Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Почетна arrow Соопштенија arrow ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ Испечати Е-пошта

I. Наименувањата во управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Во врска со наводите објавени во медиумите за евентуален судир на интереси на скоро наименуваните лица од страна на Собранието на Република Македонија во составот на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државната комисија за спречување на корупцијата, ги прибра информациите и документацијата кои и се потребни за нејзино произнесување.

По нивно разгледување и детално проучување и по утврдување на фактичката состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе 
ЗАКЛУЧОК
1. Кај лицата Драги Стојаноски – претседател, Драган Китановски и Фахрудин Хамиди – членови на управниот одбор на Агенцијата, кои се наименувани од страна на Собранието на Република Македонија, постои состојба на судир на интереси, поради што, во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси, се повикуваат во рок од 15 дена по приемот на нашето известување, да излезат од таквата состојба и да го отстранат судирот на интереси во кој се наоѓаат.

 

2. Разгледувајќи ја позитивната законска регулатива која се однесува на оваа материја, Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека при изборот на составот на управниот одбор на Агенцијата, по се изгледа дека за Собранието на Република Македонија одлучувачки бил моментот што во материјалниот Закон за цивилно воздухопловство нема формално-правни пречки за изборот на наведените лица во Управниот одбор на Агенцијата, со што е сторен превид бидејќи не е земена предвид одредбата од член 18 став 1 од Законот за спречување судир на интереси каде децидно е утврдено дека:

“Службено лице не може да биде член на управен одбор или надзорен орган во трговско друштво, јавните претпријатија, агенции, фондови и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, освен каде што е утврдено со закон.” 

3. Државната комисија за спречување на корупцијата, при нејзиното работење и одлучување не ги зема предвид тврдењата искажани во и надвор од Собранието на Република Македонија, дека во земјата нема многу експерти од областа на воздухопловството и дека доколку наведените лица не бидат наименувани би била можна дисторзија на воздухопловниот систем. Со оглед на специфичноста и суптилноста на материјата, Државната комисија не е во можност да ги оцени таквите тврдења, но доколку истите се точни, а со цел да се избегне таквата можна состојба, препорачува надлежните да ја разгледаат можноста за изменување и дополнување на Законот за цивилно воздухопловство во смисла на професионализација на статусот на претседателот и членовите на управниот одбор на Агенцијата. Таквото решение од една страна би овозможило наименување на потребните квалитетни кадри во управниот одбор на Агенцијата, а од друга страна би се избегнала можноста од појава на судир на интереси.

 

II. ПР стратегии на поранешниот претседател на РМ, Бранко Црвенковски

Во врска со наводите објавени во медиумите за скапо платена стратегија за односи со јавноста на поранешниот претседател на Република Македонија, Г-дин Бранко Црвенковски и за евентуална злоупотреба на државни пари за потребите за кампања за негов втор претседателски мандат, Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во чии рамки, од кабинетите на актуелниот претседател на Република Македонија, Г-дин Ѓорге Иванов и на поранешниот претседател, Г-дин Бранко Црвенковски, ги побара и навремено ги доби информациите и документацијата кои и се потребни за нејзино произнесување.

По нивно разгледување и детално проучување и по утврдување на фактичката состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе
ЗАКЛУЧОК
 
До Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски и одговорни лица во неговиот кабинет затоа што:
 
 - Во текот на 9 месеци од 2007 година, целата 2008 година и 4 месеци од 2009 година, без спроведување на постапка за јавна набавка, од неговиот кабинет биле ангажирани три консултанти од Република Словенија за што редовно се обезбедени и им се исплатени средствата предвидени во договорите за соработка склучени помеѓу кабинетот на претседателот и тројцата консултанти. Тврдењата дека за набавка на услуги од ваков тип не се применува Законот за јавни набавки не држат бидејќи законските  решенија кои предвидуваат исклучоци во примената на Законот за јавни набавки важат само за случаи кога таквата услуга, во земјата или странство, може само еден субјект/давател на услугата да ја пружи. Во состојба кога во земјата или странство има доволно консултантски куќи кои пружат ваков вид на услуги, кабинетот на претседателот бил обврзан да распише редовна законска постапка за јавна набавка.
   
 - Ангажирањето на тројцата консултанти се вршело без утврдени критериуми кои евентуално би требало да бидат исполнети за ангажманот на тројцата странски консултанти. Не може да се констатира зошто за цело време  токму овие тројца консултанти биле ангажирани, кој ги препорачал на кабинетот, која била врската за да се дојде до нив, од каде информацијата на кабинетот дека токму тие можат да работат за нивните потреби.
 
 - Критериуми не биле утврдени ниту за висината на средствата кои биле потребни за исплата на ангажираните консултанти. Останува отворено прашањето кој, како и врз основа на што утврдил колку вреди трудот и колку за сработеното ќе им се исплати на консултантите.
 
 - Од расположливата документација се констатира дека не постои некаков евалуационен документ со кој би се докажала оправданоста на исплатените средства за сработеното. Не може да се утврди дали и колку кабинетот бил задоволен од работата и сработеното од страна на консултантите.    
 
Со оглед на изнесеното, Државната комисија за спречување на корупцијата не се убеди во законското и оправдано трошење на средствата и има доволно основи за сомневање дека исплатените средства во овој случај се незаконски и ненаменски потрошени, поради што се одлучи да се покрене иницијативата. 
 
 
 
 
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo