Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Протокол за соработка arrow Соработка со граѓански организации arrow Средба со претставници од невладиниот сектор
Средба со претставници од невладиниот сектор Испечати Е-пошта
dksk_logo22.09.2010 Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, со почеток во 13.00 часот, на покана на Државната комисија за спречување на корупцијата, се одржа средба со претставници од невладини организации заради утврдување  насоки за натамошна соработка за реализација на заеднички активности и проекти од областа на превенцијата на корупцијата и судирот на интереси.
Кога се зборува за превенцијата на корупцијата и судирот на интереси, неопходно е создавање на политичка култура и вредносен систем, во кој корупцијата ќе биде јасно идентификувана како општествено зло кое треба постојано да се превенира и санкционира. На ова поле покрај институциите надлежни за борбата против корупцијата и судирот на интереси,  посебно значајна улога има невладиниот сектор, кој со своите механизми на дејствување е  значаен субјект во борбата против овие општествени зла.
Оттаму, потребна е подготвеност за соработка и партнер¬ство меѓу невладиниот сектор и институциите во борбата против корупцијата, преку реализација на зеднички активности  и проекти.
Токму поради тоа, на 22.09.2010 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, со почеток во 13.00 часот, на покана на Државната комисија за спречување на корупцијата, се одржа средба со претставници од невладини организации заради утврдување  насоки за натамошна соработка за реализација на заеднички активности и проекти од областа на превенцијата на корупцијата и судирот на интереси.
На средбата присуствуваа: Сашо Клековски од Македонски центар за меѓународна соработка, Дамјан Здравев од Центар за развој на медиуми, Сашо Ордановски и Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија, Газменд Ајдини од Здржение на новинари на Македонија, Љупчо Деспотовски од ПСМ Фондација, Игор Тасевски од Центар за граѓанска иницијатива-Прилеп, Аница Томишиќ Стојковска од Коалиција-Сите за правично судење, Билјана Петковска од Македонски институт за медиуми и Данче Даниловска од Фондација Институт отворено општество Макдонија. 
Организацијата на оваа средба е мотивирана од се почестите обраќања на невладините  организации кои се занимаваат со овие прашања до Државната комисија, за соработка и учество во нивни проекти.  Важноста на оваа работна средба е утврдување насоки за натамошна соработка и идеа, ваквите средби да продолжат и понатаму во континуитет.
Врз основа на изнесените ставови на средбата беа предложени заклучоци, кои беа прифатени од останатите учесници.

Заклучоци
  1. Одржување континуитет на средбите меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата со невладиниот сектор, кои во иднина ќе бидат поинтензивни и ќе се реализираат на 3 месеци.
  2. Продлабочување на меѓусебната соработка,  со активно вклучување на невладините организации во активностите на Државната комисија за спречување на корупцијата во насока на превенција на корупцијата и судирот на интереси и обратно.
  3. Размена на информации и иницијативи кои се од заеднички интерес и нивно навремено меѓусебно пренесување.
  4. Останува потребата од интензивирање на соработката меѓу Владата на Република Македонија и невладините организации.

Заклучоците од средбата ќе бидат доставени до сите учесници на истата.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo