Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Конференции arrow Трета годишна конференција
Трета годишна конференција Испечати Е-пошта
за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата
 
konferencijathumb Државната комисија за спречување на корупцијата на 18 јуни 2010 година ја одржа Третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата. На Конференцијата учествуваа претставници од институциите  вклучени во процесот на следење на реализацијата на активностите од Државната програма од законодавната и извршната власт, правосудството, локалната самоуправа, медиумите, невладиниот сектор, како и претставници на меѓународната заедница во Република Македонија.
На Конференцијата свое обраќање имаа Претседателот на Државната комисија  г-дин Иљми Селами, Потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-ѓа Светлана Јакимовска, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Васко Наумовски, Министерот за правда,  г-дин Михајло Маневски, Министерот за локална самоуправа, г-дин Муса Џафери,  претставникот на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г-дин Patrick Paquet и претставникот на УНДП  во Република Македонија, г-ѓа Михаела Стојковска.
Претседателот на Државната комисија  г-дин Иљми Селами, по отворањето на Конференцијата, во првиот дел презентираше општа слика на реализацијата на активностите од Државната програма и посочи дека од донесувањето на програмата, заклучно со април 2010 година, од предвидените 140 активности реализирани се 102 или 73%, од кои целосно реализирани се 75 или 54% и делумно реализирани се 27 или 19% од активностите. По презентација на реализацијата на активностите по столбови, при што посебен акцент беше ставен на нереализираните активности, учесниците имаа можност преку отворена дискусија да укажат на причините поради кои одредени активности не се реализирани или делумно се реализирани.       
Вториот дел од Конференцијата беше посветен на презентирање на насоките и процесот за изготвување на новата Државна програма и акциониот план, со излагање на г-дин Владимир Георгиев, Државен советник во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата.Од Третата годишна конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, со активно учество на присутните на  конференцијата, произлегоа следните заклучоци и препораки:
 
ЗАКЛУЧОЦИ 
  1. Од предвидените 140 активности од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, за периодот мај 2007–април 2010 година, реализирани се  102 или 73% од активностите, од кои целосно реализирани се 75 или 54% и делумно реализирани се 27 или 19%. Со оглед на тоа што до крајниот рок на реализација на Државната програма, се очекува целосна реализација на  делумно реализираните активности, може да се заклучи дека степенот на реализација на активностите е на задоволително ниво, како потврда на изразената институционална и политичка волја за спроведување на Државната програма.
  2. Не се реализирани 34 или 24% од предвидените активности, а 4 или 3% од активностите се вкрстени. Воочени се неколку проблеми како причина за нереализација на одредени активности: широк опфат на институции-носители на активност; непрецизно дефинирани активности и недоволна волја за реализација на одредени активности. 
  3. Најголемиот процент на реализирани активности е во областа што ги опфаќа органите за спроведување на законот/надзорни тела, каде од предвидените активности, 86% се реализирани. 
  4. Одделни активности од нормативен карактер во делот на политичкиот систем и правосудството, не се реализирани во утврдените насоки од Државната програма.
  5. Во областа на јавната администрација и локалната самоуправа, активностите од нормативен карактер што имаат влијание врз релизацијата на другите задачи се реализирани. Сепак одредени активности, како што се намалувањето на дискреционите права со преиспитување на сите релевантни закони и отстранувањето на преклопувањата на надлежности, не се реализирани.
  6. Во областа на економско-финансискиот систем и приватниот сектор, реализирани се активностите во насока на донесување на предвидените закони и законски измени кои имаат влијание за реализација на останатите активности.
  7. Направен е напредок во реализацијата на активностите во областа на  граѓанското општество, медиумите и синдикатите, особено по донесување на законската рамка која го регулира прашањето за основањето и статусот на здруженија и фондации. Сепак нема реализација на активностите во насока на законско регулирање на сопственоста на печатените медиуми, недозволената медиумска концентрација на моќ, во насока на воспоставување на етички кодекс за граѓанскиот сектор, како и во насока на воведување на правна заштита за новинарите кои работат на истражувачко новинарство.
  8. Соработката за реализација на Државната програма меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и институциите надлежни за спроведување на активностите од Државната програма, преку остварената комуникација и реализација на обврската за доставување на податоците, се потврдува како успешна.
  9. Државната комисија за спречување на корупцијата да пристапи кон изготвување на оперативен план со сите аспекти за донесување на нова Државна програма.
ПРЕПОРАКИ
  1. Во наредниот период институциите носители на активност со зголемен интензитет да пристапат кон реализација на активностите кои не се реализирани, особено ако се има предвид крајниот рок за реализација на Државната програма – мај 2011 година. 
  2. Да се анализираат активностите и индикаторите на активност кај кои се воочени проблеми за реализација и истите да се земат предвид при креирањето на новата Државна програма.
  3. Истовремено активностите кои се делумно реализирани да се остваруваат со предвидената динамика и согласно со утврдениот рок.
  4. Во подготовката на легислативата да се имаат предвид насоките од Државната програма и доследно да се остварува законската надлежност на Државната комисија да дава мислења за предлози на закони од значење за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
  5. Во наредниот период Државната комисија да ги зголеми напорите и да ги поттикне законодавната и извршната власт на поактивен однос за реализација на активностите, особено во областа на дискреционите овластувања и преклопувањето на надлежностите.
  6. Државната комисија да ги поттикне надлежните институции да пристапат кон целосна реализација на предвидените законски измени што се однесуваат на медиумите и граѓанскиот сектор, како и доследна примена на постоечките законски одредби што го регулираат ова прашање.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo