Констатирана состојба на судир на интереси |
|
|
09.07.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај членовите на Советот на општина Велес: Асен Прличков и Панче Иванов и кај членови на Советот на општина Гостивар: Тони Ефремоски и Илза Мислими.
Асен Прличков и Панче Иванов
Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Асен Прличков и Панче Иванов поради извршување на две функции истовремено. Наведените лица се членови на Советот на општина Велес и истовремено вршат функција директор и тоа: Асен Прличков на Општинското основно училиште “Васил Главинов” од Велес, а Панче Иванов на Општинското средно училиште “Јовче Тесличков” од Велес.
Од овие причини во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршуваат со што ќе ја отстранат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.
Асен Прличков и Панче Иванов не постапија по барањето на Државната комисија, по што, во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија донесе Одлука на овие лица да им изрече мерка Јавна опомена.
Согласно со член 23 став 4 од Законот за спречување на судир на интереси Асен Прличков и Панче Иванов се должни во наредниот период од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката со која им се изрекува мерката јавна опомена да превземат дејствија во насока на отстранување на состојбата на судир на интереси. Доколку тоа не го сторат Државната комисија за овие две лица до градоначалникот на општина Велес ќе покрене иницијатива за престанок на вршењето на јавните овластувања или должности .
Во смисла на член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси изречените мерки се објавуваат во средствата за јавно информирање.
Тони Ефремоски и Илза Мислими
За лицата Тони Ефремоски и Илза Мислими Државната комисија констатира дека се наоѓаат во состојба на судир на интереси поради истовремено извршување на функцијата членови на Советот на општина Гостивар и функцијата директор и тоа: Тони Ефремоски на Средното економско општинско училиште “Гостивар” од Гостивар, а Илза Мислими на Јавната установа за деца, Детска градинка “Детска радост” од Гостивар, што е спротивно на член 21 став 1 и 4 од Законот за спречување на корупцијата и на одредбите од Законот за спречување судир на интереси кои не дозволуваат кумулација на функции како појавен облик на судирот на интереси.
Од овие причини во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до лицата Тони Ефремоски и Илза Мислими со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањата доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршуваат со што ќе ја отстранат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.
Инаку, согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси во кои е регулирана постапката за утврдување судир на интереси лицето за кое Државната комисија констатира дека се наоѓа во состојба на судир на интереси е должно во наредниот период од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката со која му се изрекува мерката јавна опомена да превземе дејствија во насока на отстранување на состојбата на судир на интереси. Доколку тоа не го стори Државната комисија пред надлежниот орган ќе покрене иницијатива за престаноик на вршењето на јавните овластувања или должности.
|