Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Судир на интереси arrow Изјави за интереси
Изјави за интереси Испечати Е-пошта

dksk_logo24.06.2010 Согласно со членот 20-а од Законот за спречување судир на интереси службените лица кои вршат јавни функции и овалстувања, заклучно со 7 март 2010 година имаа обврска да пополната и до Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесат Изјава за интереси. За лицата кои не ја исполниле обврската за доставување на Изјави за интереси Државната комисија донесе заклучок против нив да покрене 40 прекршочни пријави, и тоа за: еден пратеник, 26 судии и 13 градоначалници.

Со измените и дополнувањата на Законот за спречување судир на интереси од септември 2009 година (Службен весник на РМ бр.114/2009), се воведе нова обврска за службените лица да пополнат и достават Изјава за интереси.

Изјава за интереси во смисла на Законот за спречување судир на интереси е изјава на службеното лице која содржи податоци за неговите лични и приватни интереси во вршењето на неговите овластувања и должности. Тоа се податоци за личните ангажмани од секаков вид и обем на службеното лице како и ангажманите на неговите блиски лица. Ваквата изјава и служи на Државната комисија при постапувањето по предмети од областа на судир на интереси како алатка за брзо добивање на информации со што веќе значително се скратува времето на постапување од страна на Државната комисија по предметите од областа судир на интереси. 

Согласно законот, Државната комисија за спречување на корупцијата имаше обврска во рок од 3 месеци да ја пропише формата и содржината на образецот на Изјавата за интереси, која обврска ние ја завршивме на седница одржана на 1 декември 2009 година, пред итекот на законски предвидениот рок од 3 месеци. Така, образецот на Изјавата за интереси влезе во сила по објавувањето во Службен весник на РМ бр.146  од 07.12.2009 година.  Од тој датум, значи од 07.12.2009 година, всушност почна да тече рокот од 3 месеци на постојните службени лица кои веќе вршат службени овластувања и должности да пополнат и достават Изјава за интереси.

Лицата кои допрва ќе стекнуваат својство на службено лице, рокот за пополнување и доставување на Изјавата за интереси им е 30 дена од стапувањето во функцијата, односно вработувањето.

Инаку Законот за спречување судир на интереси разликува две, условно кажано, категории на службено лице во зависност од тоа каде ги доставуваат изјавите за интереси и тоа:

Прва категорија:
 Претседателот на Република Македонија, пратениците, градоначалниците
 амбасадорите и други наименувани лица на Република Македонија во странство
 избраните и наименувани лица од и во Собранието и Владата на Република Македонија
 избраните и наименувани лица во:
 органите на државната управа и други државни органи
 органите на судската власт,
 јавните претпријатија, установи,
 правни лица на централна и локална власт
 советниците во советите на општините и на градот Скопје

Втора категорија:
 државните службеници и вработените во државната управа и органи, органите на судската власт, јавните претпријатија, установи, други  правни лица на централната и локалната власт
 лица вработени преку агенции за привремено вработување со овластување


Првата категорија на службени лица имаат обврска Изјавата за интереси да ја поднесат до Државната комисија за спречување на корупцијата додека втората категорија Изјавата ја поднесуваат до органот или институцијата во која се вработени.

Со оглед на тоа дека веќе е истечен рокот за доставување на Изјавите за интереси а имајќи предвид дека станува збор за нова законска обврска, Државната комисија и покрај тоа, на неколку наврати, јавно ги повика сите службени лица кои не ја исполниле оваа законска обврска тоа да го сторат најитно зошто според законот Државната комисија ќе пристапи кон поднесување  прекршочни пријави против сите што не ја испочитувале оваа законска обврска. Паралелно со тоа, Државната комисија пристапи кон создавање на неопходната база на податоци за тоа кои лица ја исполниле својата обврска за доставување  Изјава за интереси а кои не, за да би можело против таквите да се покренат прекршочни постапки. Тука наидовме на тешкотии бидејќи ни требаше извесно време за да ги прибереме сите податоци кои согласно со закон се потребни за покренување  прекршочна постапка.Тоа се лични податоци како  матичен број, точна адреса на живеење и слично. Сеуште сме во фаза на прибирање на податоците за сите лица кои не доставиле Изјави за интереси. Засега сме ги прибрале потребните податоци, само за одредена категорија на функционери од законодавната, извршната, судкста и локалната власт.

За лицата од овие власти кои не ја исполниле обврската за доставување на Изјави за интереси Државната комисија донесе заклучок против нив да покрене прекршочни пријави , сега се поднесени 40 прекршочни пријави и тоа:

НЕПОДНЕСЕНИ  ИЗЈАВИ ЗА ИНТЕРЕСИ

1. Ристо Стојанов Пратеник во Собранието на РМ

2. Вкупно 26 судии немаат подносено изјави и тоа:

Управен суд на РМ, судија: Исамедин Лимани
Апелационен суд Битола судија: Љубе Стојановски.
Апелационен суд Штип судија: Кирче Донев
Основен суд Скопје 1 Скопје судии: Вангелина Маркудова, Милан Доганџиски, Ивица Стефановски, Оља Ристова, Кадрие Селмани, Јетмире Ајдини
Основен суд Скопје 2 Скопје судии: Верица Црнцаревска, Мирјана Нонковска, Милка Панговска
Основен суд Тетово судии:Бетим Јахја , Драган Ѓеровски
Основен суд Прилеп судии: Жарко Велески, Зоран  Стеваноски, Никола Крстески
Основен суд Охрид судија: Иво Попоски
Основен суд Свети Николе судија: Валентина Буровска
Основен суд Кратово судии: Миле Стоименовски, Милчо Лазов, Ружица Здравковска, Николчо Симонов
Основен суд Гостивар судии: Нухи Јусуфи, Феми Арслани
Основен дуд Дебар судија: Мухамед Баланца

3. Вкупно 13 градоначалници немаат поднесено изјави за интереси и тоа:

Зоранчо Алексов  (Општина Штип), Васил Богдански (Општина Карбинци), Јован Ѓоргиоски (Општина Сопиште), Веле Груевски (Општина Зелениково), Миодраг Јовановиќ (Општина Старо Нагоричане), Петре Латиновски  (Општина Бутел), Исен Асани (Општина Теарце), Сади Беџети (Општина Тетово), Горан Малешевски (Општина Делчево), Горанчо Пановски (Општина Чашка),Мазлум Хасан (Општина Центар Жупа), Николче Чурлиновски (Општина Валандово) и Михаил Волкановски (Општина Ресен)

Согласно член 31-а, став 3 од ЗССИ доколку лице постапи спротивно на обврската за пополнување и доставување на ваквата изјава за интереси сторува прекршок за што ДКСК пред надлежен суд покренува прекршочна постапка. Глобата која се изрекува за ваков прекршок е во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност.

Посебно загрижува големиот број од 569 на членовите на совет на оптините  во Република Македонија кои досега не ја испочитувале обврската за доставување на Изјави за интереси. Вкупно се 15 совети на општини чии членови сите доставиле изјави за интереси, додека останатиот дел на совети или во целост не доставиле изјави за интереси (13 општини) или многу мал број на советници го сториле тоа (57 општини).

Вкупно 15 општини од кои сите советници имаат поднесено изјави за интереси, и тоа: Лозово, Кичево, Богданци, Осломеј, Теарце, Гевгелија, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Петровец, Македонски Брод, Новаци, Маврово-Ростуше, Штип и Долнени.

Вкупно 13 општини од кои сите советници немаат поднесено изјави за интереси, и тоа:
Градско, Ново Село, Демир Капија, Тетово, Охрид, Валандово, Зајас, Студеничани, Сопиште, Росоман, Струга, Зелениково, Арачиново.

Државната комисија потенцира дека со рокот за поднесување на изјавата за интереси не престанува оваа обврска за службените лица.

Исто така Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека е во постапка за прибирање на личните податоци и за други избрани и именувани функционери за покренување на прекршочни постапки. Штом ги добиеме податоците, против нив веднаш ќе покренеме прекршочни. Станува збор за неколку јавни обвинители, неколку функционери од пониските ешалони на централната власт како државни секретари, директори на установи, фондови, агенции и јавни претпријатија, како и функционери на локално ниво како советници/членови на совет на општините и раководни лица на установи, претпријатија и други правни лица оснивани од страна на советите на општините.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo