|
Врз основа на член 48 став 1
алинеја 14 од Законот за спречување на корупцијата (“Сл. Весник на РМ” бр. 28/2002,
46/2004, 126/2006), Државната комисија за спречување на корупцијата донесе
П
Р А В И Л Н И К
за внатрешна
организација на Секретаријатот
на Државната
комисија за спречување на корупцијата
I.
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Правилник се утврдува
внатрешната организација на Секретаријатот на Државната комисија за спречување
на корупцијата (во натамошниот текст: Секретаријат), видовите на организационите
облици и нивната надлежност, раководењето со организационите облици и други
услови потребни за утврдување на внатрешната организација.
Член 2
Со внатрешната организација
утврдена со овој Правилник се обезбедува особено: законито, стручно, ефикасно,
одговорно и економично вршење на работите и задачите, приспособеност кон
надлежностите и едноставност во хиерархиската поставеност на организационите
облици.
Член 3
Внатрешната организација на Секретаријатот се утврдува во
зависност од надлежноста на Државната комисија за спречување на корупцијата
утврдена со закон и други прописи донесени врз основа на закон, групирање на
работите и задачите според видот, обемот, сложеноста и нивната меѓусебна
сродност и поврзаност.
II. ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 4
Со Секретаријатот раководи
генерален секретар.
Работите
и задачите во Секретаријатот се вршат во рамките на основните организациони
облици.
Како
организациони облици се утврдуваат:
1.
Сектор за спречување на корупција и судир на интереси
2.
Сектор за програми, финансирање и административни работи.
Член 5
Во секторите се образуваат
одделенија, како организациони облици.
Член 6
Во Секторот за спречување на
корупција и судир на интереси се образуваат:
-
Одделение за спречување на корупцијата;
-
Одделение за евидентирање и следење на имотната состојба;
-
Одделение за спречување на судир на интереси.
Член 7
Во Секторот за програми,
финасирање и административни работи се образуваат:
-
Одделение за национални и меѓународни програми и аналитика;
-
Одделение за односи со јавноста и седници;
-
Одделение за финансирање, човечки ресурси и административни работи;
III. ДЕЛОКРУГ НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ОБЛИЦИ
III/1. СЕКТОР ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Член 8
Во
Секторот за спречување на корупција и судир на интереси се вршат работи од
делокругот на надлежноста на Државната комисија за спречување на корупцијата
што се однесуваат на спречување на корупцијата во политиката, во вршењето на
јавните овластувања, корупцијата во вршењето на работите од јавен интерес, корупцијата
во економскиот и финансискиот систем, евидентирањето и следењето на имотната
состојба на избраните и именувани лица, спречување на судирот на интереси.
Работите
од делокругот на Секторот се извршуваат преку:
-
Одделение за спречување на корупцијата;
-
Оделение за евидентирање и следење на имотната состојба;
-
Одделение за спречување на судир на интереси.
Во одделението за спречување на корупцијата се вршат работите на:
-
испитување и подготвување за постапување по претставките на граѓаните
и правните лица доставени до Државната
комисија;
-
подготвување предлози за покренување на иницијативи за поведување постапка
пред надлежните органи за разрешување, сменување, казнено гонење или примена на
други мерки на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни
лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен
капитал;
-
подготвување предлози за поведување на прекршочни постапки согласно Законот
за спречување на корупцијата;
-
подготвување предлози за покренување на иницијативи пред надлежните органи
за контрола на материјално-финасиското работење на политичките партии,
синдикатот и здруженијата на граѓани;
-
следење на известувањата за користење на странска помош;
-
изготвување акти по заклучоци кои се донесени на седниците во врска со
надлежностите на одделението;
-
остварување на соработка и координација со други државни органи во спречувањето на
корупцијата;
-
учество во активностите за изготвување и следење на имплементацијата на
Државната програма за превенција и репресија на корупцијата;
-
подготвување на мислења за предлози на закони од значење за спречување на
корупцијата;
-
подготвување на мислења за меѓународни конвенции и други документи од
областа на спречување на корупцијата;
-
подготвување извештаи, анализи, информации и други материјали во врска со
надлежностите на одделението;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
реализација на други активности од својот делокруг.
Во оделението за евидентирање и следење на имотната состојба се вршат
работите на:
-
вршење на работите во врска со евидентирањето и следењето на имотната
состојба, промените на имотната состојба и дополнителните профитни и други
активности на избраните и именувани функционери, службени и одговорни лица;
-
подготвување и создавање база на податоци за следење на имотната состојба и
промените на имотната состојба на избраните и именувани функционери, службени и
одговорни лица;
-
вршење на работи во врска со спроведување на постапка за испитување на
имотната состојба согласно Законот за спречување на корупцијата
-
изготвување акти по заклучоци кои се донесени на седниците во врска со
надлежностите на одделението;
-
подготвување извештаи, анализи, информации и други материјали во врска со
надлежностите на одделението;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
остварување на соработка и координација со други надлежни државни органи за мрежно поврзување
на базите на податоци во делот на имотната состојба;
-
реализација на други активности од својот делокруг.
Во одделението за спречување на судир на интереси се вршат работите на:
-
следење и разгледување на случаи на судир на општиот и личниот интерес,
определени со закон;
-
вршење на работи во врска со спроведување на постапка за утврдување на
постоење на случаи на судир на интереси согласно Законот;
-
изготвување акти по заклучоци кои се донесени на седниците во врска со
надлежностите на одделението;
-
подготвување извештаи, анализи, информации и други материјали во врска со
надлежностите на одделението;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
учество во активностите за изготвување и следење на имплементацијата на
Државната програма за спречување на судирот на интереси;
-
подготвување на мислења за предлози на закони од значење за спречување на
судирот на интереси;
-
подготвување на мислења за меѓународни конвенции и други документи од
областа на спречување на судирот на интереси;
-
остварување на соработка и координација со други државни органи во спречувањето на судирот на
интереси;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
реализација на други активности од својот делокруг.
III/2. СЕКТОР ЗА
ПРОГРАМИ, ФИНАНСИРАЊЕ И АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ
Член 9
Во
Секторот за програми, финансирање и административни работи се вршат работи од
делокругот на Државната комисија за спречување на корупцијата што се однесуваат
на домашната и меѓународната соработка и проектите, анализи, финансиското
работење и подготовка и следење на буџетот на Државната комисија, односи со
јавноста, човечки ресурси, спроведување на активности за едукација и
административни работи.
Работите
од делокругот на Секторот се вршат преку:
-
Одделение за национални и меѓународни програми и аналитика;
-
Одделение за односи со јавноста и седници;
-
Одделение за финансирање, човечки ресурси и административни работи;
Во одделението за национални и меѓународни програми и аналитика се вршат
работите на:
-
координација на работите и активностите и учество во изготвувањето и
следењето на имплементацијата на Државната програма за превенција и репресија
на корупцијата и Државната програма за спречување на судир на интереси;
-
остварување на соработка и координација на активностите со други државни
органи во спречувањето на корупцијата;
-
активности за реализација на меѓународната соработката со соодветните тела
за спречување на корупција на други држави;
-
активности за реализација на соработката со Советот на Европа, Европската Комисија,
УНДП, УСАИД, Иницијативата за спречување на корупцијата на Пактот за
стабилност, ГРЕКО, ОБСЕ и други меѓународни институции и организации;
-
активности за реализација на програми и проекти за спречување на
корупцијата поддржани од национални и меѓународни субјекти;
-
активности за реализација на истражувања за нивото на корупција и кампањи
за јакнење на јавната свест;
-
подготвување на мислења за меѓународни конвенции и други документи од
областа на спречувањето на корупцијата и судирот на интереси;
-
организирање на национални и меѓународни средби, конференции, семинари и
работилници;
-
подготвување извештаи, анализи, информации и други материјали во врска со
надлежностите на одделението;
-
следење и обработка на податоци и изготвување на збирни извештаи и анализи
за потребите на Државната комисија;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
Во одделението за односи со јавноста и седници се вршат работите на:
-
вршење работи во врска со планирање и подготвување на седниците на
Државната комисија;
-
изготвување записници и акти по заклучоци кои се донесени на седниците,
средување и чување на документацијата од седниците;
-
остварување на контакти со средстватата за јавно информирање, организирање
на средби со преставници на медиумите и изготвување на соопштенија;
-
следење и документирање на информации од печатените и електронски медиуми;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
Во одделението за финансирање, човечки ресурси и административни работи се
вршат работите на:
-
подготвување, анализа и следење на буџетот на Државната комисија;
-
реализирање на постапка за јавни набавки за потребите на Државната Комисија;
-
подготвување и следење на годишната програма за работа на Државната
комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
подготвување на годишниот извештај за работата и преземените мерки и
активности на Државната комисија во врска со надлежностите на одделението;
-
примена на законите и подзаконските акти во врска со остварувањето на
правата, обврските и одговорностите на државните службеници вработени во
Секретаријатот;
-
подготвување на актите за внатрешна организација и систематизација на
Секретаријатот;
-
спроведување на постапката за вработување на државни службеници;
-
востановување на информатички бази на податоци и по потреба мрежно
поврзување со други надлежни тела и институции;
-
инсталирање, одржување и развој на информатичкиот систем и ЊЕБ страната на
Државната комисија;
-
прием, заведување и експедиција на пошта, ракување со печат и штембил,
разведување и архиврање на завршени предмети;
-
прием и упатување на странки, ракување со телефонска централа; подготовка
на белешки, покани и др;
-
реализација на други активности од својот делокруг
IV. РАКОВОДЕЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ
ОБЛИЦИ
Член 10
Со Секторот за спречување на корупцијата и
Секторот за програми, финасирање и административни работи, раководат
раководители на сектори.
Во
случај на отсуство на раководител на сектор, со секторот раководи помошник
раководител на сектор.
Со
одделение раководи раководител на одделение, а во негово отсуство, советникот
што тој ќе го определи.
V. НАЧИН НА РАБОТА
Член 11
Работите
и задачите во Секретаријатот се планираат и организираат заради ефикасно и
ажурно остварување на надлежностите на Државната комисија за спречување на
корупцијата .
Член 12
Државните
службеници се должни работите и задачите да ги извршуваат совесно, стручно, непристрасно, ефикасно,
уредно и навремено во согласност со Уставот на Република Македонија, законите и
другите прописи и акти и во границите на добрите налози и упатства за работа,
да пројавуваат потребна иницијатива во работата и своите стручни мислења и
предлози да ги засноваат врз основа на научни и стручни сознанија, како и врз
сопствените согледувања.
Член 13
Раководните
државни службеници го следат остварувањето на работите и задачите во
организациониот облик со редовен увид во квалитетот и обемот на извршените работи и задачи во
определениот рок, за секој државен службеник.
Член 14
Државните
службеници можат да даваат податоци, мислења и известувања од надлежност на
Државната комисија, само по претходна согласност на претседателот на
Комисијата, односно генералниот секретар или од раководниот државен службеник
што ќе биде определен.
Раководните
државни службеници и државните службеници во организационите облици остваруваат
меѓусебна соработка во вршењето на
работите и задачите од својот делокруг.
Видот и
степенот на соработката се утврдува во зависност од природата и карактерот на
одделни работи и задачи за чие вршење постои потреба за соработка.
Член 15
Работите
и задачите што бараат посебно проучување или посебна стручна обработка што не
може да се обезбеди во рамките на организационите облици, односно за чие вршење
е потребна заедничка работа на државните службеници, можат да се вршат преку
посебно образувани групи.
VI. РАБОТНИ СОСТАНОЦИ
Член 16
Системските
и други посложен и значајни прашања се разгледуваат на Колегиум кој го
сочинуваат, генералниот секретар, државниот советник, раководителите на
секторите, помошник раководителите на секторот и раководителите на
одделенијата.
На
седниците на колегиумот можат да се повикуваат и други државни службеници кои
учествувале во обработката на определено прашање.
Член 17
Во
рамките на организационите облици, раководните работници можат да одржуваат
работни средби со државните службеници заради поефикасно координирање на
работите и воедначување на ставовите и стручните мислења по одделни прашања што
произлегуваат од работњето.
VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 18
Овој
правилник влегува во сила со денот на објавувањето на огласна табла на
Државната комисија за спречување на корупцијата, а ќе се објави по добивањето
на мислењето од Агенцијата за државни службеници.
Со
влегување во сила на овој правилник престанува да важи правилникот број 12-881/1
од 31. 08. 2004 година и правилникот за измена број 12-975/1 од 01. 11. 2005
година.
|
Бр. 12
од _________2007 год.
С к о п ј е
|
ДРЖАВНА КОМИСИЈА
ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Генерален секретар
Софка Пејовска Дојчиновска
|
|