Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_50 27.10.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата на 27.10.2010 изнесе податоци за своето тековно работење и поднесени иницијативи.

I. ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ
   

Државната комисија за спречување на корупцијата по информациите објавени во електронските медиуми за нерегуларности и незаконитости при тендерската постапка и изведувањето на градежни работи во општина Шуто Оризари, по сопствена иницијатива отвори предмет, ја прибра потребната документација и информации за нејзино постапување. По разгледување и нивно детално проучување, донесе ЗАКЛУЧОК

Се покренува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам и на други службени лица одговорни за спроведување на постапка за јавни набавки,  бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување„ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што градоначалникот  ја искористил службената положба и овластување на начин што овозможил изведување на градежни работи во центарот на општина Шуто Оризари пред да заврши постапката за јавна набавка за избор на економски оператор/фирма за изведување на градежни работи, а пак службените лица одговорни за спроведување на постапка за јавни набавки и градоначалникот на општината спровеле постапка за избор на економски оператор за извршување на градежни работи спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки овозможувајќи прибавување  корист на избраниот економски оператор и нанесување штета на јавните средства.

ПРИЧИНИ:

Од добиените информации, како и од доставената документација од страна на градоначалникот на општина Шуто Оризари, произлегува дека постојат повеќе неправилности и незаконитости во постапката за избор на економски оператор/фирма за изведба на градежни работи за потребите на општина Шуто Оризари по пат на постапка за прибирање на понуди со објавување на оглас.


Од документацијата со која располага Државната комисија произлегува дека:
   

  • Општина Шуто Оризари нема изготвено План за јавни набавки во кој би била предвидена и оваа набавка
  • Доставените понуди предмет на евалуација, ставени во корелација со Огласот за доделување на договор за јавна набавка, не се комплетни, односно понудувачите не доставиле релеватни податоци за евалуација на понудите и тоа за:
  • рок на изведување на работите (искажан во денови  сметано од денот на доставувањето на барањето за изведување на работите)
  • рок на плаќање ( искажан во денови сметано од денот на доставување на фактурата за извршената работа)
  • Список на главни изведени работи во претходната година, заверен и потпишан од одговорното лице
  • Потврда издадена од набавувач за кого е извршена претходната работа од ист вид во последните три години за соодветноста, навременоста, и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот.
-Одлуката за отпочнување на постапката за избор на економски оператор и Огласот за доделување на договор за јавна набавка, од една страна и Огласот за барање за прибирање понуди, објавен на веб страницата на Бирото за јавни набавки, од друга страна не кореспондираат во делот на критериумите за доделување на договор за јавна набавка.

- Комисијата за јавни набавки формирана со решение на градоначалникот на општината, во конкретниот случај постапувала во некомплетен состав и тоа само со двајца членови кои од една страна ја подготвувале тендерската документација, а потоа, во својство на членови на Комисијата за јавни набавки ги евалуирале понудите и предлагале избор кој бил прифатен од страна на градоначалникот.


- Сите понуди на економските оператори кои биле предмет на евалуација (оценување) не ги содржеле сите барани податоци, односно податоци релеватни за оценување на понудите, така што наместо истите да се сметаат за некомплетни и да бидат исклучени од понатамошна постапка, истите биле евалуирани (оценувани), а потоа од трите понудувачи еден бил избран за најповолен понудувач.

- Голем дел од постапувањето во конкретната јавна набавка  (доставување –прием, отворањето на понудите, Извештајот на комисијата за јавни набавки, Одлуката за избор на најповолен понудувач, Известувањето на другите учесници во постапктата) се во еден ист ден - 18.08.2010 година.
    Имајќи го предвид овој факт заедно со фактите кои посочуваат на незаконитости во текот на постапката за јавна набавка, како и околностите изнесени во јавноста дека се изведуваат градежни работи, во кои се опфатени и оние работи кои се предмет на сеуште незавршена постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач, дава основа за сомнеж за тенденциозност на постапката заради остварување корист на субјекти инволвирани во случајот, како и што побргу правно покривање на градежните работи кои веќе се изведуваат на терен со соодветна спроведена постапка за јавна набавка.

II. ТЕНДЕРСКИ ПОСТАПКИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ОПШТИНА СОПИШТЕ

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со информациите објавени во електронските медиуми за тендерските постапки за изведување на градежни работи во Општина Сопиште. При тоа Државната комисија особено внимание посвети на јавно објавените наводи за нерегуларности и незаконитости при:

- изградбата, уредувањето и опремувањето на детските игралишта во Општина Сопиште без постапка за јавна набавка, односно пред да бидат спроведени постапките. Воедно, јавно објавените наводи се однесуваа и на тоа дека како изведувач на работи била ангажирана фирмата на сопругата на градоначалникот; и
- изградбата на проектот Регионален водовод Патишка Река, односно градежните работи кои за оваа намена се вршат во с. Патишка река.

За проверување на овие наводи Државната комисија прибра документи и информации, како и увид во документацијата на лице место во просториите на Општина Сопиште.

По проучување на истите, Државната комисија донесе ЗАКЛУЧОК:

За покренување на иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сопиште, Јован Ѓорѓијоски и на други службени лица одговорни за спроведување на постапките за јавни набавки во општината,  бидејќи постои основа за сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување„ од член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија.


ПРИЧИНИ:

     1. Спроведена јавна набавка надвор од пропишаната процедура во Законот за јавни набавки

Во овој сличај, наместо спроведување на постапка која се предвидува со Законот за јавни набавки, градоначалникот формирал т.н. стручен колегиум од 5 лица од редот на општинската администрација. Овие лица потоа одржале колегиум на кој се расправало за намерата за отпочнување со изградба на спортско рекреативен центар. На колегиумот се предлагало да бидат повикани понудувачи заради усен разговор за понуди за изградба и доколку истите достават понуди, присутните на колегиумот да ги разгледаат. Ваквиот предлог бил прифатен од колегиумот и од градоначалникот.


По две недели бил одржан и втор колегиум на кој понуди доставиле три правни лица. Колегиумот констатирал дека од нив најниски цени понудил понудувачот ,,Техно павер,, - Скопје и истиот го избрале по што склучиле Договор за набавка на транспорт и поставување на бехатон плочки , бетонски рабници и готов бетон.  Ваквиот начин на водење на постапка претставува класичен школски пример како не треба да се води една постапка за јавни набавки и е сосема надвор од одредбите на Законот за јавни набавки.
Од расположивата документација, Државната комисија констатира дека не се потврдуваат наводите за директно ангажирање на фирмата на сопругата на градоначалникот на Општина Сопиште во изведување на работи за потребите на оваа општина.

     2. Проект на Општината Сопиште за изградба на Регионалниот водовод Патишка Река

Не навлегувајки во оценувањето на постапките за јавни набавки за проектот за изградба на Регионалниот водовод Патишка Река, Државната комисија констатира дека со избраната фирмата “Конти Хидропласт“ ДООЕЛ од Гевгелија, биле склучени 3 договори и тоа:

ДОГОВОРИ
ИЗНОС/денари
Реализирано
За која намена
Цесија за плаќање
Со кого
Што е набавено
Бр.03-788/2
од 31.08.2005
(03-4294/
30.08.2005
 2.000.000,00  2.000.000,00  производство и испорака на полиетиленски  водоводни цевки  2.000.000,00 Министерство за транспорт и врски
 цевки
бр. 03-1508/3 од 26.08.2006

( 03-4062/
21.08.2006
 
 60.911.057,40  2.300.000,00 изведување на припремни, земјено-бетонски и монтажни работи на објектот  2.300.000,00  Биро за разво  цевки
 03-2041/1 од 20.06.2008

(03-4556/
21.06.2008
 81.932.778,00  7.153.093,00 изведба на систем на водоводот по приложена предмер – пресметка( по ставки) во врска со книга 4.1 од основниот проект: геодетски, земјени, монтерски, градежни и непредвидени и дополнителни работи
 7.000.000,00  МТВрски и Општина  Цевки и геодетски работи, земјени работи, монтерски работи, градежни работи и дополнителни
работи
 Вкупно:  144.843.835,40  11.453.093,00    11.300.000,00    

     
Сегашниот градоначалник знаел дека

  • неговиот претходник ги склучувал овие договори без реално покритие, односно без обезбедување на потребните финансиски средства
  •  и покрај тоа што се склучени, договорите се сеуште нереализирани а уште помалку платени во износот предвиден во договорите


И покрај тоа, сегашниот градоначалник, наместо да го ревидира целиот проект и да ги констатира состојбите, тој упорно инсистира да се реализира проектот, па дури и со создавање на немир и непријатни сцени за жителите на с. Патишка Река.
Се поставува прашањето зашто сето ова се прави ако се знае дека парите во висина околу 2.3 милиони евра сеуште целосно не се обезбедени. Зашто се крева толкава прашина на терен ако по се изгледа дека проектот за водоводот сепак нема да биде довршен. 

III. НЕЗАКОНИТИ ЈАВНИ НАБАВКИ И ВРАБОТУВАЊА ВО ЈП “ЧИСТОТА И ЗЕЛЕНИЛО”, КУМАНОВО

    Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет оформен во врска со Конечниот ревизироски извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи за 2007 година на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово, донесе ЗАКЛУЧОК до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот в.д. директор на ЈП „ Чистота и зеленило “ Куманово, Ерол Бектеши, бидејќи постои основа за сомневање дека сторил кривично дело „ Злоупотреба на службената положба и овластување “ од член 353 став 5 од Кривичниот законик затоа што искористувајќи ја службената положба и овластување овозможил незаконско и ненаменско користење на средствата во текот на 2007 година и нанесување штета на средствата на јавното претпријатие на начин што овозможил да бидат извршени набавки на производи спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, да бидат вработувани лица спротивно на одредбите од Законот за работни односи, да се користат специјалните и лесните возила на јавното претпријатие без соодветен налог за користење.
 
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo