Skip to content

Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција Државна Комисија за Спречување на Корупција

Соопштение Испечати Е-пошта
logo-kontakt_5023.02.2011 Постапувајки по предмет оформен врз основа на пријава за незаконитости во работењето на правното лице Работнички Универзитет Кочо Рацин - Скопје,  Државната комисија за спречување на корупцијата донесе заклучок до Јавниот обвинител на Република Македонија да достави  Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на одговорните лица на Работничкиот Универзитет  Кочо Рацин - Скопје
  1. Ј.А. - директор и
  2. М.С.  - секретар

и тоа :

  • првонаведениот, затоа што при вршењето на својата службена должност и злоупотребувајки ја истата не го регулирал престанокот на својот работен однос поради возраст – наполнети 64 години возраст и над 15 години пензиски стаж, откако наполнил 64 години возраст. При тоа, именуваниот  кој со функцијата ВД Директор се стекнал во 2004 година  на истата останал по повеќекратно надминување на законскиот рок, дотолку повеќе по извршениот инспекциски надзор во 2009 година свесно го игнорирал  Решението на Државниот  инспекторат за труд со кое на правното лице со кое тој раководел му било наредено да го регулира престанокот на работниот однос на директорот. Со цел да го задржи таквиот статус ВД директорот Јордан Ангеловски се запишал во Централниот регистар на Република Македонија како директор на Работничкиот Универзитет, со неограничени овластувања и при тоа во сите години располагал со средствата на Универзитетот и со имот сопственост на Република Македонија, а за себе остварува противправна имотна корист ,
  • второнаведениот М.С. како секретар на Работничкиот Универзитет , затоа што при вршење на својата должност не ги превземал потребните мерки за законито работење и постапување на Работничкиот Универзитет вклучително и за регулирање на работниот статус на првонаведениот со што му овозможил прибавување на имотна корист
поради што постои основано сомневање дека сториле кривични дела  Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 и став 5 и Несовесно  работење во службата од член 353-в од Кривичниот Законик на Република Македонија.
 
< Претходно   Следно >

Образец Анкетен Лист

Анкетен Лист

Образец за пријавување на промени на имотната состојба

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Образец Изјава за интереси

Податоци за имотна состојба на функционерите

untitled-2

ИПА 2010 - Твининг Проект

poster

Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Апликација - Државна Програнма 2011-2015

Влез во Апликација

Промовирање на транспаретноста и отченоста во јавните институции

sl_kniga

Водич за управување со судир на интереси

  Водич за управување со судир на интереси (481 KB)
 

Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave

  Udhëzues për menaxhimin e konfliktit të interesave (480 KB)
 

Апликација - Регистар на избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

Податоци за избрани и именувани лица

Регистар на избрани и именувани лица

ДКСК

ИСО 9001:2008

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 

Обратете се до Комисијата

Обратете се до комисијата
Advertisement

Прирачник за Интегритет и Судир на интереси

  Прирачник за Интегритет и Судир на интереси
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
undp_logo