Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Јавни дебати arrow Јавна дебата на тема
Јавна дебата на тема Испечати Е-пошта
“Корупцијата во постапувањето на државните органи и ЕЛС во областа на урбанизмот/ градежништвото”

javna_debata_108.10.2010 Во Скопје - Клуб на пратениците со почеток во 10 часот во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржа јавна дебата на тема “Корупцијата во постапувањето на државните органи и ЕЛС во областа на урбанизмот/ градежништвото”.
Воочен е широк простор за злоупотреби и корупција во урбанизмот и градежништвото. Како ризични области се јавуваат: носењето на генералните и деталните урбанистички планови, измената на урбанистичките планови заради легализација на бесправните градби наместо планирање на просторот, големиот број на бесправни градби, издавањето на дозволи за градење и располагање со земјиште кои се во постапка на денационализација, селективниот однос на општините и органите при уривањето на бесправните објекти и при санкционирање на прекршителите на законот, високиот процент нереализирани решенија за уривање на бесправно изградени објекти, големиот број на станбени и деловни згради меѓу дивоградбите итн.

Токму поради наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата ја организираше јавната дебата на оваа тема на која  учествуваа претставници од централната и локалната власт, невладиниот и приватниот сектор и медиумите.
Од дискусијата на јавната дебата на тема “Корупцијата во постапувањето на државните органи и ЕЛС во областа на урбанизмот/градежништвото” ќе бидат извлечени заклучни согледувања, кои понатаму ќе послужат како материјал односно основа за наредната Државна програма за превенција и репресија на корупцијата.
 
Присутни учесници на јавната дебата

  • г-дин Сашо Дукоски, Државен инспекторат за урбанизам и Градежништво
  • г-дин Горан Петров, Општина Велес
  • г-дин Стевче Јакимовски, Општина Карпош
  • г-ѓа Маја Лазаревска, Општина Карпош
  • г-дин Натмир Неџипи, Општина Струга
  • г-дин Зоран Гулицоски, Општина Струга
  • г-дин Скендер Палоши, Општина Тетово
  • г-ѓа Лидија Башеска, Општина Кисела Вода
  • г-ѓа Невенка К. Милинковиќ, Општина Кисела Вода
  • г-дин Аљоша Беговски, Општина Кисела Вода
  • г-ѓа Силвана Николова, Општина Штип
  • г-дин Тихомир Дурнев, Општина Охрид
  • г-ѓа Мариетта Котеска, Општина Центар
  • г-ѓа Светлана Мариновиќ, Општина Центар
  • г-дин Омерфејзи Билали, Општина Чаир
  • г-ѓа Наташа Вртеска, Заедница на единиците на локалната самоуправа
  • г-ѓа Маја Стојчевска, Агенција за катастар на недвижности
  • г-дин Суад Мисини, Истражувачки центар за граѓанско опшество 
  • г-дин Герман Филков, Центар за граѓански комуникации
  • г-ѓа Жаклина Ангеловска, Комора на овластени архитекти и инженери на Македонија
  • г-ѓа Марија Петроска, Стопанска комора на Македонија

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo