не ја исполниле обврската за доставување на Изјави за интереси Државната комисија донесе заклучок против нив да покрене прекршочни пријави , сега се поднесени 40 прекршочни пријави и тоа: НЕПОДНЕСЕНИ ИЗЈАВИ ЗА ИНТЕРЕСИ 1. Ристо Стојанов Пратеник во Собранието на РМ 2. Вкупно 26 судии немаат подносено изјави и тоа: Управен суд на РМ, судија: Исамедин Лимани 3. Вкупно 13 градоначалници немаат поднесено изјави за интереси и тоа: Зоранчо Алексов (Општина Штип), Васил Богдански (Општина Карбинци), Јован Ѓоргиоски (Општина Сопиште), Веле Груевски (Општина Зелениково), Миодраг Јовановиќ (Општина Старо Нагоричане), Петре Латиновски (Општина Бутел), Исен Асани (Општина Теарце), Сади Беџети (Општина Тетово), Горан Малешевски (Општина Делчево), Горанчо Пановски (Општина Чашка),Мазлум Хасан (Општина Центар Жупа), Николче Чурлиновски (Општина Валандово) и Михаил Волкановски (Општина Ресен) Согласно член 31-а, став 3 од ЗССИ доколку лице постапи спротивно на обврската за пополнување и доставување на ваквата изјава за интереси сторува прекршок за што ДКСК пред надлежен суд покренува прекршочна постапка. Глобата која се изрекува за ваков прекршок е во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. Посебно загрижува големиот број од 569 на членовите на совет на оптините во Република Македонија кои досега не ја испочитувале обврската за доставување на Изјави за интереси. Вкупно се 15 совети на општини чии членови сите доставиле изјави за интереси, додека останатиот дел на совети или во целост не доставиле изјави за интереси (13 општини) или многу мал број на советници го сториле тоа (57 општини). Вкупно 15 општини од кои сите советници имаат поднесено изјави за интереси, и тоа: Лозово, Кичево, Богданци, Осломеј, Теарце, Гевгелија, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Петровец, Македонски Брод, Новаци, Маврово-Ростуше, Штип и Долнени. Вкупно 13 општини од кои сите советници немаат поднесено изјави за интереси, и тоа: Државната комисија потенцира дека со рокот за поднесување на изјавата за интереси не престанува оваа обврска за службените лица. Исто така Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека е во постапка за прибирање на личните податоци и за други избрани и именувани функционери за покренување на прекршочни постапки. Штом ги добиеме податоците, против нив веднаш ќе покренеме прекршочни. Станува збор за неколку јавни обвинители, неколку функционери од пониските ешалони на централната власт како државни секретари, директори на установи, фондови, агенции и јавни претпријатија, како и функционери на локално ниво како советници/членови на совет на општините и раководни лица на установи, претпријатија и други правни лица оснивани од страна на советите на општините. |
| < Претходно | Следно > |
|---|