Секретаријат на ДКСК
Правилник за систематизација | Правилник за систематизација |
|
|
|
Врз основа на член 49 став 1 алинеа 14 од Законот за спречување на корупцијата (Службен весник на Република Македонија број 28/02, 46/04, 126/06 и 10/08), Државната комисија за спречување на корупцијата донесе :
П Р А В И Л Н И К
I.ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се уредува систематизацијата на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (во натамошниот текст Секретаријат) преку утврдување на називите и звањата, вкупниот број на работните места, опис на работите и задачите по работни места, условите потребни за вршење на работите, како и други прашања од надлежност на Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата. Член 2
Работните места се утврдуваат врз основа на видот, сродност и поврзаноста на работните должности и се групираат во организациони единици. Член 3 Организациони единици во Секретаријатот се сектори и одделенија во нивен состав, со соодветна структура од раководни, стручни и стручно-административни државни службеници. Член 4 Работните места утврдени со овој правилник се основа за вработување и за распоредување на државни службеници и на други работници во Секретаријатот. Член 5 Со Секретаријатот, како стручна служба на Државната комисија за спречување на корупцијата, раководи Генерален секретар, кој го именува и разрешува Државната комисија за спречување на корупција. Член 6
Табеларниот преглед на работните места е составен дел на овој правилник. II .РАБОТНИ МЕСТА И ЗВАЊА ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ Член 7 Распоредувањето на државните службеници во Секретаријатот се врши на следните работни места и звања:
II./1. ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР 1 II./3. СЕКТОР ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
1. Раководител на сектор 1 II/3/1. Одделение за спречување на корупцијата
1. Раководител на одделение 1 II/3/2. Одделение за евидентирање и следење на имотната состојба
1. Раководител на одделение 1 II/3/3. Одделение за спречување на судир на интереси
1. Раководител на одделение 1
II/4. СЕКТОР ЗА ПРОГРАМИ, АНАЛИТИКА, МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
1. Раководител на сектор 1 II/4/1. Одделение за национални и меѓународни програми и аналитика
1. Раководител на одделение 1 II/4/2. Одделение за односи со јавноста и седници
1. Раководител на одделение 1 II/4/3. Одделение за финансирање, општи и административни работи
1. Раководител на одделение 1 II/5 Одделение за управување со човечки ресурси
1. Раководител на одделение 1 II/6 Одделение за внатрешна ревизија
1. Раководител на одделение 1 III. РАСПОРЕД И ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА Член 8 Во овој Правилник се утврдени и опишани вкупно 41 работно место, распоредени по организациски единици согласно Правилникот за внатрешна организација на Секретаријатот број 12-326/1 од 10.03.2008 година.
Работни должности:
Посебни услови потребни за вршење на работата:
Вид на образование: Правен или Економски факултет, VII 1 Други квалификации:
2. Назив на работното место:Државен советник Работни должности:
Посебни услови потребни за вршење на работата: Вид на образование: Високо образование; Правен или Економски факултет, VII /1 Работно искуство во струката: 6 години Други квалификации:
Се дополнува.... |