Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Испечати Е-пошта
dksk_logo15.02.2011 Во врска со јавно изнесените наводи за членувањето и работата во стручни комисии на министерството за култура со паричен надоместок, на тогашниот државен секретар и актуелен министер за култура Елизабета Канческа – Милевска, Државната комисија оформи предмет по сопствена иницијатива за кој прибра документација и информации за утврдување на фактичката состојба.

Врз основа на расположивата документација Државната комисија констатира дека:

- По изборот на Елизабета Канческа Милевска за министер за култура, од нејзина страна била донесена одлука, мотивирана од лични причини и до Министерството за култура доставила писмена изјава  во која наведува дека ќе ги врати сите парични средства земени по основ на членување во комисии на Министерството за култура, во кои била  именувана како стручно лице, од тогашниoт министeр за култура Арификмет Џемаили.
   
- Приложената ИЗЈАВА од министерката е дадена на ден 13.01.2009 година, во која изјавува дека одлучила да ги врати паричните средства во вкупен износ од  300.000,00 денари, земени како паричен надомест за нејзиниот ангажман како стручно лице и истите ќе ги врати во благајната на Министерството за култура во неколку наврати по поднесувањето на Изјавата, со обврска Секторот за финансии по враќањето на сиот износ средствата да ги уплати во Буџетот на РМ.
       
- Елизабета Канческа - Милевска со решенија на министрите за култура  Илиријан Беќири и Арификмет Џемаили била именувана  како стручно лице да членува и работи вкупно во 9 комисии, од кои во 7 комисии е работено со надоместок, а во 2 без надоместок. Овие комисии биле составени од 9 до 21 лице меѓу кои и Елизабета Канческа – Милевска. Државната комисија утврди дека во случалот е постапено  врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа и член 11 став 5 од Законот за култура.
   
- Член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, гласи: “Министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.”

- Член 11  став 4 од Законот за култура, гласи: “ Министерот за култура може да основа и други стручни и советодавни тела, како и да именува надворешни соработници како и одговорни лица за реализација на одделни проекти во областа на културата.”, додека ставот 5 гласи: “На членовите на телата и на соработниците од ставовите 1 и 4 на овој член, за работата им следува соодветен надомест, што го определува министерот за култура.”

- По дадената изјава за враќање на средствата, истите, на неколку наврати биле вратени по пат на каса прими со датуми од 2009 година. Со тоа е извршена личната определба на Елизабета Канческа - Милевска  да ги врати средствата од добиениот надоместок во касата на Министерството за култура.

Државната комисија исто така констатира дека :
 
- Решенијата за формирање на стручните тела се донесени во согласност со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за култура  и Законот за  јавните набавки.

-  Решенијата се донесени од министрите за култура како одговорно лице на ресорно надлежниот орган во рамките на неговите законски овластувања како во поглед на формирањето на стручните тела така и во поглед на правото на надоместок.

- Како израз на лична определба е пристапено кон враќање на средствата добиени на законска основа и  тоа е сторено на начин, со документ Каса прими, што не е спорно од законски аспект.

-  Со оглед на тоа што изјавата е самоволно превземена обврска, со враќањето на средствата во касата на Министерството за култура истата е исполнета. 

-   Враќањето на  овие средства значи приход на Буџетот на РМ.

Со оглед на изнесеното Државната комисија заклучи дека нема елементи за надлежно постапување на ДКСК и истиот да се затвори и архивира.


 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo