Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Активности arrow Јавни дебати arrow ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ОД ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА:
ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА ОД ЈАВНА ДЕБАТА НА ТЕМА: Испечати Е-пошта

Корупцијата во постапувањето на државните органи и ЕЛС во областа на урбанизмот/градежништвото

dksk_logo 05.11.2010 Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на изнесените ставови од страна на учесниците на јавната дебата „Корупцијата во постапувањето на државните органи и ЕЛС во областа на урбанизмот/градежништвото” одржана на 08.10.2010 година, ги донесе следните заклучни согледувања:
  1. Со својот активен однос учесниците на оваа јавна дебата дадоа придонес за  реално согледување на причините, проблемите и предизвиците што се јавуваат во областа на урбанизмот и градежништвото и едновремено дадоа предлози за  начинот на надминување на проблемот со корупцијата во оваа област. 
  2. Неопходна е потребата од континуирано следење на состојбите во оваа област и постојана борба со злоупотребите и незаконитото постапување преку ефикасен систем на контрола и надзор во почитувањето на законските прописи од сите надлежни органи, како од локалната самоуправа така и од државната власт.
  3. ДКСК посебно укажува дека помеѓу Државениот инспекторат за урбанизам и градежништво и локалната инспекција во општините со префрлањето на надлежностите кон локалната самоуправа е оставен празен простор за манипулација и корупција и префрлање на одговорноста од едната на другата страна со што најчесто е неможно да се санкционираат и спречат случаи на беззаконие, злоупотреби и користољубие. Ова жариште треба да се елиминира и тоа да се побара од надлежни органи.
  4. Честите измени на законските прописи и урбанистичките планови, како и најавата за промена на истите остава простор и можност за појава на корупција.
  5. Со цел намалување на распространетоста на корупцијата во оваа област, потребно е да се лоцира и бара лична одговорност на сите чинители во  целиот процес односно од идеја до изградба на објектите.
  6. Постапувањето на градежната инспекција да биде уште од самото започнување на градењето без претходно обезбедена комплетна документација, со што ќе се превенира бесправното градење, кое во подоцнежните фази ги мултиплицира проблемите во санирање на состојбите.

 

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo