Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5015.02.2011 По јавно изнесените наводи во медиумите дека заменикот министер за култура, Д.Н. ја користи својата положба за вршење влијание на нему блиско здружение на граѓани да и бидат одделени средства од неговото министерство, Државната комисија го констатира следното:
Со Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата во 2011 година, од Буџетот на Република Македонија се распоредени средства за вкупно три проекти на Здружението на српската заедница во Република Македонија – Српски културен центар – Скопје.

Претседател на ова здружение е лицето Василка Китановиќ, а седиштето на истото е на ул. „27 март “ бр.11 Скопје, каде е и седиштето на Демократската партија на србите во Македонија.

Претседателот на здружението В.К. истовремено е член на Главниот одбор на Демократската партија на србите во Македонија.
Заменикот на министерот за култура Д.Н. доаѓа од редовите на Демократската партија на србите во Македонија каде е заменик на претседателот на партијата.

Ваквата тесна партиска врска на наведените лица ставена во корелација со текот на парите претставуваат основа за сомневање за можно влијание при распоредувањето на средства обезбедени во Буџетот на Република Македонија за остварување на националниот интерес во културата за 2011 година.

Со оглед на наведеното, а во функција на спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, а имајќи ги предвид одредбите од Етичкиот кодекс на членовите на Владата на Република Македонија и носителите на јавните функции именувани од Владата на Република Македонија, Државната комисија заклучи од министерот за култура да побара преиспитување на работењето на заменикот на министерот за култура Д.Н. од аспект на можното негово влијание за доделување средства на здружението „Српски културен центар“ – Скопје.


УКАЖУВАЊЕ:

Инаку, тргнувајки од искуствата стекнати од досегашната регионална и меѓународна соработка, Државната комисија укажува дека црпењето средства од буџетската каса по пат на здруженија на граѓани на блиски на одредени функционери или политички моќници, во некои земји веќе претставува воспоставена  практика.

Со цел да се пресретнат таквите состојби и да се спречи воспоставувањето на таквата практика, потребно е надлежните органи да преземат конкретни мерки и активности, секој од аспект на своите надлежности.

 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo