Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
18.01.2011 Државната комисија за спречување на корупцијата на прес конференција одржана на 18 јануари 2011 ги изнесе податоци за своето тековно работење и поднесени иницијативи, и тоа:

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Државната комисија за спречување на корупцијата, работејќи по предмети од областа на корупцијата, во изминатиов период покрена вкупно 4 иницијативи за поведување постапка за кривично гонење. Иницијативите се покренати против следните лица:
I.    проф.д-р ВЕСНА МИКАРОВСКА, Декан на Техничкиот факултет во Битола;II.    БОШКО НЕЛКОСКИ, поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилностIII.    БРАТИСЛАВ МИТИЌ, МАРЈАН КРСТЕВСКИ И ИДРИЗ ЦЕКА, сите поранешни директори на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта МАКЕДОНИЈА ПАТ, СкопјеIV.    ХАСИП ЈУСУФИ, поранешен Директор на ЈП за комунални дејности КОМУНАЛЕЦ, ГостиварI. По разгледување на документацијата со која располага, вклучувајќи го и Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиските извештаи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола-Технички факултет Битола-сметка за приходи од самофинансирачки активности на РМ за 2007, Државната комисија заклучи дека во случајот  проф.д-р на Весна Микаровска постои основа за сомневање дека сторила кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување„ затоа што ја искористила службената положба и овластување на начин што:
  •     овозможила, спротивно на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, приходите остварени од давање под закуп на објекти што се во државна сопственост, да не се уплаќаат во Буџетот на Република Македонија;
  •     овозможила, наплата на надоместоци за образовни и административни услуги спротивно на усогласениот Ценовник, донесен од страна на Советот за развој и финансирање на високото образование;
  •     овозможила наплата на надоместоци од студентите и нивно неуплаќање на сметката на Универзитетот согласно со Конкурсот за запишување на студенти во прва година;
  •    одобрила печатење на индекси, студентски легитимации, пријави за испит, обрасци и сл. и нивна продажба спротивно на Одлуката на Универзитетот;
  •     исплатила средства за зголемен обем на работа во наставната, научно-истражувачката и применувачката дејност, редовност, ангажираност околу уписите на студентите, иако за истите основи веќе еднаш биле исплатени средства; како и
  •     овозможила приходите од последипломските студии да се распределуваат исклучиво за хонорари на наставничкиот кадар без да биде задржан дел од средствата а при тоа трошоците за организирање на истите паѓаат на товар на факултетот. Со тоа, проф.д-р Весна Микаровска незаконски и ненаменски ги користела средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2007 година, нанесувајќи штета на јавните средства и прибавувајки противправна корист.


II. Во случајот со Бошко Нелкоски, поранешен директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Државната комисија заклучи дека постои основано сомневање дека во периодот  2008 – 2009 година, сторил кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата затоа што:•    при раководењето со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; при располагањето со средствата на агенцијата; при спроведувањето на постапките за јавни набавки; и при  изборот на крајни корисници на програмите кои ги остварува Националната агенција, постапувал спротивно на своите службени овластувања бидејки не обезбедил правилно и законито користење на средствата на Националната агенција.Тоа е сторено со непочитување на Законот за јавни набавки при спроведување на јавните набавки со буџетските средства на Агенцијата и набавките финансирани од средствата на Европската Комисија.
•    Воедно, при  изборот на крајни корисници на програмите кои ги остварува НАЕПМ, Државната комисија утврди непочитување на Законот за спречување судир на интереси бидејки во овие постапки,  финансирани од Европската комисија и врз основа на договори за кофинансирање, дискреционо избирал нему блиски правни и физички лица, и блиски лица на претседателот и членовите на управниот одбор на НАЕПМ да бидат корисници на средствата од програмите.
Се работи за здруженија во кои претходно или истовремено членувале или биле овластени лица на правните лица - директорот, претседателот или членови на управниот одбор и раководни лица од НАЕПМ.
Ова, особено се однесува на правните лица :
- Младински форум ОКО од Струга
- Здружение на граѓани Младински креативен центар од Велес и
- Центар за рурален развој од Струга
на кои им биле одобрувани грантови во висина помеѓу 5.000 до 8.500 евра од кои им биле исплатувани по 80% од одобрените грантови, без притоа да има документ за причините за намалување на одобрените износи.

III. Во случајот со БРАТИСЛАВ МИТИЌ, МАРЈАН КРСТЕВСКИ И ИДРИЗ ЦЕКА, сите поранешни директори на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ, Скопје, Државната комисија заклучи дека постои основано сомневање дека во периодот 2002 – 2009 година сториле кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување со тоа што:

  •     при раководењето и управувањето со  јавното претпријатие;
  •    при располагањето со средствата на претпријатието; и
  •     при спроведувањето на постапките за јавни набавки и со незаконитото располагање на средствата на претпријатието;
ја злоупотребиле својата службена положба и овластувањата, не обезбедиле правилно и законито користење на средствата на истото, со што, за себе или за друг, прибавиле значителна имотна корист, а на претпријатието му нанеле значителна штета.

IV. Во случајот со Хасип Јусуфи, поранешен Директор на ЈП за комунални дејности „КОМУНАЛЕЦ“, Гостивар, Државната комисија заклучи дека постои основа за сомневање за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување„ затоа што:
  •     Во текот на 2007 година, со пречекорување на границите на своето службено овластување, извршил бришење-сторнирање од евиденцијата на побарувања спрема правни и физички лица по разни основи (месечни сметки за вода и смет, надомест за приклучок за вода и канализација и сл.), како и доделил попусти од 10%, 20%, 25% или 30% и плаќање на намалениот износ на 2, 6 и на 12 рати;
  •    Со искористување на службената положба и овластување овозможил спротивно на одредбите од Законот за јавните набавки, без спроведување постапка за јавна набавка, да бидат извршени набавки на стоки и услуги во вкупна вредност од 14.486.000,оо денари, како и овозможил исплата и противправно прибавување финансиска корист во висина од 250.000,оо денари, со што нанел штета на средствата на јавното претпријатие и овозможил прибавување противправна финансиска корист.
I.1 Инаку, поради тежината на незаконското и нерегуларно работење на проф. д-р Весна Микаровска, Декан на техничкиот факултет во Битола, Државната комисија покрена и еден друг вид на иницијатива која што гласи: Иницијатива за поведување постапка за разрешување и истата ја достави на надлежно постапување до Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Државната комисија е во исчекување на повратен одговор.

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ

I. Во однос на спроведувањето на Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија информира дека по спроведена постапка, на вкупно 3 лица им изрекува законска мерка ЈАВНА ОПОМЕНА и тоа:
1.    ГОРАН СТОЈКОВИЌ,
2.    ЖАКЛИНА МАЏОВСКА И
3.    АДЕМ КАРАГА

На наведените лица им се изрекува мерката ЈАВНА ОПОМЕНА бидејки и покрај тоа што претходно е констатирано и им е побарано од страна на Државната комисија согласно закон да излезат од состојба на судир на интереси, тие не го сторија тоа, односно не се откажаа од истовременото вршење на две функци.
Имено станува збор за тоа дека:
1.    Горан Стојковиќ не се откажува од истовремено вршење на  функциите - директор на ЈП„Македонија пат“ Скопје, и член на совет на општина Куманово
2.    Жаклина Маџовска – не се откажува од истовремено вршење на  функциите член на Советот на општина Крива Паланка и директор на Општинска јавна установа Детска градинка „Детелинка“ од Крива Паланка
3.    Адем Карага – не се откажува од истовремено вршење на функциите член на совет на општина Кичево и директор на Национална установа  „Албански театар“ Скопје.
Доколку наведените лица во законскиот рок од 15 дена не преземат дејствија за отстранување на констатираниот судир на интереси и за тоа не ја известат Државната комисија, тогаш до органот кој ги именувал истите, ќе покренеме иницијатива за престанок на вршењето на јавните овластувања или должности.


II. Државната комисија известува и за позитивни примери во спроведување на Законот за спречување судир на интереси.
Имено, во овој период станува збор за девет случаи на откажување од извршување на две и повеќе функции:
1.    Даринка Мицевска
- задржана функција - директор на  Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронично болни „Отешево“
- откажана функција- член на Совет на општина Ресен
2.    Вилма  Јованова
- задржана функција - член на Совет на општина Штип
- откажана функција- директор на  Национална установа Библиотека „Гоце Делчев“ Штип
3.    Петар Кангов
- задржана функција - директор на  ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци“-Гевгелија
- откажана функција- член на Совет на општина Гевгелија
4.    Тодор Витларов
- задржана функција - член на Совет на Јавни обвинители на РМ
- откажана функција- професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип
5.    Мартин Павлов
- задржана функција - директор на  ЈЗУ „Здравствен дом Виница“ - Виница
- откажана функција- член на Совет на општина Виница
6.    Зеко Абази
- задржана функција – директор на Општинско основно училиште „Дитура“ Сарај
- откажана функција- член на УО на Јавна установа „Универзална сала“ Скопје
7.    Добре Иванов
- задржана функција - член на Совет на општина Кратово
- откажана функција- претседател и член на УО на јавно претпријатие „Кратово“ – Кратово
8.    Стојан Миланов
- задржана функција - директор на  Јавно претпријатие –Хидросистем „Злетовица“ - Пробиштип
- откажана функција- член на Совет на општина Кратово
9.    Митко Шатев
- задржана функција - директор на  Регионална дирекција на УЈП во Штип
- откажана функција- член на Совет на општина Кратово

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Скопје, 18.01.2011 година

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo