Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Спречување на корупцијата / Иницијативи arrow Градска Плажа на реката Вардар
Градска Плажа на реката Вардар Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5022.07.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствена иницијатива, постапуваше по предмет оформен во врска со наводите изнесени во медиумите во Република Македонија за злоупотреби во постапката по јавниот оглас за користење на урбана опрема на Градска-та Плажа на реката Вардар во Скопје, спроведена од страна на Град Скопје како договорен орган.
Откако, ги прибави потребните информации и документација од Градот Скопје и Централниот регистар на Република Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата ја утврди фактичката состојба во целината на случајот, и врз основа на одредбите од Законот за спречување на корупцијата, заклучи дека нема елементи за нејзино понатамошно постапување бидејки не се потврдуваат јавно изнесените наводи за евентуални злоупотреби во постапката по предметниот јавен оглас.

Во постапувањето по предметот Државната комисија за спречување на корупцијата ги ценеше сите факти и околности и ја утврди следната фактичка состојба врз кој се заснива погоренаведениот заклучок:

1. Во случајот не станува збор за тендерска постапка во смисла на вршење јавна набавка согласно Законот за јавни набавки туку за јавен оглас за користење на урбана опрема на “Градска Плажа” како дел од новиот проект на Град Скопје, со цел на граѓаните да им се даде можност за рекреација и да се обезбеди пријатно место за одмор и забава во центарот на градот.
2. Огласот бил објавен во два дневни весници (“Нова Македонија” и ”Коха”) со што, на сите заинтересирани субјекти им била дадена подеднаква можност да се пријават на истиот со претходно исполнување на предвидените услови и изготвена програма за организирање на забавниот и угостителскиот дел и пропратните активности на Градската плажа.
3. На огласот, од два субјекти кои подигнале документација само еден доставил пријава со пропратните документациони докази што говори за малата заинтересираност на фирмите/субјектите за користење на урбаната опрема “Градска плажа”, во времето кога бил објавен огласот.
4. Асоцијацијата на угостители ГРАДСКА ПЛАЖА 1 СИЗ Скопје била основана од страна на 4 здружени познати фирми од областа на угостителството: КАЛА КАФЕ доо, ТРЕНД ГРУП доо, МЕГАКОМ АКУСТИК дооел и ПРЕДУЗЕЌЕ дооел. Оваа Асоцијација била основана на 25 мај 2010 година, кога е одржано основачкото собрание и се донесени актите за основање (договор за основање стопанска интересна заедница, одлуки и изјави) и е именуван управителот на стопанската интересна заедница, 3 дена по објавување на огласот (21-22 мај). Формално, решението за упис во трговскиот регистар е донесено на 02 јуни, 3 дена после крајниот рок за поднесување понуди (28 мај). Овој момент/факт не претставува ограничување, односно неможност или битен елемент кој би требало да води кон појавување на сомнеж за евентуални злоупотреби бидејки согласно точката 3 од истиот, право на учество на огласот имале сите заинтересирани ВРШИТЕЛИ НА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ. Погоре наведените здружени фирми секако дека како такви можеле и самостојно да настапат и се пријават на јавниот оглас, но со оглед на тоа дека здружувањето претставувало предност предвидена во огласот, истите пристапиле кон здружување со цел заеднички настап.
5. На огласот немало пријавени други понудувачи кои евентуално би се нашле во нееднаква положба со тоа што е избрана понудата на оваа Асоцијација. Евентуалното учество на друг понудувач во огласот, битно ќе ја менуваше фактичката состојба.
6. Постапката, односно кореспонденцијата која траела неколку дена помеѓу новооснованата Асоцијација и Централниот регистар со цел да се надминат одредени безначајни технички детали во поднесената пријава и документација за упис во трговскиот регистар, а со оглед на тоа што огласот траел 7 дена (вклучувајки ги и оние неработните), очигледно довело до закаснување од 3 дена за да се достави таквиот доказ од страна на Асоцијацијата до Градот Скопје.

Поради сето изнесено, Државната комисија за спречување на корупцијата го донесе  заклучокот како погоре. 

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo